Усвоена
локална стратегија за млади на
општина Свети Николе
Организацијата
на жените на општина Свети Николе во периодот Септември 2007 -
Јануари 2008 година го реализираше проектот “Изработка
на локална стратегија за млади на општина Свети Николе” кој
финансиски беше подржан од Министерство за финансии на Република
Македонија .
Општа цел на проектот беше подобрување на положбата
на младите и нивно активно вклучување во општествените текови на
живеење. Ова ќе овозможи активно вклучување на младите во
решавање на одредени актуелни младински проблеми. Со тоа младите ќе
можат да се вклучат во креирањето на активни младински политики кои ќе
овозможат подобрување на општата положба на младиот човек во
општеството.
Директно во проектните активности беа вклучени 20
млади на возраст од 15 -30 години и тоа од:
-
Младинскиот
центар во Организацијата на жените на Општина Свети Николе,
-
Младинци од
руралните средини од општината (Горобинци, Ерџелија, Мустафино,
Амзабегово, Црнилиште и Пеширово).
-
Извиднички
одред “Гоце Делчев”
-
Еколошко
друство “Изгрев”
-
ученици од
СОУ “Кочо Рацин”
Свети Николе
-
претставник
од Локалната самоуправа
-
15
советници и градоначалникот на Општина Свети Николе
Реализацијата на проектот се одвиваше во три дела:
I - Промоција на
Националната стратегија на млади
На 31.10.2007 се одржа трибина со цел промоција на
Националната младинска стратегија на која присуствуваа 73 учесници.
Трибината беше организирана во соработка со Агенцијата за млади и спорт
на РМ и коалицијата СЕГА. На трибината беа промовирани основните цели и
активности кои треба да се превземат за подобрување на положбата на
младите во општеството.Трибината беше медиумски покриена од локалните:
ТВСвет и радио Свети Николе.
II - Зајакнување на капацитетите на младите
За зајакнување на капацитетите на 20 младински лидери
на 15.10.2007 се одржа еднодневен семинар на тема Младински Лидери
на кои младите добија нови сознанија за лидерствот и за потребата од
тимска работа и заедничко донесување на одлуки.
Во периодот од октомври 2007 до јануари 2008
се одржаа 6 работилницисо теми за:
Ненасилно разрешување на конфликти,
Демократија и човекови права, Лобирање и застапување, Младите и
политиката, Евроинтеграции, Болести на зависност. На овие
работилници младите ги проширија своите знаења од нови области.
III - Изработка на Локална младинска
стратегија на Општина Свети Николе
Заради запознавање со начинот за изработка на
младинската стратегија, на 14.10.2007 година се одржа еднодневен семинар
под наслов „Обука за изработка на локална младинска стратегија”,
23 млади се запознаа со процесот на изработка на стратегијата.Тука
беше започнато и креирањето на анкетниот прашалник со цел испитување на
потребите и проблемите на младите на локално ниво. Обуката ја
реализираше младинскиот работник Александар Богатинов. Работните групи
составени од млади од 16.10 до 22.10.2007 го изготвија анкетниот
прашалник составен од 51 прашање. По изготвување на анкетниот прашалник
во период од 23.10 до 01.11.2007 беше спроведена анкета на 500 млади на
возраст од 15-30 години во општина Свети Николе. По направената анализа
на податоците од анкетата и врз основа на Националната стратегија за
млади на Република Македонија се изработи Локалната стратегија за
млади на Општина Св.Николе.
Нацрт верзијата на стратегијата беше дадена на јавна
расправа на 18.12.2007 година со цел презнетирање на истата и
добивање на сугестии и забелешки од страна на присутните. На јавната
расправа која учествуваа Градоначалникот на општина Свети Николе г-дин
Слободан Даневски, Советниците од Советот на општината, Директорот на
средношколскиот центар “Кочо Рацин”,
претставници од културните институции во општината, здраството и
невладиниот сектор. По јавната расправа се направија корекциите врз
основа на зебелешките добиени од расправата. Стратегијата беше
поднесена до Советот на Општина Свети Николе на 24.12.2007 година и беше
усвоена од страна на советниците на 28.12.2007 година.
|
|
|
Во Јануари 2008 година групата од млади лидери
заедно со претставници од Организација на жени на Општина Свети Николе
се состанаа со Градоначалникот на општина Свети Николе г-дин Слободан
Даневски и претставникот надлежен за образование од Локалната самоуправа
на Општината г-ѓа Благица Ласовска. На состанокот се разговараше за
наредните чекори околу имлементацијата на локалната стратегија за млади
во општината.
Во текот на јануари локалната стратегија беше
отпечатена и дистрибуирана до сите класни раководители на
средношколскиот училишен центар “Кочо Рацин” со цел истата да се
промовира на класните часови на учениците.
Локалната стратегија за млади може да ја најдете на
следниов линк :
Локална
стратегија за млади на Општина Свети Николе
(114 KB)