Продлабочување на меѓурелигиски
дијалог
Во
период од 1 Ноември до 31 Декември 2007 година се реализира
проектот Продлабочување на меѓурелигиски дијалог финансиски поддржан од
Екуменски женски фонд на солидарност - Омиш Република Хрватска.
Цел на проектот беше продлабочување и
зацврстување на меѓуверската толеранција, меѓусебното разбирање и
соработка со цел подобрување на соживотот меѓу различните верски
ентитети.
Во Ноември беа подготвени и испечатени 1000 флаери . Флаерот
содржи неколку пораки кои укажуваат на зајакнувањето на соработката и
почитување меѓу различните верски заедници.
Во рамките на проектот беше одржан тродневен семинар
”Продлабочување на меѓурелигискиот дијалог“
на кој учествуваа 23 жени од различни средини на Република
Македонија од различна националност ( Македонки , Албанки, Србинки,
Влаинки, Турчинки, Ромки) и верска определба( Православна, Католичка,
Евангелистичко- Методистичка и Муслиманска).
На семинарот беа разработени следниве теми:
-Комуникација;
-Ангажман за мир;
-Продлабочување на меѓурелигиски дијалог;
Учесничките преку интерактивна работа, размена на
ставови, идеи и искуства развија комуникација , развија дијалог.
Се запознаа со традицијата , обичаите, обредите во
врска со прашањата за раѓањето, свадбите, погребите, абортусот,
разводите т.е. преку процесот на учење едни од други дознавме по што
една верска заедница се разликува од друга.
Заклучокот на учесничките беше постојат многу
сличности во обичаите и обредите кај различните верски заедници. Секој
верник на свој начин дава допринос во градењето на мирот и меѓуверската
толеранција. Ако сите меѓу себе се почитуваме и сочувствуваме едни со
други тогаш и соживотот ќе ни биде подобар и ќе имаме напредок.
На 16 Декември 2007 година учесничките имаа
можност да посетат неколку верски објекти во Скопје и тоа: Соборниот
Храм - Свети Климент Охридски, Католичка црква, Евангелско- Методистичка
црква и Џамијата на Иса Бег.
Во секој верски објект имаше свештено лице кое
објаснуваше за историјата на верскиот објект, а учесничките поставуваа
прашања за се што ги интересираше за верската заедница. Во секој верски
објект имаше свештено лице кое објаснуваше за историјата на верскиот
објект, а учесничките поставуваа прашања за се што ги интересираше за
верската заедница.
Организација на жените на Општина Свети Николе