Само здрави граѓани градат здраво
општество
Проектните активности од проектот “Само здрави
граѓани градат здраво општество” чиј носител е НВО - ЕХО од
Штип продолжи и во тековната 2008 година Целта на проектот е да
се изработи регионална стратегија за превентивна здравствена заштита
за брегалничко струмичкиот регион , а
воедно да се зајакнат капацитетите на невладините организации од овој
регион .
Активно учество во креирање на јавните политики во
областа на здравствената заштита земаат преставници од НВО-секторот,
преставници од Локалните власти и здравствени работници од општините:
Свети Николе, Кочани, Струмица, Виница, Штип, Пробиштип, Берово,
Пехчево, Делчево и Радовиш.
Како континуитет на предходните обуки од 01-03
Февруари 2008 г. во Виница, хотел Слив се одржа тродневен
семинар на тема ”Подготовка на локални акциони планови за
промоција на здравје и превентивна здравствена заштита”,на
кој се поставија контури на неколку Акциони планови од преставниците на
сите општини.
Како идна активност, секоја група си презема за
обврска да изработи локални акциони планови , според предходно утврдени
приоритети од анализата на изработените анкетни прашалници , а чија
бројка се прецизираше во однос на бројот на жители во самата општина.
Крајна цел е изработка на регионална стратегија за превентивна
здравствена заштита но поради проширување на групата , со влегување на
НВО-Инфоцентарот од Скопје постои можност оваа активност да се прошири и
во западниот дел на Македонија т.е. да се одредат приоритетите во
општините од Западна Македонија и да се изработи и прифати како една
национална стратегија за превентивна здравствена заштита.
Даниела Панева
Организација на Жените на Општина Свети Николе