македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 


Локална младинска стратегија

По повод креирањето на “Локална младинска стратегија”-проект финансиран од Министерството за финансии на Р.Македонија Организација на жените на општина Св.Николе одржа трибина на која беше промовирана “Националната стратегија за млади на Република Македонија”. Целта на стратегијата е подобрување на положбата на младите преку нивно активно вклучување во решавањето на одредени актуелни младински проблеми.

 

На трибината беше презентирана “Националната стратегија за млади на Република Македонија” од страна на г-н Трајче Костов претставник од Агенција за млади и спорт при Владата на Р.Македонија и г-ца Драгана Митровиќ регионален асистент на коалицијата на младински здруженија  “Сега” од регионалната канцеларија во општина Штип.
На трибината земаа учество: Претседателката на ОЖО-Свети Николе г-ѓа Вера Златева и Градоначалникот на општина Св.Николе г-н Слободан Даневски, кој ја поздрави и поддржа идејата за подготовка на локалната стратегија за млади, како рамноправни членови во општеството, присуство земаа и околу 70 млади лица како и членови на советот на општина Св.Николе и други претставници од невладиниот сектор, како и претставници од локалната самоуправа и претставници на медиумите.

 

Билјана Димова, Даница Дукас
Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2007 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Ал.Бог.