македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

ЕДУКАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА МЕНОПАУЗА

Во текот на 2005 Организацијата на жени на општина Свети Николе го спроведува проектот Унапредување на женското здравје кој е финансиран од Шведската фондација KVINNA TILL KVINNA. Во на текот на Февруари - Март се реализираа 4 работилници за жените во с.Горобинци, а во Април една работилница за жените во с. Црнилиште. Целна група на овие работилници се жени над 35 годишна возраст. Целта на едукативните работилнице се подигање на знаењата на жените за проблемите со кои се соочуваат, а поврзани со нивното здравје во периодот на менопаузата и климактериумот. На овие работилници се разработија 4 теми и тоа:
1."Менопаузата и последиците по физичкото и психичкото здравје"-
на оваа работилница се зборуваше за проблемите со кои се соочуваат жените во периодот на менопаузата и климактериумот како дел од животниот циклус на жените. Беше потенцирано дека жените се свесни за проблемите кои се јавуваат во овој дел од животот, но многу малку ги знаат причините за ваквите појави како и начинот за побезболно надминување. Се дефинираа термините менопауза, предменопауза, постменопауза и климактериум, причините и последиците од појавите како и начинот на лекување и надминување на последиците.
2."Покачен крвен притисок- Хипертензија"-
во периодот на климактериумот и после 40 години кај жените често се јавува покачен крвен притисок. На оваа работилница беше објаснето што е тоа покачен крвен притисок , кои се причините поради кои се јавува и начинот како успешно да се лекува или да се превенира да не дојде до негово покачување. За одржување на нормален крвен притисок потребно е да се води посебно контрола на здравиот начин на живот и исхрана со цел избегнување на последиците кои ги предизвикува покачениот крвен притисок.
3."Остеопороза"
Во периодот после 40 години кај жените се зголемува опасноста од појавата на заболување кај коските - остерепороза. По одреден период од животот кај жените поради истрошеност и несоодветна исхрана се менува составот на коските , се намалува нивната еластичноост. Со тоа се зголемува опасноста од скршеници. Жените често не се свесни за овие промени и не се превземаат соодветни мерки за лекување на ова заболување. На работилницата се нагласија причините поради кои се јавува остеропорозата, начинот на дијагностицирање и нејзино лекување.
4."Малигни заболувања на репродуктивните органи кај жените"-
Со текот на годините кај жените се зголемува ризикот од појава на рак на дојка и рак на матка. На оваа работилница се објасни какво заболување е ракот, потенцирајќи дека доколку навреме се открие може успешно да се излекува. Се зборуваше за начинот на лекување, но и за психолошките ефекти кои болеста ги предизвикува врз жените и го менува нивниот начин на живот. Беше истакнато дека е битно жените барем еднаш годишно да одат на гинеколошки преглед , да прават самопреглед на дојката секој месец , а за жените после 40 година да се оди на мамографски преглед на дојките.
Во текот на секоја работилница посебно внимание беше посветено на психолошките последици и моменти со кои се соочуваат жените во периодот на менопаузата. Беа вметнати вежби кои влијаеја на психата на жената, свесноста за правилниот начин на исхрана и живеење. Од страна на жените беше покажан посебен интерес кон одредени психички состојби со кои се соочуваат.
Жените од селата покажаа голема заинтересираност да присуствуваат на предавањата за што покажува и големиот број на учеснички на работилниците. Темите кои се разработуваат им се доста интересни и доста корисни имајќи во предвид дека дел до темите се нови, а здравствените проблемите со кои се соочуваат се доста актуелни. Во текот на работилниците беа поставени доста прашања поврзани со здравјето. Учесничките истакнаа дека е потребно почести вакви едукативни работилници и вклучување на поголем број на жени. На работилниците присуствуваа од 28-35 жени на возраст над 35 години. Работилниците траеја околу 2 часа.
За учесничките на работилниците претходно беше отпечатена брошурата "За жените после четириесетата" подготвена од страна на докторката Гордана Митева и психологот Емина Петкова. Брошурата беше отпечатена во тираж од 1000 броја и се дистрибуираше на учесничките во работилниците, но и на други заинтересирани жени во општината и на членките на мрежата.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2004 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.