македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Усвоена програма за редовни гинеколошки прегледи

Напорите кои ги направи Организацијата на жени на Општина Свети Николе резултираа со усвојување на Програмата за Рано откривање и спречување на болести на репродуктивните органи кај жените во Република Македонија за 2005 година од страна Владата наРМ.
Цел на оваа програма е намалување на инциденцата на болести и смртноста од рак на грлото на матката и спроведување на ПАП тестови со цел навремено откривање на предканцерозни состојби и превземење на мерки за навремено лекување. Според програмата ќе се спроведуваат бесплатни гинеколошки прегледи и ПАП тест . Жените треба еднаш во текот на годината да се јават кај своите матични гинеколози и да извршат гинеколошки преглед и да направат ПАП тест. За 2005 година се обезбедени финансиски средства во износ од 8.500.000 МКД наменети за скрининг на 20% од вкупната женска популација на возраст од 19-65 години или за околу 128.000 жени. Републичкиот завод за здравствена заштита ќе подготви и пропаганден материјал за промоција на активностите од програмата.
Организацијата на жени во последните години работи на подобрување на женското здравје. Во текот на 2003 година Организацијата на жени на Општина Свети Николе заедно со 16 женски НВО-и од Македонија и тоа: ОЖ Пробиштип, ОЖ Крива Паланка, ОЖ Македонска Каменица, ОЖ Кочани , ОЖ Штип, Искра -Битола, ОЖ Гевгелија, ОЖ Струмица, ОЖ Кумановка, НОРМА-Ф Скопје, Женски центар - Дебар, АНТИКО -Гостивар, Нов живот Штип, Китка-Прилеп, ОЖ Радовиш, АУРЕОЛА-Струга покренаа иницијатива за потребата од воведување на редовни гинеколошки прегледи за жените со цел навремено откривање на малигни заболува на репродуктивните органи. Во текот на Октомври - Ноември 2003 година се спроведе и медиумската кампања Не вртето го погледот со цел подигање на свеста кај жените за потребата од редовни гинеколошки прегледи, но и за мобилизирање на институциите и пошироката јавност за подобрување на здравствената заштита кај жените и воведување на редовни гинеколшки прегледи. Нашата иницијатива се конкретизираше во Предлог Амандман за воведување на редовни гинеколошки прегледи. Предлог Амандманот беше поднесен на 26.12.2003 година од тогашната потпретседателка на Парламентот Лилјана Поповска , претеничката Соња Лепиткова и пратениците Слободан Најдовски и Петар Апостолов. Амандманот беше прифатен од Парламенотот на седницата одржана на 26.02.2004 година и е составен дел од Законот за здравствена заштита. Со прифаќањето на Амандманот Владата ја презеде обврската да изготви програма за спроведување на редовни гинеколошки прегледи на жените. Владата ја исполни својата обврска и на седницата одржана на 07.03.2005 година ја донесе Програмата за рано откривање и спречување на болести на репродуктивните органи кај жените во Република Македонија за 2005 година која стапува на сила од денот на објавувањето во Службен Весник бр 16 од 11 Март 2005 година.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2004 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.