ЕВАЛУАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНАТА ПРОГРАМА
НА ОРГАНЗИАЦИЈАТА
Организацијата на жени на општина Свети Николе во периодот Септември -
Декември 2004 направи надворешна евалуација. Оваа евалуација ја опфака
работата на здравствената програма и целокупната работа на
организацијата (организациските процеси и резултати, соработката со
други) и дава насоки за во иднина. Се однесува на периодот од 1998 до
2004 година. Евалуацијата ја планираа и изведуваа надворешни
евалуаторки: Наташа Миленковиќ и Афердита Хаџијаха Имери.
Специфични цели на оваа
евалуација се:
v Проценка на
ефикасноста на работата на ОЖО Свети Николе во однос напоставените и
постигнатите цели;
v Проценка на спроведените
активности и нивната усогласеност со поставенитецели;
v Проценка на придонесот и
адекватноста на управувачката стуктура во реализацијата на
проектите.
Надворешните евалуаторки го креираа евалуацискиот
план и развојната матрица на ОЖО Свети Николе во соработка со
организацијата. Главниот состанок на којшто се утврди со што ќе се
занимава оваа евалуација се одржа со
членките и членот на Управниот и Надзорниот Одбор. На него беше
договорено евалуацијата да овозможи гледиште од шест различни аспекти
кон кои ќе придонесат:
1. Директните кориснички на
здравствената програма;
2. Членките на организацијата во
различни улоги;
3. Сорботници/чки од други НВОи;
4. Претставници/чки на локални и
национални институции;
5. Претставници/чки на локалните
медиуми;
6. Претставнички на донаторите.
Реализацијата на евалуацијата опфаќа: 18 интервјуа, 5
фокус групи, 1 работилница и анкета во која се опфатени 30% од
директните кориснички и 30% од жените коишто не учествувале во
здравствената програма. Во оваа евалуација на различни начини придонесоа
400 луѓе. Евалуациските активности се случуваа во општината Свети Николе
и во Скопје.
Поконкретно за резултатите од евалуацијата можете да
ги видите во документот.
Кликнете овде за да ја симнете евалуацијата во
PDF формат (654
KB).
А овде може да ја симнете англиската верзија на
евалуацијата во PDF формат
(370KB)
Евалуацијата може да ја симнете со кликнување на
десен клик врз претходниот линк и со избирање на наредбата
Save Target As...
|