РАБОТИЛНИЦИ ЗА ЖЕНИТЕ ЗАБОЛЕНИ ОД МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА
Во претходната година се започна да се работи со
група на жени заболени од малигни заболувања. Активностите продолжија и
во текот на 2005 во рамките на проектот Унапредување на женското
здравје подржан од КВИННА ТИЛЛ КВИННА. Основа цел на овие
работилници е давање на соодветна психосоцијална подршка на жени
заболени од малигни заболувања. Целна група се жени кои се заболени
и лекувани од рак на дојка и рак на матка.
Во текот на Февруари, Март и Април се одржаа по една работилница
за жените заболени од малигни заболувања. На првата работилница
се зборуваше за проблемите кои ги мачат жените поврзани со нивното
физичко здравје. Беа поставувавани прашања за лекувањето, повторното
јавување на болеста, надминувањето на споредните ефекти на терапијата
како гадењето и повраќањето, болките и отоците што се резултат на
хируршката интервенција или болки кои се резултат на некое друго
заболување. Забележливо беше задоволството заради добиените одговори и
пријатното чувство на припадност, разбирање доверба и сличност. Жените
беа отворени и да ги поделат своите искуства во надминување на истите.
На втората работилница се дискутираше за настаните поврзани околу
самата болест и нејзиното доживување , како се чувствувале жените во тој
момент. Еден дел од работилницата беше посветен на проблемот со пушењето
и одвикнувањето со цел подобрување на здравјето. Се разговараше за она
што го "добиваат" од
пушењето, какви се нивните чувства и нивната свесност додека пушат и се
јави потреба од индивидуални работи со повеќе жени. Забележливо беше и
отсуство на себедоживување и потиснување.
Целта на третата работилница одржана во Април беше кај жените да
се развие претставата за самите себе, како тие самите го замислуваат
своето постоење и поврзување со своите чувства. Кај некои жени се појави
проблем така што тешко можеа да си створат претстава за себе или пак
доминираа некои негативни претстави, доминантни стереотипни сфаќања за
болните од средината, чувството на непотврденост и недокажаност.
Овие работилнице се продолжување на активностите од минатата година. Се
забележа зголемување на бројот на жените така што групата сега брои
околу 18 жени. Во групата е изградена доверба и жените овие работилници
ги чувствуваат како сигурно место каде што можат да ги поделат
проблемите со кои се соочуваат, а поврзани со нивното здравје. Секоја
работилница трае околу 2 часа и има интерактивен карактер и размена на
мислења. Работилниците се водени од лекарка и психолог.
Организација на жените на општина Свети Николе