За подобро здравје на жените
Организацијата на
жените на општина Свети Николе во рамките на проектот Подобрување на
положбата на жените финансисран од Шведската фондација Квинна
тилл Квинна во текот на месец Октомври се вклучи во меѓународната
кампања за борба против ракот на дојката . По повод на месецот за
борба против ракот на дојката членките на групата на жени заболени од
малигни заболувања изработија розови машнички и истите беа поделени на
жените во општината. Заедно со машничките на жените им беа дистрибиурани
и брошурите за борба против ракот кај жените.
|
|
|
По повод на 20 Октомври меѓународниот ден за борба
против остеопорозата организацијата на жените на 27 Октомври
организира трибина под наслов Остеопорозата кај жените.
Презентерка на трибината беше д-р Снежана Марковиќ Темелковска -
Претседателка на Македонското здружение за остетопороза. На трибината
присуствуваа околу 60 жени и истите се запознаа со опасностоте кои ги
наси ова заболување , начинот за рано дијагностицирање и превенција и
начините за лекување. Покрај предавањето за 42 жени беше организиран
медицински преглед за дијагностицирање на остеопороза.
31.10.2007
Радмила Сандева
Организација на жените на Општина Свети Николе