македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Активности на ОЖО - Св.Николе во рамките на мрежата АНТИКО со проектот За демократско општество -рамноправен избор чиј носител е Женска граѓанска иницијатива “ Антико".

Од 15 Октомври 2004 год започна реализацијата на овој проект со посетата на политичките партии на локално ниво . Беа посетени : Демократска Алтернатива, ВМРО-Народна, Либерално Демократска партија, Демократски Сојуз, Социјалистичка партија и ВМРО-ДПМНЕ, Социјал Демократски Сојуз на Македонија и Либерална партија на Македонија.

При посетата на сите политички партии им беа презентирани во целост проектните активности и истите потпишаа МЕМОРАНДУМ за соработка.

Од 22 Ноември 2004 година до 23 Декември 2004 година тимот од ОЖО-Св.Николе успеа да eдуцира 1765 гласачки.

Едукацијата е извршена во селата:

Горобинци -260, Мустафино -178, Ерџелија-222, Амзибегово -188, Пеширово-81, Кадрифаково-64, Црнилиште -155, Ѓуѓанци-59, Ранченци-17и во градот Св.Николе 538 гласачки.
Во поголемите села прво организиравме преку претседателките на активите заедничка средба со повеќе жени а потоа одевме од врата на врата кај оние жени што не дојдоа на работилницата.

Во градот беше организирана работилница за едукација на гласачките Ромки.

На 13 Декември 2004 година (понеделник) , во просториите на пчеларското здружение "Полен" се одржа тркалезна маса на тема:

"Женски човекови права и важноста на женскиот активизам “

На оваа тркалезна маса присуствуваа: Лидерките со по две членки од политичките партии во градот , по две претставнички од НВО секторот во градот , советниците од нашата општина .

На 25 Декември 2004 година во Скопје се одржа конференција на тема

"За демократско општество -рамноправен избор” каде присуствуваа координаторки на форумите на некои политички партии и членки од организацијата.

 

 

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2004-2005 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.