македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Мултилатерална Младинска размена "Урбани Митови"
Нови Сад, Србија
од 01 до 10 Октомври 2007 година

Целта на оваа младинска размена беше преку конкретни активности од различен вид младите од 4 земји (Италија, Македонија, Србија и Чешка ) да ги надминат предрасудите и да можат подобро да се запознаат и дружат со своите врсници од другите земји.
Нашата организација на оваа младинска размена учествуваше со 5 младинци: Дарко Јованчевски, Душица Георгиева, Тоше Димов, Лупка Антова и Александар Богатинов-водач на групата.
Учесниците на младинската размена беа од следните земји: Италија, Македонија, Србија и Чешка.
Секоја држава презентираше по 3 урбани мита за да на крај креираме еден заеднички мит.
Младинската размена ја заокруживме со презентација на секоја од државите на интернационалната вечер. Сите учесници ја презентираа својата држава со карактеристиките на својот народ и култура. Македонија со своите традиционални јадења (ајвар, бакардан, јуфки, црвено вино и ракија) и фолклор ја прикажавме во најдобро светло. Младите научија по нешто ново и за другите народи и нивните култури. Нашата група достојно ја претстави нашата организација и Македонската култура.
Оваа младинска размена беше реализирана со финансиска подршка од Европската Комисија-Генерален Директоријат за Едукација и Култура Програма Млади, а организатор на тренингот беше Mediterranean and Environment-International Federation од Италија, а домаќини беа Културанова од Нови Сад.

Александар Богатинов
Организација на жените на Општина Свети Николе
15 Октомври 2007 година

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2008 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Ал.Бог.