македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Организација на жените на општина Свети Николе од 1 јуни до 31 август 2007 година го реализираше проектот Колку и да сме различни сепак сме исти кој финансиски е поддржан од Екуменски женски фонд на солидарноста - Омиш Република Хрватска .

Во рамките на овој проект работниот тим изработи брошура со наслов Колку и да сме различни сепак сме исти.

Брошурата содржи вовед во кој се зборува општо за религијата, симболите и основните карактеристики на христијанството , православието , католицизмот и исламот. За секоја верска заедница има фотографии . На крајот на брошурата се наведени верските празници кои од страна на Владата на Република Македонија се прогласени и се празнуваат како државни празници.

 

Од 20-22 јули 2007 година се реализиеаше семинар на тема “Колку и да сме различни сепак сме исти“.

Целта на семинарот беше учесничките да се запознаат со традицијата , културата и обичаите на различните верски заедници , да се запознаат и прифатат различните верски убедувања , а со тоа да се направи чекор напред во градењето на меѓусебната верска толеранција и обид за надминување на стереотипите и предрасудите.

На семинарот учествуваа 20 учеснички од НВО од Република Македонија на возраст од над 20 години од различна национална ( Македонки , Албанки , Србинки , Турчинки , Влаинки , Ромки) и верска припадност ( православна , католичка , протестантска и муслиманска).

 

На семинарот беа разработени четири теми :

  • Идентитет

  • Дијалог

  • Меѓурелигиски дијалог

  • Надминување на страв од разлики

За овој семинар беше карактеристично и тоа што имаше традиционална вечера. На традиционалната вечера учесничките со различна верска припадност презентираа храна која е карактеристична за некој верски празник. Секоја верска заедница презентираше храна за верски празник и објаснуваше , како се приготвува , каква е симболиката , какво значење има.

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2004 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.