|
ОД
МАКЕДОНИЈА
МЕГАЛИТСКА ОПСЕРВАТОРИЈА КОКИНО
Веста
дека Американската вселенска аѓенција (НАСА) ја вброи Мегалитската
опсерваторија Кокино на 4-тото место во листата на стари опсерватории
во светот , претставуваше една од најдобрите информации поврзани со
Македонија во 2005 година. Одеднаш стана јасно дека имаме нешто ново ,
но толку старо , нешто наше , но светско според неговата вредност.
Мегалитската опсерваторија Кокино е резултат на спојот на две науки -
астрономија и археолоѓија - во научната анализа на еден археолошки
локалитет. Во 2001 година археологот Јовица Станковски откри
археолошко наоѓалиште на предмети од бронзениот период во близина на
планинскиот врв Татиќев Камен и селото Кокино во општината Старо
Нагоричане. Чудниод изглед на пошироката околина , а особено изделканите
камени престоли ориентирани кон источната страна на хоризонтот водеа кон
заклучок дека на овој простор можеби се изведувале и набљудувања на
движењето на небесните тела. Во 2002 година физичарот Ѓоре Ценев
го откри присуството на посебно обработени
камени маркери за обележување на точќите на изгревање на Сонцето во
текот на една година и Месечината во текот на 18,6 години. Прецизните
астрономски мерења и анализи покажаа дека целиот простор на планинскиот
срт со површина околу 5 000 м2 ги има сите карактеристики на стара
опсерваторија , која соодветно на времето на градбата и основните
карактеристики беше наречена Мегалитска опсерваторија Кокино.
Математичката анализа , но и извршеното набљудување и документирање на
движењето на Сонцето и Месечината покажаа дека камените маркери на
опсерваторијата биле поставени околу 1800 години пред нашата ера , или
со други зборови дека опсерваторијата е стара 3800 години.
Многу
важни информации за значењето на локалитетот за жителите од тој период
дадоа и археолишките ископувања , особено
оние од 2005 година. На самиот локалитет и во пошироката околина
археолозите пронајдоа керамички садови кои покажаа дека локалитетот бил
во континуирана употреба во период од околу 1200 години , или од 1900 до
700 година пред нашата ера. На локалитетот беа пронајдени и жртвени јами
исполнети со искршени керамички садови кои укажуваат на фактот дека на
овој простор долго време се изведувале обреди поврзани со обожавањето на
Големата Божица Мајка , божица на земјата која ги создавала луѓето
животните и растенијата.
Со сите овие откритија и анализи се повеќе станува јасно дека во
далечното минато целата планина во близина на селото Кокино имала двојна
улога. За жителите од бронзениот период таа била света планина за
изведување голем број на обреди и ритуали поврзани со божествата од тој
период , но истовремено била и опсерваторија за набњудување на движењето
на небесните тела и правењето на календар кои се користеле во
организација на животот во заедницата. Спојот на археологијата и
астрономијата даде извонреден резултат не само на науката туку и во
доменот на визуелни ефекти. Првпат во јавноста се појавија атрактивни
фотографии кои од една страна служат за покажување на улогата на
маркерите во позиционирањето на движењето на небесните тела , но од
друга страна го стимулираат интересот на јавноста за овој локалитет.
Мегалитската опсерваторија Кокино секако заслужува поголема афирмација
во домашната и светската јавност , особено во насоката на идната
атрактивна туристичка дестинација.
Почитувани ве известуваме дека ние Вавилонците од Св.Николе го посетивме
Кокино во месец Октомври 2005 година и топло им препорачуваме на сите
добронамерници кои имаат можност да го направат истото.
на
почеток=
ЗА БОГОМИЛИТЕ
Почетокот на приказната за Богомила треба да
се бара некаде во палеолитот, период во кој се претпоставува дека е
започнат животот во овој крај. За ова сведочат многуте археолошки
локалитети во околината на Богомила кои иако не се богати со материјална
култура сведочат за континуумот на оваа населба. Со голема веројатност
можеме да тврдиме декa организиран живот
постоел во Римскиот период. Основа на ваквите претпоставки е мостот кој
се наоѓа на влезот во Богомила за кој, според начинот на градбата,
археолозите велат дека потекнува од крајот на II
и почетокот на I
век пред нашата ера. Но за жал сите овие
претпоставки ни од далеку не се испитани и потврдени. Она
што со сигурност можеме да го тврдиме е дека таа постоела кон крајот на
X век кога овде е роден поп Богомил,
потронот на оваа населба која во негова чест го носи неговото име повеќе
од 8 векови, откако во XIII век
името Бабуна е заменето со Богомила. Како што веќе рековме во
раното средновековие во Богомила е роден
поп Богомил основач на богомилското учење и антифеудално движење.
Тој и неговите аскетски следбеници од овде тргнале на својот еретички
поход насочен против лажните пророци, лажните богови, лажните светци,
лажните евангелија, лажните вери ...
За богомилите и богомилството најмногу дознаваме од изворите што ги
запишале нивните противници. Еден од највидните и најистакнатите бил
Презвитер Козма, автор на прочуената Беседа Против Богомилите, во која
безпошдедно се напаѓаат не само поп Богомил и неговите следбеници туку и
“сите оние кои постојано трчале по некакви игри и слушале разновидни
народни басни“. Поп Богомил и неговото богомилско учење и
движење, кое на овие простори опстоило скоро 5 векови, е она што ја
обележило Богомила до денес, затоа периодот на Средниот век во Богомила
му се посветува токму него.
на
почеток=
МАКЕДОНСКИ
НАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ
Самите
македонски народни инструменти се делат на постари што самите свирачи си
ги правеле-самоправски и понови кој фабрички се произведени и влегле во
секојдневната народна музичка практика. Според стилот на музицирањето
тие се делат на: Инструменти за бордонски стил и инструменти на кој
се свират соло мелодии. Но тие исто така се
делат на Кордофони (Тамбура, гусла,утот,сазот а подоцна и виолините)
потоа аерофони инструменти(гајда,кавал,шупелка,дудуче, зурла,кларинет и
др) мембранофони инструменти (тапан,
дајре, тарабука) и идеофони инструменти се многу ретки и главно овде
спагаат детските инструменти.
ТАМБУРИ биле
привилигирани на преставниците на машкиот пол. Се користеле главно во
градските средини но и во селата Имаат
едноставен облик во кој резонантната кутија
не е многу голема и длабока . Тие имат Долг врат со најчесто две
или три жици и спагаат во редот на трзачки инструменти.
ГУСЛЕ
е по застапено во источно-македонските
предели и се вика Кемане. Тоа има крушкаст облик со 2 или 3 жици
и спага во гудачките инструменти. Гудалото е направено од дрвена прачка
свиткана и врзана со влакна. Свирењето се изведува на тој начин што
главната мелодија се изведува со допир на ноктите од прстите од првата
жица. Анбитусот на мелодијата е прилично ограничена и гуслето најчесто
се употребува во орската традиција што не е случај со тамбурата која
главно ги придружуваат македонските народни песни.
Инструменти со ориентално потекло кој во градската
музичко фолклорна традиција се застапени по турската наезда на балканот
се: Сазот, Утот, Канонот. Разликата помеѓу утот и
сазот е тоа што првиот нема прагови на грифот а фториот нема. Овие
инструменти најчесто се употребуваат во чалгијата која има источњачко
потекло. Виолината во Македонија се
одомакила преку чалгиските инструментални состави преку западно
европските влијанија. Мегу дувачките инструменти нај раширена била
гајдата.
ГАЈДАТА
според големината на деловите и висината на
регистрите се дели во 3 групи и тоа: поречки (големи),
прилепските (средни) и тиквешки (најмали). Таа има 4 главни
дела . Едниот дел е од кожа која претставува голем резервоар за
воздух. Вториот дел е гајдарка која е направена од дрво или
коска. Од коска е долниот дел кој е свиткан за 45 степени. Тој дел се
вика рогче. Тоа напред има 7 отвори а назад 1 паралелно на
највисокиот отвор. Во нај горниот отвор се става тенко цевче од сламка
да тоа допира до средината од внатрешниот дел на гајдарката. На горниот
дел од гајдарката е поставена една јазична писка од трска која го
произведува тонот со помош на воздух од кожата бидејки гајдарката е
прицврстена за еден отвор од кожата. Трет дел е брчалото кое е
составено од три дела изработени од дрво јасика само на деловите каде се
поврзуваат се користи коска. На најдебелиот дел од него е
поставена писка. Делот со кој се дува воздухот на внатре во гајдата е
најмал и се вика дувало. Тоа на делот што влегува во гајдата на
крајот е накоскен и на тој внатрешен отвор се прицврстува прстенче и
поеластична кожа за да го задржува воздухот во гајдата. Гајдата има
апликатура од нона и на неа се изведуваат мелодии со разни
алтерирани тонови во рамки на нонати а тоа значи дека се употребуваат
разновидни тонски низи. Брчалото произведува тон за две октави понизок
од петиот тон на гајдарката. Гајдата има многу голем репертоар и широка
примена во музичката практика бидејки се употребува како придружник на
народните ора и песни но се изведуваат и засебни инструментални мелодии.
КАВАЛОТ
е инструмент кој што се изработува од едно
дрво тој претставува еден вид долга цевка од 60 до 80см отворена од
двете странични отвори на долниот дел од инструментот кој служат за
обликување на тонот. Тие се викаат
гласници.
Горниот дел од кавалот има остар брит и на него со посебна
техника на сечење на воздухот се произведува тонот. Кавалот во народната
практика ретко се употребува поединечно најцесто одат чифт кавали и при
музицирањето еден ја изведува главната мелодија а другиот бордунира на
еден тон со привремени зафакања на соседни тонови за голема секунда
надолу. За разлика од кавалот иако сроден инструмент шупелката има
поинаков облик, тон, репертоари функција. Шупелката е од дрво отворена
од двата краја има 6 отвори за свирење но
мелодиите се изведуваат во многу висок регистар поради што има многу
продорен звук. Таа се употребува како придружник на народните ора што не
е случај со кавалот кој нема продорен тон, и кој се употребува за
придружба на народните песни и разни импровизации.
ЗУРЛА е еден од ретките инструменти што во
Македонија влегле во употреба со турските завојувања на балканот. Таа е
изработена еден дел од дрво така што кон долниот крај има 6 отвори од
предната страна и еден отвор од позади. Тонот се произведува со помош на
дводелна писка која се прицврстува на еден округол метален дел т.н.
славец. Тој славец е дрвен дел кој има форма на лист и навлегува на
горниот дел на зурлата. Во Македонија постои посебна техника со која се
произведува непрекинат тон. Зурлите неизоставно одат во чифт и најчесто
во придружба на еден или два тапани (зурлаџиска тајфа). Зурлите се
типични по тоа што главно ги придружуваат машките народни ора. Мегу
инструментите кој се музицира на бордонски стил спагаат : тамбурите,
гуслето, гајдата, кавалот, и зурлата.
Ивица ПОСТОЛОВСКИ
на
почеток=
ОД СВЕТИ НИКОЛЕ И
СВЕТИНИКОЛСКО
ОВЧЕПОЛСКА
НОСИЈА
Почитувани читатели на електронскиот весник во
претходниот број ве запознавме со женската народна носија од
Овчеполието. Во овој број подетално ќе ве запознаеме со машката
народна носија од Светиниколско.
Кој не ја видел одблизу и не ја
доволно познава некогашната носија која ја носеле селаните од селата на
подрачјето на Овче Поле тој неможе со сигурност да тврди дека доволно
етнолошки ја познава нашата Република. Токму ова нејзино подрачје е
многу малку презентирано и рекламирано а воедно истото е многу богато со
културно наследство посебно во доменот на носиите кои се богати со бои.
Токму затоа сакаме на овој начин да ви ја доловиме магијата на минатото
од нашиот крај , како и начинот на изработката на носијата која ја
носеле нашите претци и истата самите ја изработувале во домашни услови.
Без разлика дали е тоа машката или женската кошула технолошкиот процес
за добивање на материјалот од кои се изработувала истата е ист.
Кошулата
се изработувала од платно кое жените сами го ткаеле дома на домашен
разбој. Од тоа платно зависело дали кошулата ќе биде за секојдневна
употреба или за некои празници кога се ткаела посебна преѓа. Така едната
преѓа се ткаела од небелена густа со кенер преѓа. Таквото платно
се викало небелено платно и обично
се ткаело во рана пролет за да може во
пролетните денови како и во лето да се избегнат жештините од јакото
сонце.
Платното пред белењето се ставало да отстои во измет од овци ( кога
овците пасат само трева во рана пролет и сувите денови од пролетта ).
Пред белењето платното се вадело и тогаш имало зелена боја и истото се
ставало во ладна вода во корито или пак во река ако имало можност за
истото. Интересна е постапката за белењето на платното кое се потопувало
, влечело низ водата ,се "дрсало"
(постапка кога се растегнувало на сите
страни) и се ударало со пирајка ( специјално изработена дрвена
мавалка),откако ќе се извршиле овие постапки платното се вади од вода и
се оставало на сонце откако ке се исцедело од водата. Наредната постапка
која се извршувала била таа што
платното се постилало на трева да се суши во еден и во друг правец. По
извесно време платното пак се собирало на суво но малку влажно и
повторно пак се белело на ист начин. Оваа постапка на белење на платното
се повторувала се додека не се добиела убава бела боја и на него не се
отцртало убаво кенарот. Кога сето ова било готово тоа се спрегнува и се
постила, сега не на трева, туку на жица да се суши. Кога платното е
исушено се мота на труба. Така стои намотано и од него подоцна се кројат
кошулите. За да се израбитила една кошула биле потребни десет лакти
платно.
Технологијата за изработка на селското платно се разликувала од онаа за
изработка на небеленото платно. Неговиот кенар обично бил од тире
и свила. Свилата за овие потреби овчеполци сами ја изработувале.
Потоа платното се обработува на разбој а претходно се снива и се навива
на разбојот кој бил изработен исклучиво од дрво ( на истиот има нити,
набрдила во кои се става брдото заедно со предно кросно, шкрипци за кои
се прицврстуваат нитите и подлошки
на кои гази ткајачката при ткаењето). По ставањето во разбојот се
уведува во нити - работа што ја вршат две жени или девојки. При
уведувањето морало особено да се внимава на жиците од свила инаку
траката од кенар нема да биде онаква каква што сакаме. Потоа се наврзува
и се заткајува. Во почетокот се става слама од рж и ако се е во ред се
започнувало со ткаењето. За ткаењето на овој вид на платно биле потребни
специјални нити и брда, за да не се стеснувало платното при ткаењето се
употребувале т.н. мачки со кои платното при ткаењето постојано ја
задржувало својата ширина. Ова платно не се белело, тоа се спрегнувало и
се мотало во труба како и во претходниот случај. Од ова платно се шиеле
кошули за свечености или тоска за бовчи.
Не би имале целосна претстава за кошулите било дали се работи за женска
или машка (тоска) , ако не кажеме збор два за украсните работи што се
ставале на нив а тоа се : везовите на јаките на долниот дел од ракавите
како и на предниот дел од кошулата. Низ везовите често има
спринки и сорки.
Машките кошули кои се нарекувале тоски се дводелни - кошула и гаќи.
За изработката на тоска било потребно повеќе платно отколку за изработка
на една женска кошула. Долниот дел на тоската од половината надолу се
диплела на специјален начин. Ракавите се изработувале од една и пол
ширина од платното,кои на крајот биле собирани и извезени. Јаката исто
така била изработувана на посебен начин. Обично ракавите и јаката биле
везени и опшиени со сосема мали сорчиња. На долниот дел на целата ширина
се правеле сорки од свила во кои се вметнувало понекогаш монистри кои
делувале многу убаво. Монистрите изгледале многу убаво заедно со свилата
посебно ако биле изработени во бела , црна или затворена бордо боја.
Тоските се носеле во пролет , лето и во рана есен кога било топло.
Покрај кошулата (тоската) во носијата влегувал и елекот. Елеците
се изработувале од алаџа - платно кое се изработувало исклучиво
од волна и тоа рачно. При предењето се внимавало жиците да се тенки и
доста уцврстени. Кога ќе се испределе уделите и ќе се направеле доволно
преѓа за алаџа , истата се мотала на мотовило. Вака намотана се топела
во вода за да се види колку ќе се собрала преѓата од водата и потоа се
сушела. Пред преѓата да се ткае таа се носела на бојаџија.
Распоредена таа се бојадисувала за основа и ваток. Се бојадисувала
обично во алова и црна или алова и модра во зависност каква ќе била
алаџата. Покрај овие бои таа некогаш се ткаела и во други бои обично
зелена и во некои бели нијанси. Се внимавало боите да не се многу
дречливи. Штом се донесела од бојаџија, истата се сушела се смотувала на
калем и уште при сновењето се редела на калемот онака како што требало
да излезе шарата на алаџата. Пред ткаењето се внимавало на уведувањето
во нитите и брдото за да не се погрешела шарата. Се ткаела исто како и
белото платно. По ткаењето се мотало во труба за да платното се извлече.
Машките елеци ги изработувале специјални мајстори - Терзии. За
изработка на еден елек покрај алаџата била потребна и специјална
ткаенина од волна. После шиењето на елекот , тој се опточувал со
оптока - гајтани изработени од предиво на вурка црно бојадисани и
доста зацврстени. При опточувањето во зависност од умешноста на
мајсторот од оптоката се правеле разни сорки. Кога елекот бил готов се
диплел и врз него се ставало некој потежок предмет за да се измазне.
Машкиот елек за разлика од женскиот бил многу помал, но и тој се шарал
или везел околу јаката и предниот дел и истиот бил без ракави.
Машкиот пешкир се изработувал од бело предиво не многу дебело, добро
усукано,на памучна основа. Низ него се имало шари со црно предиво во вид
на црни пруги од 8 до 10 см. Вутата се носела преку текот на целата
година а се носела опашана врз појасот. Предивото за машките пешкири (вути)
не ја бојадисувале.
Појасот претставувал платно изработено од волнена преѓа предена
многу тенко од кудели на вурка, со многу убави шари низ целата должина.
Појасот се ткаел четворно, имал должина од 2 до 5 метри а ширина од 30
до 40 см. После ткаењето се истегнувал вдолж и се диплел, и така се
оставал да се измазни. Појасот по боја бил изработуван алов , црн или
ѓувезиин,во зависност каков бил елекот. Појасот се опашувал и се мотал
околу половината и добро се пристегнувал за да не се олабави. Ресите на
појасот кои што биле нешто подолги се намотувале на специјален начин.
Врз појасот доаѓал каишот и најодозгора на машката народна носија
доаѓале бутата и бришалката.
Бришалката претставувала бело платно рачно изработено. Истата била
долга до еден метар и била ишарана и украсена со сорки и монистри. Се
носела забодена во каишот и изгледал многу убаво. Кога било многу топло
истата се носела на глава а нејзината основна намена била за бришење.
Почитувани се надеваме дека преку овие два текста ви
доловивме барем малку од минатото од Овчеполието.
на
почеток=
Овче Поле царството на Орелот
Овче Поле има карактеристична микро клима со - долги
сушни периоди, многу денови во годината се со ветар, некогаш и 8-9
месеци годишно. Релјефот е ридсконизински многу отворен терен со мали
површини покриени со ниска шума. Ова создава услови за живот на многу
видови грабливи птици. Некои присутни видови во овој регион спагаат во
ретки и загрозени видови.
Во Светиниколско и пошироко во Овче Поле можат да се
видат интересни видови птици на едно место како што е клисурата на
реката Брегалница во близина на селата Црешка и Бекирлија. Тука можат
истовремено да се видат суриот орел (Aquila
Chrysaetos), белоглавиот
мршојадец или картал (Gyps Fulivus)
, белоноктата ветрушка
(Falko Naumani)
, кањата или мал еѓипетски
мршојадец (Neophron percnopterus) ,
орел змијар
(Circaetus Galicus) ,
рѓест гливчар (Buteo
Rufinos) , гаќест сокол (Falko
Biarmicus) , сивиот сокол
(Falko Перегринус) , обичниот
глувчар (Buteo Buteo) ,
обичната ветрушка (Falko
Tinunculus). Во клисурата порано
постоела голема колонија на Белоглавиот мршојадец. Сега таа колонија е
уништена и сега орлита мршојадци ја користат како место за одмор и
засолниште. Покрај сите овие птици претходно наброени кои исто така
можат да се видат низ целото Овче Поле. Тука присутен и најважен
за нас е орелот крсташ или царски
орел (Aquica Helica).
сур
орел |
|
белоглав мршојадец или картал |
|
белонокта ветрушка |
|
|
|
|
|
кањата или мал еѓипетски
мршојадец |
|
орел змијар |
|
рѓест гливчар |
|
|
|
гаќест сокол |
|
сив сокол |
|
обичен глувчар |
|
ветрушка |
Орелот
крсташ спаѓа во загрозените видови во европски и светски рамки. Оваа
импозантна птица има висина до 80см и распон на крилата околу 200см.
Прави гнезда на високи дрва како брест, даб, црна топола а во последно
време е почеста појавата да прават гнезда на големите електрични
столбови. Годишно одгледуваат едно до две млади. Се хранат најчесто со
глувци , змии , гуштери , ежови, желки и некои помали цицачи како што се
зајакот , куната , невестулката итн. Орелот крсташ секогаш ги прави
своите гнезда во близина на луѓето. Не може да се најде гнездо далеку од
населено место. Уште од дамнешни времиња постоела поврзаност меѓу
човекот и луѓето. Постоела поврзаност затоа што орелот се хранел со
глувци , змии и умрени животни и ја чисти природата. Постои и верување
меѓу постарите луѓе дека орелот го штити селото од градоносните облаци ,
кога ке наишле облаците тој ке влетал во нив правел кругови и со тоа го
одвлекувал од населеното место и го спасувал од град. Ова верување
секаде постои каде го има крсташот дури и во другите земји го има истото
верување како што се Србија и Бугарија. Заради ова човекот го поштувал и
штител орелот. Орелот го чуствувал и затоа правел гнезда во човекова
близина. Сега со новите генерации и модерното време таа поврзаност е
прекината и постои опасност од негово исчезнување. Она што е
најинтересно што може да се каже е поврзано со Св.Николе и Овче Поле до
пред 2 години до 2003 имаше 13-16 активни двојки и голема концентрација
на млади птици видени се истовремено 26 млади крсташи кај селото
Ерџелија. Овие бројки покажуваат дека Овче Поле е единственото место во
Европа со толкав број на овој вид орел на толку мал простор. Практично
беа зафатени сите добри места за гнездење бидејки тие си завземаат своја
територија и ја брана од другите орли во просек една двојка има околу
20км2 некогаш и повеќе во
зависнист од условите за преживување.
За жал ова вакво единствено место во Европа е загрозено од
несовесно работење на земјоделската фирма во селото Ерџелија. Тие поради
големото користење на пестициди и намерното фрлање на затруено жито со
цел да ги трујат гулабите кои го јадат семето на соја
фрлено во пролет предизвикаа драстично
намалување на овој редок вид орел. Затруените изумрени гулаби завршуваат
како храна на орлите и со тоа отровот доаѓа во нивниот организам и тие
умираат. Од 2003 до 2005 популацијата на активни двојки е намалена за
половина .
Во обидот да се спасат грабливите птици во овој крај и Македонија
многу напори вложува невладината организација Фонд за дивата флора и
фауна со своите пријатели од сличните
меѓународни организации. Друштвото е основано во Кавадарци и претседател
е Томе Лисичанец, поранешен професор во средното шумарско училиште во
Кавадарци. Човек што цел живот го има посветено на заштита на природата.
Досега друштвото има работено на неколку проекти за заштита на
грабливите птици. Најинтересен и многу важен проект што уште трае е
проектотза заштита и повраток на мршојадците на Балканот. Друшството
како дел од тој проект учествува со екипи на терен во набљудување и
прихранување. Друштвото одржува хранилиште во Кавадарци и Св.Николе.
Еднаш неделно до два пати се носи кланичен отпадок или умрени животни на
одредено место. Целта на хранилиштата е да се обезбеди сигурна и редовна
храна за орлите и мршојадците. Хранилиштето во Св.Николе има добра
посетеност тоа ке овозможи да се одржи и зголеми бројот на грабливите
птици. Овој проект се изведува со помош од европската унија и
фондацијата за заштита на црниот мршојадец (BVCF-blak
vulture conservation foundatoin), и франкфуртското зоолошко
друштво-помош за загрозениот свет (Frahkfurt
zoological society-help for threatened wildlife). Св.Николе и
Овче Поле како регион успеале да ги надминат проблемите со кои
предизвикува намалување на животинскиот свет може да стане уникатно
место во Европа и да стане важна точка во еколошкиот туризам и место со
разновидна орнитофауна кое би го посетувале луѓе од цела Европа и да
биде препознатливо место по својата гордост орелот крсташ.
Марјан
Манаилов
Одговорен за
хранилиштето во
Св.Николе-и
заштита на грабливите птици
на
почеток=
НАШИ ДЕЈЦИ
100 ГОДИНИ Кочо Рацин
Нашиот
голем поет Кочо Рацин роден е на 25
Ноември 1908 година во Велес, во
сиромашно грнчарско семејство. Основно образование учи во родното место.
Поради лошата материјална положба, по завршувањето на први клас на
нижата гимназија, приморан е да го прекине редовното школување и на
тринаесет годишна возраст бил присилен да му се посвети сосема на
грнчарскиот (татковиот) занает. Желен за образование, продолжува да учи
и да го осознава тешкиот живот на работник.
Уште во раната младост активно се приклучува во револуционерното
движење. Кочо Рацин ја води Велешката организација на СКОЈ. Во 1928
година бил делегат на IV
Конгрес на КПЈ во Дрезден. Поради
револуционерната дејност, често е прогонуван и затворан. Во 1934 година
е изведен пред суд во Скопје со група револуционери и осуден на 4 години
робија. Казната ја издржува во Сремска Митровица. По 2 години е
амнестиран. Периодот од 1936 год. , па се до смртта на поетот, се
карактеризира со отворена и решителна борба за национална и социјална
слобода на Македонскиот народ.
Во почетокот на Мај 1943 година, заедно со уште седум другари
заминуваат преку Маврово и Никифорово во партизанска база на планината
Лопушник, каде била сместена партизанската печатница. Тука на 13
јуни 1943
год. загинал како жртва на едно
недоразбирање.
Во 1932 година заедно со А.Аксиќ и Ј.Ѓорѓиев, ја издава
заедничката збирка песни под наслов “1932”,
додека во 1939 година во Самобор
ја објавува единствената стихозбирка “БЕЛИ
МУГРИ” на
Македонски јазик. Воедно тоа е и
прво книжевно дело објавено на Македонски јазик во Југославија,
кое има значајни уметнички и непроценливи
книжевно-историски и национални вредности. Покрај тоа активно се
занимавал со проучување на Македонската историја и остави драгоцени
студии за Богомилското движење.
Пројавил жив интерес и кон литературната
критика и мошне значајни се неговите опсервации за македонската
литература и нејзиниот развој. Остави драгоцено литературно дело:
недовршениот роман “АФИОН”,
недовршената поема “ЈАНЕ САНДАНСКИ”,
извесен број ракописи со социјална
литература и др.
Рациновата работа над стиховите од Бели мугри е добро позната од
истражувањата вршени врз основа на зачуваните белешки и преписи на
песните од единствената збирка на поетот. Позната е неговата грижа над
секој стих, над секоја слика. Тоа е речиси работа на скулптор што од
големо, грубо и неделкано парче камен, изделкува стројна минијатура.
Споредбата е можеби пресилна, но точна за Рацин и за другите што во
негово време се обидуваат да пишуваат на Македонски јазик. Она што во
завршна форма, ни се чини мошне непосредно изведено, како метафорика на
таа поезија, всушност е резултат на долготрајно, макотрпно, барање на
израз соодветен на мотивот и на идејата.
Песната “Копачите”
е симбол на утрешниот ден, симбол на
борбата што ќе ја поведат оние “страдалници
од век”, “морните
копачки и копачи-на трудот црн народ”!
Тоа е и најреволуционерната песна на Кочо
Рацин од “Бели мугри”-
со која поетот низ метафори, но јасни
повикува “на работа, на труд”,
- всушност на Револуција. Поетот верува
дека работниците еден ден ќе започнат борба против оние кои ги
експлоатираат, кои ја користат нивната работа. Тој верува дека тоа ќе го
направат работниците од цел свет.
Рацин е основоположник на современата Македонска поезија.
Во оваа песна но и во останатите, тој ја
пронајде и темата на денот, го одбра и јазикот на кој можеше да им се
обрати на оние што само на тој јазик и сакаа да го разберат. Близок и до
формата на Македонската народна песна - тој комплетно му се доближи на
Македонскиот човек, ја изрази неговата мисла, неговата желба, неговиот
копнеж.
Кочо Рацин живееше, создаваше, се бореше и загина во пламенот на
Револуцијата, за она што ја означуваше нашата денешнина. Неговото име и
дело стојат во далечините на времето, како духовен светилник, достоен за
општонародна, општонационална почит и поклон.
Христина
Панева
на
почеток=
Гоце Делчев
Биографски податоци
Гоце
е едно од 10-те деца на Никола и на Султана Делчеви. Роден е на 23
Јануари по стар стил или на 4 Февруари по нов стил 1872 година во Кукуш,
Егејска Македонија. Тој е идеолог и организатор на
национално-револуционерното движење во Македонија при крајот на 19 и
почетокот на 20 век. Нижа гимназија завршил во родното место, а виша-во
Солун. Бил ученик на воената академија во Софија. Тајно ги посетувал
социјалистичките кружоци, читал и ширел цоцијалистичка литература. Затоа
бил исклучен од академијата.
Во 1894 година се вратил во Македонија и станал учител во Штип. Тука се
сретнал со Даме Груев, еден од основчите на ВМРО. Во условите на
уривањето на турскиот феудализам, што го сопираше развитокот на
макдеонскиот народ, Делчев, гледајки го ова зло, стапил во редовите на
штотуку формираната Македонска револуционерна организација (ВМРО).
-Не ги мразам Османлиите како народ, зборувал Делчев, туку се борам
против Османлиската империја, како систем на владеење. Јас се борам
за слободна Македонија, за широки права на сите сиромаси, без разлика на
вера, нација и јазик. Што се однесува со средствата со кои можело да
се изврши успешно ослободување на Македонија и нејзиниот народ, тој беше
категоричен:
-“Ослободувањето на Македонија се темели на
внатрешно востание. Кој мисли инаку, ги лаже и другите и себеси”.
Овие основни концепции на Делчев беа сржта на Статусот на ВМРО од 1896
година. Поради ваквите сеќавања, Делчев беше ценет и почитуван не само
од Македонците, туку и од другите сиромашни слоеви.
Делчев заедно со Груев кога учителствувал во Штип, а подоцна сам вцо
Бањско, Пиринска Македонија, успеал да ја рашири мрежата на ВМРО.
Бидејќи сакал наполно да и се посвети на оргазиционата работа, се
откажал од службата и станал таен организатор на каналите за пренесување
на оружје, илегална литература, формирање на месни комитети и чети за
ослободување на Македонија од вковното ропство.
На 4 Мај 1903 година, во селото Баница, Егејска Македонија, загина од
турска потера големиот син на македонскиот народ Гоце Делчев.
на
почеток=
|
|
|
ВАВИЛОН АКТИВНОСТИ
Превенција од насилство над
децата
Со оглед на тоа дека моменталната ситуација со децата
и младите во Србија е многу алармантна, кога е во прашање агресивното
однесување на нашите деца и млади , затоа во врска со тоа треба да се
превземат соодветни мерки и акции на сите нивоа кои се работат
на воспитување и образование на младите и
децата. Затоа од 27 до 30
Октомври 2005 година во
Јагодина (Србија и Црна Гора) се
одржа Конференцијата “Превенција од
насилство над децата"
во организација на Друштвото за
развој на волонтерската работа "ДР2
Јагодина" и
Учителскиот Фаултет од Јагодина под покровителство на Министерството за
просвета и спорт на Република Србија и Амбасадата на Финска во СЦГ.
Учесници на Конференцијата беа студенти, професори и асистенти на
факултетите во Јагодина, Ужице, Сомбор, Врање, Белград, Никшиќ,
Бјелина, Сарајево, Приштина, Скопје, Финска,
гости од Министерства, од Институтот за
Педагошки истражувања, од волонтерски центри.
Слушавме предавања на темата превенција од насилство: Блашко
Смилевски "Младите на Балканот",
Мр Сретко Дивљан
"Децата и насилството",
Викторија Поточник
"Превенција од насилство помеѓу врсниците во
училиштето",
Проф. Др. Светомир Бојанин "Училиштето
добива смисла само како центар за друштвен живот на учениците",
Др.Сц.Мед. Бранка Микиќ
"Насилството во училиштето-деца со оштетен
слух", Проф. Матти Мари, Мр Бранка Савовиќ
"Училиштето и агресивното однесување на
учениците".
Исто така имаше и паралелни сесии: Викторија Поточник (фондација
ЗАЈЕДНО, Љубљана, Словенија), Др Татјана Симовиќ од Заводот за заштита
на здравјето-Крушевац "Превенција од
насилство-модели на добра пракса",
Др Проф Александар Чолиќ
"Облици на насилство над децата со посебни потреби",
Елеонора Влаховиќ- Министерство за просвета
на Србија "Превенција од насилство во
училиштето" , Бранка Савовиќ - Институт за
педагошки истражувања-Белград, Организација на студентите
"Училиштето и насилството"
.Исто така имавме прилика да присуствуваме на постер презентациите на
факултетите и организациите на тема "Представување
на модели на добра пракса во превенција од насилството во училиштето".
Целта на конференцијата беше учесниците на неа подобро да се запознаат ,
да ги надминат културните и традиционалните разлики и сите заедно да
допринесеме со свои идеи во превенција од насилство помеѓу децата и над
децата и младите. Станавме свесни дека
насилството е насекаде околу нас , но сепак постојат решенија за да се
спречи тоа насилство. Толку насилство имаше во минатото, толку
многу насилство има денес во светот, така да со право тоа се смета за
едно од злата со кои се доведува во опасност опстанокот на човештвото на
оваа наша заедничка планета, односно во нашиот заеднички дом на нашата
зедничка човечка фамилија. Не треба многу памет за да се аргументира
сето ова. Да погледнеме и да размислиме за финансиите кои се издвојуваат
во светот за купување на оружје за уништување на човечки животи, а од
друга страна колкав е бројот на гладните луѓе без покрив над главата.
Ако малку подобро размислиме и реално ги согледаме нештата ќе видиме
дека и односите во самите семејства се променети. Во услови на
недостаток на вистинска комуникација во семејството, детето се врти кон
медиумите кои се преполни со насилство, кое го има дури и во цртаните
филмови кои највеќе влијаат врз детето. Во последните неколку години се
помалку се цртаните филмови во кои тема е : другарство, зачувување на
природата, љубов и сите оние убави особини кои ја красат една здрава
личност. После вака "квалитетно"
поминато време дома, детето и на улица се
сретнува со луѓе кои постојано се брзаат некаде и немаат разбирање за
другите. А училиштето е свет во мало. Ако училиштето го толерира
насилството тогаш детето кое е жртва или сторител на насилство ја прима
пораката и мисли дека е насилството дозволено. Таа порака има
последици како за жртвата така и за сторителот на насилството. На сите
овие причини се надоврзуваат и проблемите на земјата во транзиција која
е преокупирана со проблемите и барањата и
нема време сериозно да се посвети на решавање на проблемите на
насилството за кои се говори дури откако ќе се случи нешто сериозно.
Насилството над децата нема да запре само од себе. Сепак иако не изгледа
така сеуште има добри луѓе со добра волја кои се спремни да кажат СТОП
на насилството. Време е децата да престанат да бидат жртви, да почнеме
да го слушаме тој "човек во мало"
и да им овозможиме среќно , здраво и весело
детство, детство без насилство, детство од кое ќе излезе како потполно
оформена личност која е спремна за достоинствен живот.
Бита Малиш
Друштвото за развој на волонтерската работа-Јагодина
на
почеток=
Детски парламент на Македонија
Детскиот парламент на Македонија е основан на 9 Мај
1998 година во Скопје. Неговата стратешка определба беше да се направи
мрежа од Детски парламенти во градовите низ Македонија. И тоа се
направи. Така, веќе две години сме и ние
членови на ДПМ, однодно Свети Николе и сите деца во него. Живееме
во време на плурализам, што е одлика на демократијата на едно општество.
Така и Македонија зачекори и се повеќе завлегува во демократските
процеси, градејки притоа и своја демократска култура, демократска свест
за живеење на демократски начин. Детскиот парламент на Македонија
поретставува невладина организација која се темели на учење на
демократијата. Бездруго нејзините темели се на принципите и начелата на
ООН и нивната Конвенција за правата на децата. Развива богата и
разновидна дејност се со цел да постигне голема хумана, хуманитарна
демократска култура, а особено да создаде темели за култура на мирот со
мотивот МИР И ЉУБОВ ЗА ДЕЦАТА. Во текот на работата на ДПМ, се
организираат најразни манифестации, обуки, трибини, работилници кои
потоа прераснуваат во традиција на ДПМ. Таква манифестација е и
Новогодишната прослава на ДПМ која се одржува традиционално секоја
година. Оваа година се одржа на 24 Декември во Градското собрание на
град Скопје каде се собравме сите парламентарци од цела Македонија за на
свечен начин да ја прославиме новата година, односно да ја испратиме
старата 2005 година, а да ја пречекаме новата 2006 год. со една
заедничка желба: Мир и љубов кај сите деца и успешна работа на ДПМ во
текот на следната 2006 година. Оваа свеченост започна со обраќање на
неколку парламентарци за кратката историја и причини за донесувањето на
Конвенцијата за правата на децата, бидејки во неа се содржат сите права
кои ги има секое дете во светот и кои треба да му се овозможат, без
разлика на полот, верата, расата, бојата на кожата и др. Сите деца сме
еднакви и не треба да постојат никакви разлики меѓу нас. На ова
секојдневно треба да се потсетуваме ние, а особено и возрасните. Затоа
што многумина мислат дека среќата се парите, богатството, водата,
нафтата и други добра, но ние мислиме дека најголемото богатство се
децата.
Г-ѓа Грозда Данова, која е претседател на ДПМ им се обрати не сите
присутни со што ги прогласи двајцата нови лидери за изминатата 2005
година, Ивана Соколович-претставник од Неготино и Антонио Милошевски од
Скопје. А воедно беше доделена и диплома за најдобар град, односно град
кој што дал придонес за работата и организација на активностите на ДПМ.
Таа диплома ја добивме ние, одноисно ДПМ за Св.Николе. После ова имаше
мала забава на која се забавуваа, танцуваа младите парламентарци.
Најубаво е кога сите деца сме заедно, здружени во една заедничка сила
која не води понатаму во иднината, заедно да се бориме за исполнување на
нашите детски права.
Христина
Панева
на
почеток=
Еднодневна прошетка во
Струмица
Почитувани читатели на електронискиот весник на
Вавилон центарот од Св.Николе ќе имате можност да бидете запознаени со
еднодневната прошетка на младинците од Вавилон центарот Св.Николе во
Струмица.
Еднодневната прошетка во Струмица се однесуваше, односно беше предвидена
за посета на Струмичкиот Вавилон центар.
Да почнеме по ред:
Како прво пристигнаве порано од предвиденото време за да би имале малку
вреда да прошетаме низ прекрасната Струмица. Оваа еднодневната прошетка
се случи баш пред нова година и затоа малата прошетка низ Стумица беше
прекрасна, бидејки градот беше навистина прекрасно украсен. Сите ние
бевме импресионирани од убавината на градот. Шетајки и разгледувајки го
градот времето си поминуваше. Полека се наближувавме и кон нашата
зацртана цел а тоа беше посетата на Вавилон центарот од Струмица.
Нашиот пречек беше прекрасен од страна на
младинците и едукаторите. Како што е редот се запознавме со нив. Откако
се запознавме со нив, тие ни кажаа дека имале спремено една мала но
сепак многу убава претстава. Претставата се однесуваше за Божик. Таа
мала и прекрасна претстава се викаше "Како
Гринч го украде Божик".
Во претставата "Како Гринч го
украде Божик"
младите членови на Вавилон центарот од Струмица ни го беа прикажале
Гринч како тој не го сакал Божик, и дека се
би направил за да го сопре славењето на Божик. Тоа и успеаа да ни го
покажат. Но исто така и успеаа да ни покажат и како лошиот Гринч помогна
во организацијата во малото село Снегулија да се дочека Божик.
Сите што бевме присутни на таа претстава бевме многу задоволни и
срекни од неа, бидејќи на овој начин ни го честитаа и на нас присутните
Божик. По завршувањето на претставата ние како почесни гости бевме
пречекани со една новогодишна торта. Тоа беше едно изненадување за нас.
После претставата ни остана време и за дружење и забава со актерите од
претставата "Како Гринч го украде Божик"
.
Сето ова беше навистина прекрасно, бидејќи ние си запознавме нови
другари, за што говори фактот дека дружењето и забавата немаат граници.
Полека времето си помина, ние требаше да си одиме. Никој од нас не
сакаше да си оди бидејки ни беше навистина убаво со младите членови од
Вавилон центарот од Струмица. Сепак мораше да се почитува одлуката на
едукаторите. Се поздравивме со нив и како добри домаќини и другари ги
поканивме и ние да дојдат кај нас, во нашиот Вавилон центар во
Св.Николе.
И за крај си честитавме нова година и си посакавме се најубаво во
новата година.
Така помина нашата мала еднодневна прошетка низ прекрасната Струмица.
на
почеток=
5 години работа на Детско-Младинскиот Едукативен
центар Вавилон
Почитувани читатели во Петокот на 31 Март 2006 година
во големата сала на Општинското Собрание на Општина Свети Николе се
одржа свеченоста на која со пригодна програма прославивме 5 години
работа на Детско-Младинскиот Едукативен центар Вавилон.
На свеченоста пред преполната сала со своја програма настапија децата и
младинците од Вавилон Центарот од Свети Николе.
Инаку Вавилон Центарот Свети Николе функционира веке 5 години како
проектна активност на Организација на жени на Општина Свети Николе како
дел од Проектот за развој на деца и млади , администриран од Агенција за
Млади и Спорт на Република Македонија и финансиран од Светска Банка .
Основната цел на овој проект претставува социјална кохезија на младите
од ризични групи кои имаат различно социо-културно потекло.
Вавилон центарот е центар за деца и млади, каде
едуцирани, посветени, мотивирани, одговорни и комуникативни млади луге
во партнерство со локалната самоуправа, НВО, бизнис секторот, фондации,
донатори и родители развиваат демократска организациска структура со
мрежен управен систем, се со цел да младите корисници, преку образование
на врсници и неформално образование го изградуваат својот капацитет за
нивно активно вклучување во опстеството.
Вавилон Центар Свети Николе
на
почеток=
Сликање за еднаквост
Во 27 Ноември 2006, Организацијата на Жени во Свети
Николе и две доброволки на Мировен Корпус одржаа работилници за млади и
деца на тема еднаквост. После неколку кратки активности младите се
потикнаа да нацртаат цртежи за тоа што претставува еднаквоста и
нееденаквоста. Изработените цртежи беа изложени на изложбата која се
отвори на 04 Декември 2006 во Музејот на град Свети Николе.
На работилницата учествуваа следниве:
Ленче Сентовска, Емануел Петровски, Стефан Персеев, Петар Лазаров,
Иван Мастев, Ивица Наумов, Анета Сенева,
Викторија Стаменковска, Љупка Санева, Душица Ѓорѓиева, Дарко
Јованчевски, Никола Стаменковски, Рахела Ѓорѓиева, Моника Додева,
Македонка Стоилева, Александар Богатинов, Марјан Наумов, Ангела Арсова,
Деби Наит.
на
почеток=
Интервју со победникот на овогодинешниот фестивал за деца кој се одржа
во Струмица Драган Салтиров
1.
Од каде се појави желба кај тебе кон
музиката?
Оваа моја
желба кон музиката се појави уште во пето одделение кога имав точно
десет години. Сакав да пеам и бидам дел од
училишниот хор.
2.
Желбата е секогаш присутна, но некој тој
талент мора да го откри. Кој го откри твојот талент ?
Па, тоа го
направи мојот натавник по музичко при што веднаш ме прими во училишниот
хор.
3.
Следува сценски настап по тоа. Каде
се одржа тој ?
Првиот
сценски настап го имав во својот роден град Св. Николе во кино салата на
еден циркус, каде што се претставив со песната "Ангел
си ти" од
Тоше Порески.
4.
Си настапувал ли на наш детски фестивал
?
Имам
настапувано на два наши фестивали. Првиот беше во Штип кој се викаше
"Распеани Срца"
а другиот се одржа во Струмица
"Ребека Фест".
5.
Како млад изведувач кажи ни како се
чуствуваше на сцената на тие фестивали ? Срам , трема , или ?
На почетокот
тремата беше неизбежна , потоа бев возбуден и беше чудно , но малку по
малку се се преди и се тоа искезна.
6.
Со која песна настапи на детскиот фестивал
"Распеани Срца"
кој се одржа во Штип ?
На мојот прв
настап настапис со песната "Мојот Скутер"
.
7.
Кој беше автор на твојата песна ?
Песната
" Мојот
Скутер " ја напиша директорот на
првиот фестивал.
8.
Дали имате освоено некоја награда ?
На првиот
фестивал добив диплома од од публиката за освоено прво место , а на
вториот фествал добив диплома и статуа.
9.Кои
се вашите следни планови за понатаму ?
Прв проект
што треба да се реализира е еден фестивал во месец Март. Потоа се прават
некои подготовки за интернационален фестивал кој треба да биде одржан во
Прилеп , во октомври , ако во меѓувреме ми се пружи некоја друга шанса
тогаш најверојатно би ја прифатил
Магдалена
Ефтимова
Марјан
Наумов
на
почеток= |
|