македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

 
КРЕИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА МЛАДИ НА РЕПУБИКА МАКЕДОНИЈА

Во рамките на имплементацијата на Проектот за развој на деца и млади, финансиран од страна на Владата на Република Македонија преку кредит од Меѓународната асоцијација за развој, Агенцијата за нлади и спорт на Република Македонија започна со развој на Национална стратегија за млади . Во креирањето на стратегијата покрај релевантни владини, парламентарни и други институции се вклучени и околу 50 невладини организации меѓу кои и Организација на жени на Општина Свети Николе кои по завршување на процесот на креирање ќе бидат ставени во улога на носители на имплементацијата на оваа стратегија на локално и национално ниво .
За таа цел се одржа подготвителен семинар на 9 и 10 Декември 2003 на кој се дефинираа основни елементи, потреби и насоки на процесот. Втор чекор во процесот на национални консултации е одржаниот Прв Младински Форум кој се одржа од 17 до 20 Март 2004 година во Хотел Панорама во Скопје. Вториот Форум се одржА во од 27 до 30 Јуни 2004 година во Струга
.

Од 20 до 22 Октомври 2004 година се одржа 3-от Младински форум, дел од консултативниот процес за развој на националната стратегија за млади, на кој беше разгледан и усвоен конечниот нацрт документ на стратегијата.
На 22 Октомври 2004 година се одржа свечена конвенција за предавање на документот на Владата која до крајот на годината треба да биде усвоена од Парламентот.

Александар Богатинов

 

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2004-2005 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Ал.Бог.