Работилници за работничките права
Организацијата на жените на Општина Свети Николе како
партнер Организација на Институтот за Демократија ,,Социетас Цивилис“
кој е носител на проектот “Образование за
работничките права во Источна Македонија”,
во текот на месец Март и Април 2008 година реализираше едукативни
работилници за правата од работен однос во средниот училиштен
центар ,,Кочо Рацин“ во
Свети Николе, текстилното средно училиште во Штип
и средното училиште во Виница.
Целите на овој проект се:
-зголемување на свесноста и информираност на потенцијалната работна сила
во Источна Македонија;
-за можностите, предизвиците, предностите и недостатоците на влегувањето
во текстилниот сегмент на пазарот на труд;
-повеќе внимание на младата женска популација во источна и југоисточна
Македонија за обемот и состојба на легислативата пред влегувањето во
оваа гранка на пазарот на труд во Македонија;
-укажување на можноста за кршење и злоупотреба на човековите права ;
Проектот е финансиски подржан од Европска
Иницијатива за Демократија. Работилниците беа одржани во 8 класа од
завршните IV години во средниот училиштен
центар ,,Кочо Рацин“ во Свети Николе, текстилното училиште во Штип
и средното училиште во Виница. На овие серија
обуки учествуваа околу 150 ученици матуранти.
Едукатори на работилниците беа Вера Златева и
Даниела Панева , преставнички од Организацијата на жените на
Општина Свети Николе На овие работилници матурантите беа поконкретно
информирани за реализаторите на оваа активност , за целите и потребите
од одржување на вакви обуки , за историјата за работничките права и
правата на работниците од Законот за Работен Однос .
Во текот на работилниците матурантите беа информирани
за целите и потребите од одржување на вакви обуки како и за почетоците и
првите залагања за почитување на работничките права почнувајки од 19 век
па до денес, толкувајки одредени Законски одредби од ЗРО на РМ.
За потребите на проектот беше дистрибуирана брошура
под наслов Водич за средношколци за семинар од работничките права.
Даниела Панева
Организација на жените на Општина Свети Николе