македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Доделени последните сертификати

На 31 Октомври 2007 година успешно заврши имплементацијата на проектот "Компјутерски курсеви за млади невработени лица од општина Свети Николе"   .
Со имплементација на проектот се обучени 124 млади невработени лица на возраст од 18-30 години од општина Свети Николе од кои:
- 34 учесници го завршија курсот за Windows XP и Microsoft Word
- 37учесника го завршија курсот за Microsoft Excel и Microsoft Power Point
- 53 учесника завршија курс за Основи на Интернет

 

По завршувањето на курсевите на учесниците добија сертификати.
15 млади невработени лица кои ги посетуваа обуките успеаа да се вработат , а 30 лица во меѓувреме аплицираа за одредени работни места.
Организација на жените на општина Свети Николе со помош на фондацијата "Е- Македонија" А.Д. Македонски Телекомуникации допринесе да се ублажи или намали јазот помеѓу оние кои имаат пристап до информациите и знаењето и знаат како да ги користат и оние кои ја немаат таа можност.

 
     
 

01.11.2007
Фросина Мишева
Даница Дукас
Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2007 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Ал.Богатинов