македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Кампања “16 дена активизам против насилството врз жените

Организацијата на жените на општина Свети Николе како дел од проектот Подобрување на положбата на жените финансиран од Шведската фондација KVINNA TILL KVINNA реализира активности во рамките на меѓународната кампања 16 дена активизам против насилството врз жените која трае од 20 Ноември до 6 Декември 2007 година. Во рамките на оваа кампања активистките на Организацијата на жените на општина Свети Николе изработија виолетови машнички - симбол на борбата против семејно насилство и истите заедно со брошури за семејно насилство беа поделени на жените на Свети Николе.

На 29 Ноември 2007 година беше реализирана ТВ емисија на локалната ТВ СВЕТ под наслов 16 дена активизам против насилството врз жените. Цел на емисијата беше отворено да се разговара за насилството врз жените, како среиозен општествен проблем и потребата од превземање на поголема одговорност од страна на државата за заштита на жените жртви од ова насилство.

На ТВ емисијата гости беа преставнички од Организација на жените на Општина Свети Николе , Министерството за Труд и Социјална Политика, ЦСРСкопје и ЦСР Свети Николе.

На почетотот на емисијата претседателката на Организацијата на жените на општина Свети Николе г-ѓа Вера Златева даде краток осврт за текот на кампањата за борба против семејното насилство како и целта на организирање на една ваква активност со која се подобруваат пристапите и мерките кои ќе делуваат како превенција за намалување на бројот на жените жртви на насилство .

Г-дин Душко Миновски државен секретар во Министерството за труд и социјална политика кој истакна дека државата превзема конкретни мерки со цел да се ублажат последиците од ова насилство. Беше даден осврт за тао што е семејно насилство во сите негови форми, кој најчесто се јавува како жртва, причините за семејното насилство. Државата превзема мерки за решавање на овој проблем согласно Законот за семејство, каде се регулира проблемот на семејното насилство и начините за згрижување на жртвите од семејно насилство. Како сериозен проблем кој се наметнува е реинтеграцијата на жрвите од семејносто насилство. Како битен елемент во борбаат против насилство врз жените е потребата од континуирана соработката помеѓу државните институции и невладините организации.

Г-ѓа Благица Качанска од од Меѓуопштински Центар за социјална работа од Скопје истакна дека секоја година бројката на жртви од семејно насилство се зголемува и голем дел од жените кои го пријавуваат семејното насилството поднесуваат кривични пријави. Таа истакна дека е потребно да се работи на охрабрување на жените да го пријават ова насилство до Центрите за социјална работа.

Г-ѓа Дејана Николова од Меѓуопштински Центар за социјална работа од Свети Николе истакна дека во Свети Николе се забележува голем број на жени кои го пријавуваат насилството, но и дека голем број од нив ги повлекуваат пријавите од различни причини.

Г-ѓа Даниела Панева од Организацијата на жените на општина Свети Николе истакна дека во текот на 2007 година во организацијата е отворена канцеларија за бесплатна правна помош за жени жртви на семејно насилство. Во текот на годината регистрирани се 74 случаи на лица кои побарале бесплатна правна помош, од кои на 23 лица им се направени писмени поднесоци (тужби, жалби, барања, молби и др.), на 5 лица тужби за развод на брак поради семејно насилство. Исто се забележани 13 анонимни јавувања на жртви на семејно насилство на кои им е даден соодветен правен совет.

На крајот од ТВ емисија беше упатена порака до јавноста: Семејно насилство не треба да се прикрива, туку навремено да се пријави до надлежните институции со цел да се помогне на жртвите на насилство. Секој има право на живот без насилство и соодветна помош и заштита. Државата семејното насилство треба да го третира како сериозен општествен проблем и да превзема одредени мерки на решавање на истиот.

 


Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2008 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Ал.Богатинов