И З В Е Ш Т А Ј
од посетата на Комитетот за заштита на правата на детето во Женева
Поднесен од:
Даниела Панева -Организација на жени на општина Св.Николе;
Оливера Доцевска-Јустиција-Куманово и
Катерина Станкоска-Центар за граѓански и човекови права од
Скопје.
Целта
на патувањето во Женева беше да присуствуваме на сесијата на Комитетот
за правата на детето при ОН како претставници делегирани од групата од
25 лица, која е дел од програмата за техничка соработка помеѓу Владата
на РМ и ОХЦХР при ОН и ИЦГО, за обука - бранители на човековите права, а
со тоа во пракса да ја запознаеме работата на Комитетот и да ги
пренесеме нашите искуства.
Седниците на Комитетот се одржуваат во Палата Вилсон -седиштето на
Високиот комесаријат за човекови права при Обединети Нации.
Секоја држава, во овој случај потписничка на Конвенцијата за правата на
детето, во рок од 5 години по потпишувањето на оваа Конвенција е должна
да поднесе извештај до Комитетот за положбата и правата на детето во
својата држава и седниците се јавни , освен ако не одлучи Комитетот
поинаку.
Ние присуствувавме на презентирањето и оценувањето на извештаите на
државите потписнички на Конвенцијата и тоа: Комонвелт на Белизе,
Комонвелт на Бахами и Исламска Република Иран.
Опис на процедурална работа на Комитет за права на
децата:
Председавачот на Комитетот во 10:00 часот ја отвора
седницата поздравувајки ја владината делегација која е сместена од
неговата лева страна .Од десна страна на Председавачот седи секретар .
Членовите на Комитетот седат на тркалезна маса пред Председавачот.
Откако Делегацијата на Владата на државата-презентер ќе го заврши
уводниот говор, Председавачот дава збор на членовите на Комитетот кои се
јавуваат за прашања во врска со поднесениот извештај.
По една кратка серија на прашања, се прави пауза од 10 минути (околу
11:00 часот) за да се даде време на Владината делегација да даде
одговори.
Набрзо потоа следува втора серија на прашања од страна на членовите на
Комитетот.
Првиот дел на седницата завршува во 13:00 часот.
Паузата од 13:00 до 15:00 Владината делегација ја користи за да подготви
одговори на прашањата.
Истиот принцип на работа се задржува и во вториот дел на седницата, која
се затвора во 18:00 часот, за да членовите на Комитетот донесат
заклучоци.
Состаноци и средби во текот на нашата посета во
Женева имавме со:
Дарко Клеут- дел од
петчлениот тим на ОХЦХР при ОН кој ја
покрива областа на Европа, Северна Америка и Централна Азија и кој
работи на проектот во кој сме вклучени ние и работи заедно со
Предраг Живковиќ, еден од изготвувачите на
проектот Програма за техничка соработка помеѓу Владата на Република
Македонија и Високиот Комесаријат за човекови права при ОН.
Невена Вучковиќ Шаховиќ - еден од експертите на
Комитетот за права на детето која ни ја дообјасни работата на Комитетот.
По презентирањето на извештаите од страна на државите
потписнички на Конвенцијата, се одржува затворена седница каде се
доразгледуват и споредуваат одговорите на прашањата во врска со
извештајот, извештаите од НВО-та, специјализираните агенции и
индивидуалните експерти. Тогаш се одлучува дали да се донесат одредени
препораки и заклучоци кои ќе бидат упатени до државата - поднесувач на
извештај.
Примерок од еден таков завршен извештај е со Р.
Хрватска .
На нашето прашање дали постојат некакви санкции
кои се извршуваат врз држава потписничка на Конвенцијата која не ги
иполнува препораките на Комитетот? , следеше одговор дека таквиот
пристап нема резултати, дека државите се чувствителни кога се во прашање
внатрешните проблеми, меѓутоа дека се свесни за обврските што ги
превеземаат со потпишувањето на Конвенцијата, така да неспроведувањето
на препораките на Комитетот води кон рушење на угледот на односната
држава и прекин на техничка помош, што самото по себе се одразува
неповолно по државата.
Дали било која држава во светот има побарано
самоиницијативно помош и подршка од ООН за позитивен развој на земјата
во било која смисла? На што добивме интересен одговор од страна на
Предраг Живковиќ, кој исто така беше присутен, дека Македонија е една од
државите кои имаат побарано помош .
Два месеца пред почетокот на седниците, се одржува
т.н пред-сесија на учество на НВО и индивидуални експерти т.н. работни
групи на Комитетот на правата на детето. За да се рационализира нивната
работа, националните, регионалните и меѓународните НВО-а како и
индивидуалните експерти се должни да поднесат извештај до Секретаријатот
на Комитетот најдоцна два месеца пред заседувањето на редовната
седницата на работната група. Оваа група заседува според правилото бр.63
од Правилникот и овој состанок се одржа во канцелариите на ОН во Женева
од 04-08.10.2004. Оваа пред-сесија на
работната група на Комитетот дава единствена можност за дијалог меѓу
партнерите, вклучувајќи ги и НВО-та во имплементирањето на Конвенцијата
во нивните држави. Оваа пред-сесија е затворена за јавноста и исто не се
дозволени никакви набљудувања.Целата оваа постапка ја
организира/фасцилитира CRIN –Child Rights Information
Network НВО група за правата на децата.
Состанок со Андерс Педерсен -координатор на
единицата за Европа, Северна Америка и Централна Азија како шеф на
пилот-проектот за обука на нова генерација на бранители на човекови
права. Иницијатор е во основањето на МИНОП групата при МВР за реформи во
полицијата и за поголема соработка со НВО-та и граѓаните. Нашата
тренинг-обука ќе претставува модел за отворање на вакви школи во другите
екс-Југословенски држави и во државите од поранешен СССР.
Состанок со Лаура Тејтаз - Бергман Службеник за
врски на Секретаријатот на НВО Групата за Конвенцијата за правата на
детето; Присуствува на седниците на Комитетот до 14:00 и помага за
организирање на присуството на претставници од НВО-та кој поднеле
извештаи до Комитетот .ја олеснува и
засилува соработката поме со децата. ѓу НВО и Комитетот Дел од нејзината
работа представува CRIN Rights Information Network
Child на НВО Група за правата на децата, која преку својата
веб-страна обезбедува информации за НВО Групата, публикации и
материјали.
Состанок
со Драгица Зафировска-претставник од МНРво
Постојаната мисија на Република Македонија во Обединетите
Нации во Женева
Разговаравме за нашето присуство на седниците на
Комитетот за правата на детето од наша страна, која е нашата улога
односно во какво својство сме таму ,потоа за нашите работни ангажмани во
нашите НВО-а.
Работата на Постојаната мисија е да ја спроведува
политиката на РМ за време на состаноците со останатите мисии чии центри
се во Женева, како и за време на потпишување на одредени договори за
соработка или членство. Како на пример кога се потпишувал договорот
за членство на Р.Македонија во Светската трговска организација е
излобирано да бидеме потпишани под нашето уставно име, а не под
акронимот ПЈРМ.
Даниела Панева
Организација на жените на општина Свети Николе