ТРЕНИНГ за пишување на предлог
проекти
На 9 и 10 Февруари 2008
година во просториите на Организација на жените на Општина Свети Николе
се одржа дводневен тренинг за пишување на предлог проекти.
На обуката
присуствуваа 25 млади луѓе , волонтери во Организација на жените на
Општина Свети Николе. Одговорен тренер им беше Златко Талевски од
Младински Културен Центар од Битола и член на мрежата на тренери на
SEEYN. Тој им овозможи на учесниците на тренингот да се стекнат со
основните познавања како да можат да ја реализираат нивната идеја во
конкретен предлог проект.
Учесниците беа презадоволни од стекнатите знаења и
изразија голема благодарност до тренерот Златко Талевски и до спонзорите
на оваа обука.
Обуката беше овозможена од Мрежата на Младински
организации на Југоисточна Европа (SEEYN) како дел он нивната
најнова модул тренинг програма .
Александар Богатинов
Организација на жените на Општина Свети Николе