македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Организација на жените на општина Свети Николе започна со реализација на проектот - "Компјутерски курсеви за млади невработени лица од општина Свети Николе" кој финансиски е поддржан од фондацијата "Е- Македонија" на АД Македонски телекомуникации Скопје.
Работата на проектот започна во Февруари со подготовка на пријавни листови кои кандидатите ги пополнуваа при нивното пријавување. Преку соопштение Организација на жени на општина Свети Николе ги извести граганите дека на компјутерските курсеви можат да се пријават млади невработени луѓе од 18-30 години со доставување на потврда од Агенцијата за вработување.
Пријавувањето траеше од 23 Февруари до 1 Март 2007 година.
Соопштението се презентираше на локалните медиуми (локалното радио Свети Николе и локалната телевизија ТВ Свет), беше поставено на прометни места во градот како што се: Агенцијата за вработување, Градско Собрание, Градски Пазар, Градска Болница, Кафичи, кафулиња и др.

 

Во месец Февруари се подготви и скрипта за работа со компјутер и интернет која ќе се дистрибуира на учесниците во обуката.
На 2 март се формираа следниве групи:
-Три групи за Windows XP и Microsoft Word
-Четири групи за Microsoft Excel
и Microsoft Power Point
-Седум групи за Основи на Интернет
Поради голема заинтересираност од страна на младите секоја група наместо по осум учесника , брои по девет учесника.
Обуките ги спроведуваат стручни лица дип.Електро-инжињер Александар Богатинов и дип. инжињер по математика Билјана Димова со добиен сертификат за напредно познавање на ИКТ.
Се изработи и медиа план според кој ќе биде остварено медиумското представување на проектот, проектните активности и донаторот.

09.04.2007 година

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2004 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.