македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Во овој број на нашиот електронски весник "ВАВИЛОН" може да прочитате за:

Здравје;

- Лековито дејство на зеленчуците;

- Матичен млеч;

- Пченица - зрно на животот;

- Кондом;

- ХИВ - СИДА;

- Нешто повеќе за птичјиот грип;

- Видови дроги- 2 дел;

 

Школа за млади екологисти;

- Видливи ефекти на климатските промени;

 

 

Приказни од планината;

- Освојување на Монт Еверест - Борче Јовчевски;

- Планината - возвишеност што привлекува;

- Кампување во планина;

- Опасности на планина;

 

Приказни од светот;

-  Светите карпи Метеори - 2 дел;

- Стоунхенџ-сведок на мегалитската култура;

- Авантура наречена Кели Тарлтон;

- Свети Николе - Мајами - Сиетл;

 

 

 

 

ПРЕТХОДНИ БРОЕВИ НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ ВЕСНИК  "ВАВИЛОН" (кликни)

 

 

 

ЗДРАВЈЕ

 

ЛЕКОВИТО ДЕЈСТВО НА ЗЕЛЕНЧУЦИТЕ

 

Што ги прави растенијата лековити?
Растенијата, повеќе или помалку се разликуваат според различни критериуми, меѓу кои доста значаен е и хемискиот состав.

Со улогата на одредени супстанции во растението, нивната акумулација во одредени органи како и делување врз човекот и животните откако истите ќе се внесат со исхраната, се занимава фитохемијата. Фитохемијата, од друга страна пак е тесно поврзана со фармакологијата - наука која го истражува делувањето на лековитите супстанции врз човечкиот организам, механизмите и брзината на ова делување, апсорбцијата и излачувањето како и третманите за соодветно заболување. Фармакологијата понатаму е во постојана релација со клиничката медицина.

Супстанциите кои ѓи одликуваат лековитите растенија припаѓаат на два типа метаболити:

- првиот тип се метаболитски производи од основен тип (шеќери), супстанции неопходни за изведување на животните процеси на растенијата создадени во текот на фотосинтезата во сите зелени делови на растението;

-  вториот тип се супстанции создадени во метаболизмот како секундарни продукти, најчесто при асимилацијата на азотот.

Честопати, овие супстанци изгледаат навидум непотребни на растението, но нивното терапевтско дејство е многу изразено, како што е примерот со етеричните масла, смолите и алкалоидите (опиум) и сл.

Најчесто, овие супстанции во растенијата не се јавуваат поединечно туку комплексно, надополнувајќи се взаемно и со самото тоа зацврстувајќи го своето дејство врз човечкиот организам. Дури и кога во растението само една супстанца има лековито дејство, таа е покорисна за човечкиот организам во оваа, природна, отколку во синтетска форма.

Во ова се согледува суштината на фитотерапијата, односно лекувањето со помош на растенија или супстанции од растително потекло,

Растителните состојки се во физиолошка рамнотежа со останатите состојки, што условува нивно подобро усвојување во човечкиот организам на кој и не делуваат штетно.

Денес, во фармацевтската пракса, стандардизирани се низа методи за издвојување на активните лековити состојки од растителните ткива.

Од интерес се следните супстанции: алкалоиди, гликозиди, сапонини, ароматични соединенија, горчливи соединенија, танини, етеричи масла и терпени, растителни масти, глукокинин, слузести материи, хормони и фитонциди.

Во зависност од лековитите својства на растението како и начинот на употреба (орална, со инхалација, надворешна-крем,маст, облоги и сл.) растителниот материјал соодветно се приготвува.

Најчести се смесите од повеќе растителни делови од различни лековити растенија, т.н. растителен микс или мешавина, кога растенијата претходно очистени се сушат во соодветни услови, лесно раздробуваат и се составуваат во одредени дози според потребата.

Нивната употреба понатаму е најчесто како изварок или чај, топол или ладен а истиот, процеден може да се користи и за облоги или инхалација.

Сепак, за екстракција на некои лековити состојки, оваа едноставна метода не е доволна и затоа се применуваат посложени техники на издвојување на бараната супстанца.

Екстрахирањето може да се врши како ладно или жешко-со вода, етилен или со вино, при што супстанцијата се извлекува од растението и преминува во растворот за потоа истиот со одредени методи да се згусне до бараната конзистенција.

Фитотерапевтско дејство на некои зеленчукови видови:

 

1. Кромид (Allium cepa L.).

Лековитото дејство се припишува на луковицата (Bulbus Cepae) која содржи етерични масла, шеќери, витамини и минерални соединенија. Се одликува со висока содржина на сулфурни органски соединенија (растителни антисептици) со антибиотско дејство.

Конзумиран во свежа состојба, кромидот го олеснува дишењето при посилни настинки, ја ублажува кашлицата, секрецијата од носниците. Делува како дезинфициенс и на дигестивниот тракт, ги смирува инфламаторните процеси во желудникот и цревата а исто така ги прочистува од паразити. Ја активира жолчката и бешиката со што влијае на прочистување на крвта, помага во исфрлање на токсините од организмот а воедно и го снижува шеќерот во крвта.

Облоги од мацериран (процес на екстракција) кромид се ставаат на убоди од инсекти или набиени места и модрици каде за кусо време помага на ресорбирање на крвта и намалување на болката.

Сушениот кромид нема никакво лековито дејство!

 

2. Лук (Allium sativum L.).

Лековитото дејство се препишува на свежите чешниња лук, собрани во поголема збирна луковица (Bulbus allii satvi).

Во нив се содржат етерични масла и сулфурно соединение алиин кое се распаѓа под дејство на ензимот алииназа во алицин, соединение со остар мирис. Алиинот, иако безмирисен, спаѓа во групата на сулфурни соединенија на луковото масло.Во чешнината исто така се содржи и значително количество јод.

Лукот се користи како силно средство за намалување на крвниот притисок, а исто така и за дезинфекција на цревата. Се применува во случај на грип поради изразеното бактерицидно дејство. Ја активира жолчката и се користи против цревните паразити. Го ублажува надразнувањето при убод од инсект но при подолго нанесување на кожата може да предизвика појава на егзема.

Во историјата (стариот Рим, Франција XII до XVI век) се наведува и како ефикасен отров.

 

3.Пиперка (Capsicum annuum L.)

Лековито својство имаат само лутите типови. Зрелите плодови (Fruktus Capsici ) се собираат рачно и се оставаат да се исушат во сенковито и провевно место. Приготвувањето е внимателно поради надразнувачкото дејство кое го имаат полутите типови (чили, феферони и сл. ). Плодовите содржат капсаицин, амид со силно надразнувачко дејство, потоа пигменти од групата на каротени, витамини С, В1, В2 и Е, масти и др.

Лековите на база на пиперка се користат најчесто надворешно. Се применува при запаление на градите. Орално аплцирана, го побудува лачењето на желудечниот сок и го поттикнува апетитот. Се користи и во приготвувањето козметички препарати-маски за проблематично лице и сл. Слатката пиперка е извонреден и богат извор со витамин С.

 

4. Тиква (Cucurbita pepo L.)

Се користат семките ( Semen Cucurbitae ) добиени од потполно созреани плодови. Тие содржат до 50 % масло за јадење, белковини, гликозид кукурбитин, смоли и др. супстанции.

Се применуваат за многу ефикасно истребување на цревните паразити- се јадат свежи, без лушпата. Свежиот сок од плодот од тиква има диуретичко делување и се препорачува при разновидни заболувања на бубрезите.

 

5.Морков (Daucus carota L.)

Се користи свеж, добро оформен надебелен корен (Radix Dauci sativi ), пасиран или како сок. Содржи големо количество витамин В, шеќери, пектин и пигменти. Каротините (провитаминот А) го подобруваат видот а особено проблемите кај луѓето кои не гледаат добро при самрак. Ги прочистува цревата од паразити, има диуретичко дејство и ја регулира дигестијата . Сокот од свеж морков се препорачува за лекување на воспалени крајници.

 

6.Магдонос (Petroselinum hortense L.)

Во пракса се користат плодовите и коренот на магдоносот (Fruktus, Radix Petroselini)- коренот се суши и меле а плодовите се собираат потполно зрели и се мацерираат. Растението содржи етерични масла (до 7% во плодовите, 5% во коренот) како и гликозидот апиин.

Има диуретско дејство и ги активира и прочистува бубрезите. Во помали количества го подобрува апетитот го помага варењето на храната. Во поголеми количества делува позитивно на зголемување на прокрвеноста на садовите за варење. Во многу големи количества има отровно дејство. Сокот од свеж корен од магдонос ги зараснува надворешните рани и го ублажува воспалувањето од убод од инсект.

 

7. Грав ( Phaseolus vulgaris L.)

Се користат зрелите мешунки (Fructus Phaseoli sine Semine), без семето. Зрелите, бледосмеѓи и добро исушени мешунки содржат аминоквасци (аргинин, аспарагин), витамин С, минерални соли, скроб. Имаат диуретски ефект и го снижуваат нивото на шеќер во крвта. Влегуваат во состав на растителните смески за подобрување на работата на бубрезите како и за лекување на дијабетис. Брашното од грав служи за правење на топли катаплазми за ублажување на тешки егземски форми.

 

8.Физалис (Physalis alkekengi L.)

Лековитото дејство се припишува на зрелите плодови (Fructus Alkekengi) во сушена форма. Содржат физалин ( горчлива материја ), алкалоиди, пигменти и многу витамин С. Овии супстанции го поттикнуваат излачувањето на мочната киселина а со тоа и ја подобруваат работата на бубрезите. Чајот од физалис се пепорачува на реконвалесценти после подолго заболување.

 

9.Ротква (Raphanus sativus L.)

Се користи коренот од црната ротква ( Radix Raphani nigri ) кој е богат со тиогликозиди, витамин С, провитамини од групата В и антисептици. Се применува свеж со изразено лековито дејство при жолтица и болести на жолчката. Исто така го подобрува метаболизмот и дигестијата.

 

10.Ревен (Rheum palmatum L. var. tanguticum Maxim.).

Се собира лисната розета заедно со корените (Radix Rhei) од 5-7 годишни растенија. Се користи во сушена форма. Содржи гликозид антрахин, антранол и антрон како и слободни антрахинони.

Во помали количества има антидиуретско дејство а во поголеми делува прочистувачки на организмот. Го побудува апетитот и го забрзува варењето на храната.

 

Дејан ГИЧЕВ

дипл.инж.агроном

градинаро-цвеќар

  на почеток=

 

Матичен млеч

 

Во втората половина на 19 век и во почетокот на 20 век, се одвива невиден технолошки развој. Во тој период дојдено е до нови сознанија и во здравството. Започнато е со широка примена на лекови и вакцини, кои скоро и да ги искорениле големиот број на многу тешки и за живот опасни болести. Човековиот век се зголемува, а животот станува поквалитетен.

Со воведување на сулфонамидите и антибиотици во редовна терапија, овозможено е спречување и на најтешките болести, а со тоа и спречување на масовни епидемии.

Со зголемување на земјоделските приноси, се зголемува и потрошувачката на ѓубривата, а количините на природни ѓубрива веќе не се доволни за производство на нови видови растенија, па се воведуваат синтетски минерални ѓубрива. Тука веќе почнува да се чувствува негативното делување на синтетската хемија. Приносите на растителна храна и намирници од животинско потекло произведени со помош на тие сретства се поголеми, изгледот на храната многу поубав, но доаѓа до модификација на природните особини на храната. Ако на сето тоа се додадат и разните пестициди, хербициди и сретства за зголемување на приносот а за намалување на вегетативниот период, добиваме производи кои се само во далечно сротство со своите првобитни облици. Храната станува убава, а ја губи својата функција да не храни, да ни дава енергија, да ги полни депоата на организмот со витамини, минерали и други супстанции кои животот го чинат поздрав.

За жал, слично е и со лековите. Иако, на почетокот од своето откривање делувале чудесно, по откривање на сулфонамидите се мислело дека е идеален лек за сите болести (една единствена доза ги лечела скоро сите до тогаш откриени болести) и лековите брзо покажале дека нема супстанција со само едно лице. Кога е забележано дека бактериите стануваат резистентни на постојните дози, дозите се зголемувале. Пронаоѓани се нови и појаки супстанции, за да можат да се изборат со веќе резистентните предизвикувачи на различни инфекции. Новите, секако појаки лекови, станувале и поопасни за човекот. Пр. 40-тите години од XX век, тукушто откриените антибиотици се давале во милиграмски дози, а сега и најјаките од нив се даваат во дози кои се мерат во грамови. Денеска се среќаваме со бактерии кои практично се отпорни на сите познати сретства. Станува збор за Болнички ифекции, или Супер инфекции, кои настануваат во храмовите на здравјето, во болниците.

Во природата која не опкружува, има многу работи кои се против нас. Дали сме ние сами криви за таквиот одговор на природата. Дали имаме можност да го исчистиме нашиот организам од адитиви, вештачки бои и ароми, други додатоци кои се додаваат во храната и напитоците, на растенијата и животните.

Имаме можност, благодарение на природата, која се потрудила да не заштити од нас, самите. Треба што повеќе да сме на чист воздух, да користиме непреработени природни производи. Најдобар и најправилен избор е чиста, биолошки исправна храна. Покрај тоа што храната ни дава градивни елементи, ни дава енергија, таа има заштитна и превентивна улога.

Сакам да зборувам за еден инсект, кој што се што ќе произведе, работи во корист на човекот. Сигурно погодувате, тоа е пчелата со нејзините 6 производи, а ќе се задржам најмногу на само еден најзин производ, кој е добиен во соработка на пчелата, цвеќето и сонцето,

МАТИЧЕН МЛЕЧ.

Пчела:

Настанале пред повеќе од 50 милиони години, живеат во полиморфно друштво, организирани во колонии кои може да имаат 30 000 до 100 000 единки. Полиморфизмот на медоносната пчела настанал со поделба на функциите помеѓу поедини членови на друштвото, што придонесло до совршено работење. Ваквата организација на друштвото придонесло до губење на способноста на неговите членови за самостоен живот. Зависат едни од други, и надвор од таа заедница не можат долго да опстанат.

Пчелините производи се прави ремек-дела.

Медот со векови останува во исправна и биолошки полновредна храна, прва слатка супстанција која човекот ја користел, бил единствен засладувач се додека не се појавил белиот шеќер.

Пчелиниот восок долго време се користел за осветлување на домовите, а и денес наоѓа голема примена во козметологијата

Поленот се користи за специјална исхрана и во козметологијата

Прополисот се повеќе се користи како антивирусно сретство

Пчелиниот отров наоѓа се поголема примена во медицината како антиревматско сретство

Матичен млеч :

Први почнале да го истражуваат Руските научници.

Уште на почетокот на XX век, Руските академици добиле една голема задача да изнајдат природен производ кој ќе биде адаптоген, кој ке придонесе за зачувување на здравјето на оние работници кои работат во тешки и многу тешки услови на работа, пред се, мислеле на работниците кои работеле во рудници, во подморници, леарници, космонаути, истражувачи во поларните области, на спортистите. Овие работници многу брзо психо-физички се трошеле, многу рано оделе во пензија, а остатокот од животот го трошеле во отстранување на последиците, стекнати од таквиот начин на работа, наместо да уживаат во деновите после пензионирање. Многу од нив не ја дочекувале заслужената пензија, прерано завршувале со животот. За таа цел, Руските научници, испитувале над 30 000 природни производи, за на крајот од десетгодишната напорна работа да продолжат со понатамошно испитување на Матичниот млеч, кој покажал најсилно регенеративно делување на човековиот организам, како најсовршен природен производ.

Но и покрај својата совршеност, и матичниот млеч имал една голема негативна особина, а тоа е неговата стабилност. Биле потребни уште околу 10 години за стабилизација на Матичен млеч. Бил стабилен најмногу 48 часа откако ќе се извади од кошница, за која нестабилност била одговорна водата која во Матичениот млеч ја има околу 70%. Тоа го знаеле и пчеларите и пробале да го стабилизираат Матичниот млеч но ништо не успеало во тоа, освен смрзнување кое порано и не било многу можно. Стабилизацијата им успеала на Руските акаемици со примена на Лиофилизација, постапка со која се одзема вода од некоја супстанција во нашиот случај Матичен млеч, со смрзнување и до -50оC, која ниска температура не му пречи. Во посебни апарати наречени Лиофилизатори, под вакуум, водата го напушта системот. Сега имаме Матичен млеч со само 5% вода, која не му пречи Матичниот млеч да остане стабилен и до 2 години, доколку е добро херметички затворен.

Било каде да најдете Матичен млеч, доколку е лиофилизиран тој е оној вистинскиот за употреба. Ако пак е измешан со мед, прополис, алкохол, неговото дејство е поминато, тој нема да биде токсичен, но нема да го има оној биолошки ефект кој ние го очекуваме од него.

Нативен Матичен млеч е бела, густа сирупеста течност, со киселкаст вкус, со стоење посивува. Го произведуват пчели доилки во една кошница со своите подждрелни и подвилични жлезди, од материјал кој е донесен од пчели работнички (полен, пчелин нектар, вода), се, само за исхрана на ларвите во првите 3 дена од ларвениот развитек. Потоа ларвите продолжуваат да ги хранат со мед, полен, вода ... Само една ларва продолжуваат да ја хранат со Матичен млеч, не само до крајот на својот ларвен развиток, туку до крајот на својот живот. Од сите ларви настануваат пчели, од ларвата која целиот живот ќе се храни со Матичен млеч, настанува малото чудо на природата, Кралицата на пчелите или МАТИЦА.

МАТИЦА, поради специјалната исхрана се разликува од останатите пчели по многу феномени. Двојно е поголема и двојно потешка од останаттите пчели. Додека животот на пчелите се мери во денови од 40 до 60 денови, животот на матицата се мери во години 5, 6 па дури и 8 години. Има релативно позакржлавени крилја, за разлика од останатите пчели, затоа што само еднаш во животот ја напушта кошницата. Тогаш ја оплодуваат мажјаци - трутови, и предаваат околу 5 милијарди сперматозоиди, таа се враќа во кошницата, и ги оплодува нејзините јајце-клетки со тие сперматозоиди, целиот свој живот. И еден голем феномен поврзан со матицата, како е можно сперматозоидите да останат здрави и витални толку долго по напуштање на телото на мажјакот. Во телото на Матицата има депоа во кои се сместени сперматозоидите кои пливаат во секогаш свеж Матичен млеч. Таа во репродуктивните периоди од животот, дневно може да снесе над 2,5 илјади јајца, чија вкупна тежина е 2 до 2,5 пати поголема од нејзината тежина. Таа е единствена женка која е задолжена за репродукција во една кошница. Таа ја координира работата на сите единки во кошницата и покрај големиот број 30 до 100 000 пчели.

Хемиски состав

Вода

60 - 70%

Сув остаток

30 - 40%

Протеини

10-18%

Масти

1,5-7%

Шеќери

9-15%

Хемискиот состав е познат многу одамна, но се повеќе се проучува и не само во Русија, туку и во Америка, Германија, Франција...

Денес со сигурност се знае дека:

- vo proteinite sodr`i albumini, globulini, amino kiselini i 8 esencijalni amino   kiselini

- во мастите содржи незаситени масни киселини кои се слични на растителните, а животинските се повеќе ги отфрламе од нашата исхрана, поради негативните дејства врз нашиот организам, посебно кај кардиоваскуларните заболувања

Во состав на мастите, содржи и 10 HDA или десетхидроксидеценска киселина која има особина да спречува раст на малигни клетки.

- во состав на шеќерите содржи глукоза и фруктоза чија енергија клетката многу лесно ја искористува

- Минералниот состав на ММ е многу богат со макро и микро елементи

K, Na, Ca, P,Mg, Fe, Co. Cr. Cu, S, Bi, Au.......

Кога би прашале еден нутриционист, специјалист за здрава храна, каков состав на храна треба дневно да примама, би ни препорачал состав на храната кој е многу сличен на составот од Матичниот млеч.

Иако Матичниот млеч не е лек ниту помошно лековито сретство, се користи како превентива и за помош при лекување кај многу заболувања. Тој се користи како имунотоник, биорегулатор и биостимулатор, кај деца и возрасни, кај здрави и болни, кај спортисти, кај студенти кои трошат многу енергија за спремање на испити, кај вработени кои физички и психички се исцрпуваат на своите работни места.

Може да се користи кај кардиоваскуларните заболувања во отстранување на маснотиите во крвта и во регулирање на крвниот притисок, за смирување на нервниот систем, во детоксикација на организмот, поточно исфрлање на сите токсини кои се натрупуваат во хепарот со внесување на токсини од храна, напитоци, лекови, и др., во геријатрија и кај рековалесценти, во педијатрија, во нормализирње на функициите на жлездите со внатрешно и надворешно лачење....

Едноставно, пробајте го животот со МАТИЧЕН МЛЕЧ и ке осетите разлика

Слободанка ФИДАНОВСКА

 

  на почеток=

 

Пченица-зрно на животот

 

Пценицата е една од најважните билки која човекот ја одгледува од дамнина. Едногодишна билка која припаѓа на семејството треви (роасе) Цветовите се соберени во облик на клас. Пченичното зрно се состои од вода ,органски материи- сахароза ,малтоза ,глукоза ,фруктоза скроп целулоза ,белковини, масти ,фосфатиди, восок , витамини , ензими и минерални материи. Зрното најмногу содржи скроб 65-68% и белковини од 8-15%, од кои најважни се глијадин и глутелин. Тие во вода набабруват и заедно прават лепак ,кој при мешањето го обликува тесто и на крајот ја овозможува шупливоста на печениот леп. Мастите во зрното ги има малку (1,25-3%),и најголемиот дел е во никулецот. Витамините се од Б- комплексот ,но содржи и витамин А,Ц Е.

Минералните матери најмногу се распоредени во зрното од обвивката во алеуронскиот слој. Тоа се: фосфор, калиум, сумпур, магнезиум, калциум, натриум, силициум, бром, арсен, хром, бакар, кобалт, цинк, никел, железо, манган, бор...Главни елементи се калиум (0.35%), фосфор (0.45%), магнезиум (0.10%)

Силата на зрното пченица ја прави хармонијата од никулци, брашното најмалку вредниот скроб. За жал, денес вредноста на овие елементи е превртена, па од таа чудотворна храна се добива бело брашно и се пече бел леб. Таквото брашно и лебот губат, бидејки со печењето се уништуваат ензимите од зрното на пченицата, односно брашното. Евреите во старо време правеле здрав леб од полно зрно така што тестото го развлекувале и оставале да се суши на сонцето. Тажно е што современиот човек го отфрла енергетската и виталната моќ на пченицата-никулецот и житарките. Со отстранување на никулците човекот не се откажува од втаминот Е кој е исклчително протв шекерни болести, болести на срцето, ракот, туку целото семејство на витаминот Б, кој е неопходен за нервна урамнотеженост. Триците (меќињи) имаат исклучитело лековито дејство и се важен заштитник на дебелото црево и против многу други болести. Триците се најбезбедни и најевтини и во физиолошки поглед најбезбеден метод за лекување превенција од тврда столица. За триците одамнина се пишувало дека постојат во секој дом, но малкумина знаат дека тие имаат лековита моќ. Впрочем, не е тешко да се стави една лажица трици или никулци во која било салата за јадење. Нема да се забележи а користа е повекенаменска.

 

  на почеток=

 

Кондом

 

Кондом запакуван во типично пакување :

Кондомот е сретство , (изум) , обично направен од латекс , што го покрива машкиот полов орган (МПО) за време на половиот однос за да се спречи ризикот од бременост или сексуално преносливи болести (СПБ) како што се : гонореа, сифилис и СИДА. Кондомите што така често се користат за да ги одржат секси играчките чисти, го прават чистењето полесно , и во случај да играчките ги користат двата партнери, обезбедуваат заштита од (СПБ). Кондомите не обезбедуваат заштита од сите (СПБ). Тие се исто така познати и како профиластици , како и број на сленгови како што се гумички, гуми.

Народната етимологија тврди ,без основа ,дека зборот <кондом< е избеден од “Др.Кондом” или “Куондам” , КОЈ ГИ НАПРАВИЛ ЗА Кралот Чарлс II од Англија. Нема никаков доказ дека постоел “Др.Кондом”.

 

Преглед

Кондом направен од животинска кожа околу 1900.

Првите напори за правење кондоми ја вклучува употребата на протнување, ткаенина, (структура). Тие очигледно не беа успешни. Најстарите успешни кондоми беа направени од овча утроба (стомак) или друга животинска мембрана. Овие и денес се во употреба поради нивната огромна можност да ја пренесуваат телесната топлина и допирливо чувство баливо со синтетичките кондоми, но не се успешни во спречувањето бременост и болести. Масовно произведување на кондомите започна во средината на 19 век,кратко по измислувањето на гумено-вулканизерскиот процес. До 1930 г. кондомите беа правени од гума;тие биле сеуште многу незгодни , неудобни и скапи и затоа недостапни ни на мал дел од населението. Кога латекс кондомите најпосле станаа достапни во доцните 1930 , тоа беше чекор напред во ефикасноста и овозможувањето . Во секој случај , пред средината на 20 век многу места ја исклучуваа продажбата на кондоми , и многу подоцна ја одобрија нивната продажба "само за спречување на болести " . За време на оваа забрана , ,тие имаа многу надимци како Што се " гумени сунгерчиња " . Едно од најстарите брендови за кондом е " Среќни Вдовици " .

 

Незавиткани латекс кондоми

Латекс кондомите се пакувани во свиткана форма , и се дизајнирани да бидат нанесени на врвот од МПО и потоа да се развитка преку набрекнатиот МПО . Тие имаат исправна и неисправна страна кога се развиткуваат , и првото нешто кое корисникот треба да го знае е од која страна да го намести.

Секој допир на МПО со погрешната страна на завитканиот кондом пред отварањето потенцијално ја загадува надворешноста со телесна течност уништувајќи ја намената на кондомот.

Постарите латекс кондоми беа многу слични, но подоцна некои имаа резервен врв за излачување на исфрланата семена течност. Една поранешна иновација “Кратко контрацептивни сретство” ја покриваше само главата на МПО. Овие не беа употребливи кондоми, бидејќи се уште имаше контакт меѓу генеталиите на партнерите и телесната течност можеше лесно да се излие од капата.

Последниве децении, во секој случај производителите на кондоми имаат разновидност од бои, големини и облици. Вкусовите или дизајните имаат стимулативни можности и се некогаш додадени. Ваквите стимулативни можности вклучуваат зголемени врвови или ќесичките за подобро да одговараат на МПО и предна (текстилна) површина како што се ребрата или патентот (нитна, мали отвори). Многу кондоми имаат додадени спермидични сретства за подмачкување, но не е успешна замене за одделна спрермиудична употреба.

Кондомите направени од природни материјали (оние обележани со “јагнешка кожа” направени од јарешки intestines) не се толку успешни во спречувањето на болести. Некои компании денеска исто така прават кондоми од полиетилен и полиретан, очекувајки да бидат успешни но помалку тестирани од Латекс. Овие кондоми ја имаат предноста да бидат контрацептивни со (основно-маслено подмачкувачи). Исто така можат да бидат употребувани од луѓето алерѓични на Латекс.

Како метод на контрацепција, кондомите ја имаат предноста за касно употребливи, да имаа споредни ефекти, и давајки заштита на сексуално преносливите болести. Со типична употреба, кондомите имаат 85% успешност за спречување на бременост-но со правилна употреба и успешно местење успешноста се качува 98% со приближна успешност се комбинираат “Вагинални сперматици” или “орална контрацепција”. Меѓу нивните маани, многумина се жалат дека ставајки ја нарушуваат предиграта и водењето на љубов. (Друѓи пак кои го споиле користењето кондоми како дел од целиот процес на сексуалната активност пак не го земаат ова во предвид). Поради очигледни пречки на кожите сензорната стимулација се жртвува, предизвикувајки кај некои луѓе отфрлање како ограничувачи на нивното задоволство (кај овој ефект може многу да придонесе соодветно нанесување на внатрешни или надворешни подмачкувачи). Во секој случај, жената може да учествува во решавањето на овој проблем со вежбање на нејзините вагинални мускули особено рубисот. Овие повлекувања на кондомите меѓу другото се често цитирани како причина од оние кои решавале да не ги употребуваат.

 

Неуспех на кондомите

Повеќето кондоми се неуспешни, поради нивната неправилна употреба. Ова доведе да некои истражувачи предложат соодветно на возраста-сексуално образование што вклучува како да се употреби кондомот правилно. Студијата FHI од 1994 година покажа дека многу од корисниците се неискусни. Според Светската Здравствена Организација кондомите се успешни 97% за време од 12 месеци, кога се употребуваат правилно и постојано.

Друга можност да е кондомот неисправен е саботажа. Еден мотив е да се има дете против желбата на партнерот, кои ги прават и мажите и жените. Саботерот обично го продупчува врвот на кондомот повеке пати пред употреба. Ова може да резултира со несакана бременост кај едниот од партнерите и се гледа како кукавички и неетнички чин. Всушност, барем 1 вебсајт обезбедува совет на жена која саботира која сака дете против волјата на мажот. Саботажата како тинејџерска шега беше прикажана во Јапонскиот филм “Пиканчи”.

Еден метод на испитување на кондомот за микроскопски дупки вклучува кондомот да биде навлечен со друг на другата страна на кондомот. Ако кондомот не спречува проток на електрично струење од текот на струјата помеѓу 2 водечки форми, паѓа на тестот. Дупки во кондомот се неможни ако условите за правилна употреба ( види подолу ) се следни:

Правилна употреба:

Употраба на машки кондом го вклучува следново:

-Кондомите никогаш не треба да биде чуван на топли места како што се прегради за ракавици во автомобилот, или новчаници чувани во чеб близу до телото, како продолжено изложување на топлина го уништува латексот.

-Остри нокти можат да го оштетат кондомот.

-Кондомот е најдобро да се става на набрекнат МПО веднаш штом ерекцијата е постигната и пред да биде направен контакт со друго тело што треба да биде ставен пред контактот со вагината или анусот.

-Повлекувањето на кожичката на МПО пред ставањето на кондомот ја зголемува мобилноста и го намалува ризикот од пасипување при сексуалниот чин.

-Спермиуидот Nonoxunol-9 го зголемува ризикот од пренесување на СПБ со предизвикување на мали засекотини на видот на вагината.

 

  на почеток=

 

ХИВ-СИДА

 

Дали знаевте дека секој ден 6000 млади луге се инфицираат со ХИВ. Односно на секој 15 секунди, по еден млад човек се инфицира со вирусот ХИВ. Сега сигурно ја сваќате опасноста која е пред нас. Вирусот кој ја предизвикува СИДАТА се нарекува ХИВ вирус. Лицето кој е носител на ХИВ вирусот, која ја предизвикува СИДАТА се нарекува ХИВ позитвно лице, тоа изгледа нормално и живее најобичен живот и по ништо не се разликува од другите.

Првите знаци дека ХИВ вирусот преминал во болест со симптоми на СИДА можат да се јават после 1 година па се до 15 години од денот на заразувањето. ХИВ вирусот во организмот е причина за: намален имунитет, чести инфекции, појава на разни болести...ХИВ инфекцијата е доживотна и неизлечива, краен стадиум на ифекцијата е СИДА, а СИДАТА е смртоносна болест.

Единствен начин да се утврди ХИВ статусот е преку правење на ХИВ тест. Важно е да се запомни дака ХИВ може да се пренесе преку заразена крв, сперма , вагинален секрет и мајчино млеко. Затоа еве ви и неколку совети за превенција од ХИВ инфекција:

  • Иглите и шприцевите се само за една употреба и никогаш не ги допирај фрлените игли и шприцеви;

  • Секогаш користи само свој прибор за лична хигиена;

  • Заштити се при допир со туѓа крв;

  • Побарај твојот лекар и стоматолог да користат заштитна опрема;

  • Единствено сретство кое може да те заштити од СИДА и сексуално преносливи инфекции е правилната употреба на кондомот;.

Секако оваа опасност е присутна и во нашата држава, каде што првиот случај на ХИВ е забележан во 1987, а на сида во 1989. Бројот на инфицирани изнесува 69 лица, од кои 51 се заболени од сида, а 18 од ХИВ. Но жалосно е тоа што од горе спомнатите 51 лице заболени од СИДА 49 се починати.

Во светот 510.000 деца под 15 години умреле во текот на 2004 год. најчесто по вина на нивните мајки. Се проценува дека до 2010 година нови 45 милиони луге во 126 земји ке бидат инфицирани со ХИВ. По повод 1 декенври светскиот ден на СИДАТА во нашиот град беше органозирана прослава со едукативен карактер на која беа делени пропагандни материјали и беа читани едукативни пораки за превенција од ХИВ вирусот.

НЕ СТРАВУВАЈ информирај се за ХИВ/СИДА, и применувај ги правилата за заштита

 

  на почеток=

 

НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА ПТИЧЈИОТ ГРИП

 

Болеста на птичијот грип првпат се појавила во 1918 година заразувајки голем број на луге, усмрти (според некои извори) повеќе од 40 милиони луѓе. Жртвите од оваа епидемија се поистоветуваат со жртвите од првата светска војна. Болеста се појавува епидемиски на 30-40 години. Иако постојат мутации на вирусот, овој вирус не мутирал уште од почетокот на 20 век. Заразата е зооноза,т.е. се пренесува преку животните, во овој случај пренесувачи се птиците. Човекот се заразува конзумирајки јајца, пилешко месо од заболено пиле, кокошка контиминирана со вирус на птичји грип.

Вирусот е отпорен на ниски температури, додека високите го убиваат. Птиците како пренесувачи умираат од птичијот грип, и до колку невакциониран човек заболи, и на време не се спречи прогредирањето на болест. Значи вакцина постои за профилакса, а ако организамот не постигнал активна имунизација, заболува со летаргични симптоми, значи се јавуваат брзо и нагло болки по целото тело, мускули и зглобови, повраќања , истоштеност. Доколку во оваа фаза организмот не прими симптоматска и каузална терапија вирусот напредува поминувајки ја хемотелфалната бариера и заболуваат бнатрешните витални органи, вклучувајќи го и мозокот што доведува до нови воспаленија, има можност да бираат летален усход т.е. смрт на болниот.

По неговото прво појавување во Кина во 1997 година вирусот мутираше, стана посилен и посмртоносен и уби огромен број разновидни птици. Кинески научници го следат вирусот Х5Н1 уште од неговото прво појавување во Хонгконг во 1997 година. Вирусот излезе од кинеската провинција Гуангдонг, каде што носители беа гуските, и многу ги погоди кокошките во Хонгконг.

Научниците предупредуваат дека постои голема веројатност вирусот на птичјиот грип Х5Н1 наскоро да мутира во форма што ќе се пренесува од човек на човек.

Пандемија е можно само доколку митура вирусот на птичјиот грип. Луѓето од мутираниот вурус немаат никава отпорност. Ако наскоро тој прерасне во тип што може да се пренесува од човек на човек, светот тешко ќе се одбрани.

Како и сите други вируси на грипот и Х5Н1 најбрзо се шири од уста на уста. Но, луѓе, како луѓе, постојано си ги допираат устата и носот, па телесните течности се шират и со допир.

Грипот, кој пред векови ја десеткувал домородната популација во Америка, ќе се покаже пострашен од сите познати заразни болести. Сидата уби 34 милиони луѓе, но таа се појави пред 20 години. Грипот во 1918 и 1919 година уби меѓу 20 милиони и 100 милиони луѓе за 18 месеци.

 Истражувачите веруваат дека двете други големи пандемии на грип во 20 век, во 1957 и 1968 година, биле предизвикани од човечки вируси на грип, кои имале два или три клучни гена од вирусот на птичјиот грип. Меѓутоа, тие веруваат дека грипот од 1918 година, најверојатно, во целост бил вирус на птичји грип кој се адаптирал да дејствува врз луѓе.

Голем број експерти веруваат дека е само прашање на време кога Х5Н1 или сличен вирус ќе предизвика многу смртни случаи меѓу луѓето, најверојатно откако ќе се комбинира со човечкиот вирус на грип. Од пресудно значење е тоа што мутациите идентификувани од страна на американските истражувачи се пронајдени во гените кои ја контролираат способноста на вирусот да се копира во клетките-домаќини. Истражувачите изјавија дека овие мутации му помогнале на вирусот од 1918 година поефикасно да се реплицира. Во оваа фаза тие велат дека вирусот Х5Н1 има само една од овие мутации, а не сите. Меѓутоа, овие мутации би можеле да бидат доволни за да се зголеми вирулентноста на вирусот и му даваат потенцијал да предизвика сериозна инфекција кај луѓето без претходно комбинирање со познатиот човечки вирус на грип.

Птичјиот грип може да однесе повеќе жртви отколку традиционалните заразни болести, како маларијата и туберкулозата во изминатите децении - изјави докторот Мајк Остерхолм од Универзитетот во Минесота.

Некои научници проценуваат дека птичјиот грип може да зарази една четвртина од светската популација во исто време. Болниците ќе бидат преполни и ќе бидат центри на зараза.

Птичјиот грип го предизвикуваат вирусите на грипот А (Х5, Х7 и Х9), но постојат и подвидови на вируси.

Заради сето ова прочитајте и придржувајте се на препораките на Управата за ветеринарство на Република Македонија.

 

Основни податоци и препораки за птичјиот грип


Управата за ветеринарство на Република Македонија со цел да ја запознае пошироката јавност, објави флаер со основни податоци за болеста Авијарна инфлуенца попозната како Птичји грип и за правата и обврските при нејзина евентуална појава.


   ПТИЧЈИ ГРИП

   ШТО Е АВИЈАРНА ИНФЛУЕНЦА ИЛИ ПТИЧЈИ ГРИП


   Авијарната Инфлуенца или Птичјиот грип претставува заразна, вирусна болест на домашната живина и дивите птици. Спрема својата патогеност (способност да предизвикува болест) вирусот на птичјиот грип се дели на:

   * Високопатоген - предизвикува тешко заболување со висока смртност (до 100%)
   * Нископатоген - предизвикува главно благи симптоми на болест, а во случај на секундарни инфекции сериозна болест со смртност и до 50%
   Некои нископатогени соеви можат да мутираат во високопатогени.
   Вирусот што циркулира во земјите на Азискиот континент, потврден во Романија и Турција, и кој представува опасност по здравјето на луѓето и живината е високопатогениот под сој Х5Н1.


КОЈ СЕ ЗАБОЛУВА ОД ПТИЧЈИОТ ГРИП?


   Од домашната живина најчесто заболуваат кокошките и мисирките, додека кај патките и гуските се развиват благи симптоми на болест. Дивите птици кои живеат покрај вода, особено дивите патки, природно се отпорни на болеста и не покажуваат клинички знаци на болеста. Според тоа, тие претставуваат резервоар на вирусот и главна опасност за ширење на болеста меѓу домашната живина.


   КАКО СЕ ПРОШИРУВА БОЛЕСТА?


   Болеста кај живината лесно се пренесува со директен контакт меѓу заболените и здравите птици. Како извори на инфекција се сметаат:

   * издишаниот воздух;
   * изметот;
   * лешевите од угинатите птици и
   * предметите и околината контаминирани од нив


Болеста на големи далечини се пренесува со птиците преселници (најчесто диви патки и гуски, но и други главно водени птици), кои на патот на преселба застануваат на одмор и доаѓаат во контакт со домашната живина. Во земјата, болеста се шири со движење и контакти на заболената живина со здрава живина. Во ваквото ширење на болеста човекот има многу важна улога бидејќи со својата облека, обувки, опрема, возила и транспортот на живината многу лесно го пренесува причинителот на болеста.

Покрај овој начин, поретко болеста може да се внесе со увоз на жива живина, и производи од живина (необработени пердуви, јајца за несење).
  

КАКО СЕ ПРЕПОЗНАВА БОЛЕСТА ВО ЈАТОТО?


Болеста во јатото се шири исклучително брзо. За многу кратко време оболуваат речиси сите единки во јатото. Болеста ја карактеризира висока смртност при што најголемиот дел од заболените птици ќе угинат.


Од клиничките знаци во заболеното јато може да се приметат:


 * голема депресија и неземање храна;
 * драстично намалена несивост на јајца;
 * отоци на главата и вратот;
 * Поткожни крварења;
 * нагла смрт која може да достигне до 100 отсто во јатото


Затоа, секоја зголемена смртност на живината во Вашето јато задолжително треба веднаш да се пријави до најблиската ветеринарна станица или до ветеринарниот инспектор. Управата за ветеринарство воведува дежурна служба која може да се добие на телефонот 02-3112 205 секој ден до 22 часот.


   ШТО МОЖЕ ДА НАПРАВИТЕ ЗА ДА ЈА СПРЕЧИТЕ ПОЈАВАТА НА ПТИЧЈИОТ ГРИП


Специфични мерки за заштита на јатото не постојат. Во секој случај треба да се преземат неспецифични заштитни мерки како:

   * Оневозможување контакт на дивите птици и домашната живина (поставување заштитни мрежи, држење на живината во затворени и заштитени објекти)
   * Спроведување на мерките на биосигурност на фармите
   * Оградување на фармите
   * Поставување дезбариери и редовно чистење и дезинфекција на сите површини
   * Користење заштитни одела, обувки, маски
   * Хигиена на персоналот
   * Дезинфекција на возилата при влез на фармата
   * Забрана на влегување на неовластени лица во фармата
   * Ремонт на јатата со живина од контролирани и здрави јата
   * Почитување на принципот "сите внатре - сите надвор"
   * Да се избегнува чување патки, кокошки и мисирки во ист двор
   * Секое сомневање на болест обврзно да се пријави на ветеринар


  

МАКЕДОНСКИ ПРОПИСИ ЗА СУЗБИВАЊЕ НА ПТИЧЈИОТ ГРИП


При евентуална појава на болеста во Република Македонија, се преземаат следните мерки:


   * усмртување на целата живина во заразените дворови/фарми и населени места;
   * нештетно отстранување на лешевите на живината;
   * дезинфекција на заразените фарми/дворови;
   * забрана за движење на сите видови жива живина, месо и други производи од живина од заразените населени места;
   * зголемена контрола на движење на луѓето, механизација и возила од заразените дворови, фарми и населени места;
   * други неспецифични мерки наредени од ветеринарниот инспектор.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство плаќа надомест за живината што е убиена како дел од мерките за спречување на ширењето на болеста, како и за производите и предметите кои се уништени, во висина на пазарната вредност.


  

ДАЛИ ПТИЧЈИОТ ГРИП Е ЗАКАНА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО?


Вирусот на птичјиот грип ретко ги напаѓа луѓето и ако заболат инфекциите најчесто не се сериозни, туку се проследени со коњуктивитис и благи симптоми на дишниот систем.

Треба да се напомене дека инфекцијата со високо патоген вирус на птичјиот грип може да предизвика сериозни здравствени проблеми и како резултат на тоа да предизвика смрт.

КАКО СЕ ИНФИЦИРА ЧОВЕКОТ

Човекот може да се инфицира со директен контакт со заболени животни. Вирусот на Птичјиот грип е термички лабилен и се уништува со нормално варење и печење на месото, што значи дека термички третираното месо не е извор на инфекција.

КОИ СЕ РИЗИЧНИ ГРУПИ ЛУЃЕ

Во ризични групи луѓе спаѓаат оние што работат со живина (ветеринари, одгледувачи, купувачи, превозници, работници во кланици), личности кои доаѓаат во допир со инфективен материјал од живина или кои се вклучени во некој друг облик на контрола на болеста (ветеринари вработени во лаборатории, орнитолози, ловци)

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТАТ ЛУЃЕТО

Моментално на пазарот не постои медицински препарат што луѓето потполно би ги заштитил од вирусот на птичјиот грип. Постоечките сезонски вакцини против хуманиот грип заедно со противвирусните лекови се корисни како превентивна заштита против оваа болест.

Македонската информативна агенција (МИА) интегрално ја пренесува содржината на флаерот..


Користени се податоци од МИА,

 

  на почеток=

 

ВИДОВИ ДРОГИ - 2 дел

 

Сите дроги спагаат во групата на т.н. психотропни супстанции кои првенствено делуваат на функционирањето на мозокот т.е. свеста.

Најчесто употребувани дроги се:

  • КАНАБИС (марихуана, хашиш, канабисово масло)

  • ДЕПРЕСОРИ НА ФУНКЦИЈАТА НА МОЗОКОТ (алкохол, лепаци, бои, растворувачи, смоли, лекови, бензин, таблети за спиење, смирување, против болки, опиум, морфин, хероин, хептанон, метадон)

  • ХАЛУЦИНОГЕНИ:

  • природни (мескалин, псилоцибин, кат)

  • синтетски (ЛСД, екстази)

  • Не постојат лесни и тешки дроги. Сите создаваат зависност.

  • Канабис сатива

     

    Тоа е грмушесто растение кое содржи активна супстанца- канабиол.

    ДЕЈСТВО: Ниски дози доведуваат до промени во расположението, во беспричинска веселост, неадекватно однесување за ситуацијата во која се наогаат, дезориентација во време и простор, а во повисоки дози и разни привидувања кои предизвикуваат страв се до паника што може да доведе до импулсивно самоубиство.

    МАРИХУАНА: Се употребува во вид на цигара и тоа така што се мелат врвовите од гранчињата и ливчињата од женското растение. Цигарите се рачно изработени, потенки од обичните и од двете страни подвиткани. Кога гори има мирис на изгорено сено. Содржи 1-12% од активната супстанца.

    Симптоми: Проширени зеници, закрвавени очи, дрдорливост, состојба слична на лесно пијанство, промена на бојата на гласот.

    Недостаток на одговорност и губење на мотивација за обврски, склоност кон забава, несигурност во комуникација со родителите, опасност во сообракајот (90% од сообракајните несреки се случуваат порати конзумирање на дрога на возачот), зголемен ризик за преминување на поопасни дроги.

    ХАШИШ: Тоа е смола која ја испушта истото растение и содржи 5-25% активна супстанца. Најчесто се пуши а поретко се употребува растворена во течност или како бонбона.

    ТЕЧЕН КАНАБИС: Содржи до 50% активна супстанца екстрахирана по хемиски пат од растението.

    Штетности по здравјето: При актуелно труење настапува збунетост, измени во помнењето, намалена ментална ефикасност. При подолго користење предизвикува хормонални пореметувања а при бременост го оштетува плодот. Го попречува мислењето, способноста за учење, помнењето концентарацијата. На психички план честа е безпричинска нервоза, збунетост до т.н. канабис лудило кое се карактеризира со тешки состојби на нерасположение кога се им изгледа црно и во таква состојба често се извршува самоубиство.

    Депресори на функција на мозокот

     

    ЛАКОВИ, БОИ, РАСТВОРУВАЧИ, СМОЛИ, ЛЕПАЦИ: Тоа се средства кои најчесто се употребуваат со интензивно вдишување. Карактеристично е тоа што брзо создаваат оштетување на мембраната на мозочните клетки што доведува до брзо пропаѓање на сите мозочни функции поради изумирање на голем број мозочни клетки.

    ТАБЛЕТИ за спиење, смирување, против болки- доколку се употребуваат во немедицински цели создаваат зависност за околу 3 недели. Брз е порастот на толеранцијата, потребни се се поголеми количини, а во спротивно се јавуваат тешки апстиненцијални кризи што можат да доведат до смрт. Дејството им се појачува со употреба на алкохол.

    ОПИУМ: Природна дрога која се добива од афионот со засечување на чушката или по хемиски пат. Од сировиот опиум се добива морфинска база, а од неа хероин.

    ХЕРОИН: Тоа е бел кристален прашок кој честопати се меша со разни додатни материи како би се добило на тежина од кои најчесто се сол, шеќер, брашно, сода бикарбона и сл. Постојат четири степени на чистота кај хероинот од кои кај нас се користи најнечистиот на кој повторно му се додаваат разни супстанции. Хероинот се употребува како цигара, со ушмркување или “дишење на фолија како и со боцкање во вена.

    Дејство- Додека е под дејство на хероин особата делува како да е поспана, отсутна, незаинтересирана и не сфаќа што се случува околу неа. Може без причина да се смее. Зенеците се точкасти, очите светкаат, запоставена е личната хигиена. Често носи темни очила, за да не се гледа какви се зениците и долги ракави за да не се гледаат ожилците од нестерилните убоди. Се дружат со наркоманско друштво, слушаат музика од пеачи наркомани. Почнуваат да се служат со наркомански јазик богат со странски изрази кои честопати не можат да се преведат во нашето говорно подрачје. Се јавува инверзија на сонот дење спиење а ноќе излегуваат, слабо јадат, имаат запек, импотентни се. Бидејќи потребата за дрога се повеќе и повеќе расте започнуваат да продаваат лични работи, а потоа и предмети од домот и на крајот почнуваат и со кражби и проституција, ситно дилерство на дрога се до вистинско криминално однесување. Така младата особа почнува да ги одбегнува другарите за учење па дури и го напушта училиштето. Се бунтува против авторитети- родители, професори, изнесувајки дека не се сфатени.

    Кога ќе помине дејството на дрогата кое трае 4-6 часа клетките не можат нормално да функционираат, па се јавува глад за дрогата т.н. АПСТИНЕНЦИЈАЛНА КРИЗА која е изразена со тешки телесни и психички последици од кои најчести се:

    • проширени зеници;

    • тресење на телото, особено рацете;

    • накострешена кожа;

    • осет на студ;

    • засилено потење;

    • отежнато дишење;

    • мачнина со силни повраќања и тешќи проливи;

    • силни болки по целото тело, особено стомакот и нозете;

    • вртоглавица и несоница;

    • чувстно на силен страв, се до паника заради чувство на животна загрозеност;

    • смрт.

    СИНТЕТИЧКИ ОПИЈАТИ (хептанон, метадон). Тоа се супстанции со силно дејство и токсични ефекти како и морфинот и херомонот. Брзо создаваат зависност т.е. се вградуваат во клеточниот метаболизам, брзо расте потребата од внесување на потребната количина за да зависникот не западне во апстиненцијална криза. Кризите се подолготрајни од оние кај хероинските зависници.

    Штетности по здравјето: Нема клетка во човечкоит организам која хероинот не ја оштетува, така што зависниците брзо телесно пропаѓаат и завршуваат со смрт. Оштетувањата се поизразени доколку се започнало на порана возраст, кај особи од женски пол, повисоки дози, нечисти дроги и др.

    Најчести телесни оштетувања се на : слузокожата на носот и устата; забите; црниот џигер; крвните садови и срцето; белите дробови; желудникот и цревата; телесно се слаби и бледи; импотенција; чести инфекции(жолтица, кожно- венерични болести, сида); предвремено сушење на мозокот; измени во личноста и карактерот.

    За кратко време зависникот започнува да живее само со дрогата и за дрогата и целиот интерес му се сведува само на набавка на дрога. Така дрогата станува фактор на организација на неговиот живот.

     

    Стимулатори на функцијата на мозокот

     

    АМФЕТАМИНИ: Се наоѓаат во вид на таблети или бел прашок кој се шмрка, но се употребува и во вид на инекции. Многу брзо создават зависност.

    Дејство- Мускулна дискоординација и ментална конфузност.

    Штетни ефекти- Брз губиток на тежина, проблеми со забите, осет на беспричинска вознемиреност се до т.н. амфетаминско лудило пропратено со тешка депресија, често агресивни испади па и убиства.

    КОКАИН: Се добива од растението КОКА. Листовите се џвакаат или пушат, а може да се вари чај. Од плодовите се добива бел кристален прашок кој може да се ушмркува, да се пие растворен во вода или алкохол, а поретко се употребува со боцкање.

    Дејство- Немање осет за глад и сон, хиперактивност. Во повисоки дози чувство на вознемитеност, чувство дека некој лошо ќе му направи, идеи на прогонување т.н. кокаинско лудило. При предозирање настапува запирање на работата на срцето и престанок на дишењето.

    КРЕК: Тоа се нечисти кристали од кокаин. Исто е бел прашок. Два пати е појак од кокаинот но е и два пати поевтин. Веднаш по првото земање создава зависност.

    Дејство- Настапува 15 секунди од употребата и е пропратено со повишено расположение кое е многу краткотрајно, а потоа настапува тешка депресија или нерасположение, пратено со силна потреба за земање нова доза.

     

    Халуцогени дроги

     

    МЕСКАЛИН И ПСИЛОЦИБИН: Прават сериозни промени во сферата на сетилата и интелектуалните функции пратени со халуцинации се до право лудило. За среќа кај нас досега не се сретнати.

    КАТ: Тревесто растение кое се наоѓа во Африка и Арабија. Употребата доведува до дезориентација и привидувања. Со почеста употреба брзо настапува губиток на тежината, оштетување на забите и црниот дроб, запек, импотенција, пореметување на сонот и вознемиреност се до право лудило.

    ЛСД: Тоа е бел прашок кој се раствора во вода, така да лесно може да се премачка на налепници, страници од книги, маркици. Тие се шмукаат заедно со хартија. Кратко време по внесот настанува губиток на контакт со реалноста, изменето гледање на околината, изменето гледање на личностите наоколу . Ефектот трае 4-12 часа и многу брзо се создава зависност.

    ЕКСТАЗИ: Тоа се таблети кои можат да бидат во најразлични бои и украси. Таблетите ретко се шмукаат а најчесто се пијат. Во повисоки дози предизвикуваат халуцинации. Дејството трае 5-8 часа по што се јавува силна потреба за повторно земање заради непријатните чувства, малаксаност и нерасположение. Употребата на екстази некогаш може да заврши и со смрт поради губиток на голема количина течности преку потење. Оваа дрога се изработува во импровизирани лаборатории, за жал е доста ефтина, лесно се употребува, а на младите им се рекламира како дрога која ги отстранува сите маки, ја подобрува потенцијата, го подобрува расположението и др. Всушност тоа е супстанца која е за прв пат употребена како боен отров со цел за уништување на нервниот систем кај противникот, многу брзо создава зависност но и тешки оштетувања на целиот организам. Сега истражувањата покажуваат дека младите кои бараат луда забава во вечерните излегувања најчесто посегнуваат по екстази. До неодамна овие таблети се поврзуваа со техно-забавите, а сега ги има во сите дискотеки и на разни забави и журки.

    Дејство- Под влијание на таблетите се менува перцепцијата, телото го преплавува топлина и се се доживува многу поинтензивно. Како последици се јавуваат: желба за танцување, која трае цела ноќ, незапирливо кикотење и весело гушкање на луѓето наоколу.

    Опасност- Новите истражувања покажаа дека само со едно земање таблета екстази може да доведе до оштетувања на мозокот и на црниот дроб. Исто така ако срцето бие побрзо, се зголемува крвниот притисок, а тоа е многу лошо за целиот организам. Особено за оние кои веќе имаат здравствени проблеми. Ова го докажале и научниците. Дејството на екстази врз човечкото тело, научниците го потврдиле и со опити врз животни. Утврдено е дека кај мајмуните, на кои редовно им ја давале оваа дрога, настанале т.н. дупки во мозокот! Имено, загрозени се оние делови во мозокот кои се одговорни за помнењето и чувствата. Во согласност со ова е фактот дека редовните консументи на екстази имаат проблеми со помтењето, а докажана е и зависноста-по одредено време на мозокот повеќе да не му е доволна една доза, во завршната фаза веќе воопшто не реагира на неа, а личноста страда од непрекинати депресии.

    ЗАКЛУЧОК

  • За човекот не постои разлика меѓу лесна и тешка дрога;

  • Секој вид дрога може да создаде зависност;

  • Дрогата предизвикува телесни оштетувања;

  • Дрогата предизвикува сериозни психички пореметувања;

  • Доведува до социјално пропаѓања;

  • Дрогата предизвикува агресивност кон себе и околината;

  • Предизвикува криминално однесување;

  • Наркоманите се ризична група за заболување од сида;

  • Дрогата ја опустошува младата личност;

  • Дрогата ја убива младата личност.

  • Како да се справиме со дрогата

     

    Проблемот на злоупотреба на дрогата не се решава само со медицински модел на лекување на зависниците туку и со многу сложена општествена интервенција. Наркоманијата е тежок медицински и социјален проблем, тоа е тешко заболување кое бара долготрајно лекување но не и секогаш успешно. ПРЕВЕНТИВАТА мора да биде ставена на прво место. Младите се најподложни на влијание од оние кои најтесно ги опкружуваат а тоа се родителите, професорите, другарите. Семејството, училиштата, младинските одганизации, здравствените организации, центрите за социјална работа, се најпогодни места каде може младите да се опфатат и од кои младите ќе добијат правилна информација за дрогата, а се со цен да кажат НЕ на истата. Бројот на зависници, но и на пробатори и експериментатори на дроги, е во пораст во Македонија и бара посериозен приод и поголема ангажираност во сферата на примарната превенција. Најпогодни места каде може да се стапи во контакт со младите лица и да се работи со нив, како и со нивните родители се училиштата. Заради тоа превентивните програми потребно е да добијат повидно и позначајно место во училишните програми. На младите мора да им се помогне да изградат квалитетен стил на однесување и живеење, да им се помогне да ги пребродат сите младешки проблеми. Мора да им се помогне со помалку тешкотии да го минат периодот на осознавање, да научат правилно да го најдат своето место и до максимум да ги искористат своите позитивни квалитети и способности. Улогата на семејството- родителите не смеат да ги затворат очите, мора да разберат дека е можно и нивните деца да пробаат дрога и да се зависници а тоа тие да не го забележуваат, затоа што не веруваат во тоа. Ова важи за секој родител. Пристапот кон младиот човек што зема дрога треба да е ист како и кон секој друг болен човек и да не се третира како криминалец. Важно е со него да се воспостави добра комуникација и да се претвори во добар соработник.

    Злото не е дело само на оној кој го чини, туку е и на оној кој можејќи да го спречи да не се чини не го сторил тоа.

    Ова е изрека од Тукидит

    Христина Панева

     

      на почеток=

     

    Извадоци од брошурата:

    ШКОЛА ЗА МЛАДИ ЕКОЛОГИСТИ

    март, ЕД ,,Изгрев”-Свети Николе

     

    Обврска на младите екологисти

    Се обврзуваме дека со личен пример ќе покажеме како треба да се почитува природата, нејзините растенија и животни.

    За ова ќе разговараме со своите родители, а тие, сигурно ќе ги известат нашите соседи.

    Постапување во природата

    Кога се движите низ природата, не фрлајте никакви отпадоци.

    Дишите чист воздух, не загадувајте го!

    Користете ја водата, но не загадувајте ја!

    Во шумата не палете оган!

    Однесувајте се примерно и секаде ќе бидете добредојдени.

    Почитувајте ги културните споменици на нашиот крај.

    ТРИ ВИДЛИВИ ЕФЕКТИ НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

    ШТО НИ СЕ СЛУЧУВА?

     

     

    Ефектот на СТАКЛЕНА ГРАДИНА

    Ефектот на стаклена градина, кога функционира нормално, ја одржува топлината на нашата планета. Одредени природни гасови во атмосферата формираат обвивка која што и овозможува на сончевата светлина да допре до површината на Земјата и во исто време го спречува губењето на топлината.

    Слично како стаклото на стаклената градина?!

    Таа ,,гасна” обвивка ја задружва топлината блиску до површината на Земјата и така ја затоплува атмосферата.

    Што ни се случува?

    Поради разните индустирски гасови доаѓа до згуснување на обвивката на стаклената градина и се повеќе и повеќе има топлина околу нашата планета. Тоа доведува до растење на темепратурата од 2 до 50С во следните седум децении. За споредба: просечната глобална температура не варирала повеќе од 20С во текот на 18000 години од настанувањето на човечката цивилизација.

    Гасовите на стаклената градина

    - Јаглероден диоксид (CO2)

    Предизвикува околу 50% ефект на стаклена градина. Секоја година луѓето додаваат околу 6 милијарди тони од овој гас во атмосферата. Главни извори на CO2 се: согорување на фосилните горива како јаглен, нафта и земен гас, како и уништувањето на шумите-кога се палат или сечат испуштаат CO2.

    - Хлорофлуорокарбони (CFC)

    Предизвикуваат 15 до 20% појава на глобално затоплување и ја уништуваат озонската обвивка на Земјата.

    - Метан

    Предизвикува 18% ефект на стаклена градина. Метанот се создава каде што има добиток, на оризови полиња и на депониите.

    - Азотни оксиди

    Одговорни се за 10% ефект на стаклена градина. Се создаваат со согорување на фосилните горива, ги создаваат микробите и настануваат при разложување на хемиските ѓубрива.

    - Озон

    Настанува на површината на Земјата како резултат на загадувањето кое што го предизвикуваат автомобилите, електраните и рафинериите за нафта.

     

    ОЗОН и ОЗОНСКА ОБВИВКА-Што е тоа?

     

    Озонот претставува основна состојка на смогот-гас кој што настанува кога ќе се соединат азотните оксиди и јаглеводородите на сончева светлина. Во атмосферата, озонот природно се јавува како тенка обвивка која што ја штити Земјата од ултравиолетовите сончеви зраци.

    Но, кога озонот се формира на површината на Земјата тогаш е смртоносен.

    Што ни се случува?

    Автомобилите, камионите и автобусите се едни од главните извори на озон. Други извори се комуналната, нафтената и хемиската индустрија.

    Загадениот воздух со озон предизвикува оштетувања наб елите дробови, но ги загрозува и другите облици на живот, посебно шумите и земјоделските култури.

    Озонската обвивка претставува тенок и невидлив слој, кој што ја штити површината на Земјата од опасното ултравиолетово сончево зрачење.

    Што ни се случува?

    Озонската обвивка високо над Земјата се наоѓа со еони. А сега, човекот ја уништува таа заштитна обвивка. Хлорофлуорокарбоните, халоните и други хемикалии, кои што ги произведе човекот, се издигнуваат во стратосферата, од 9 до 50 км над Земјата. Тука се разложуваат и ослободуваат атоми кои што го уништуваат озонот. Хлорофлуорокарбоните се повеќенаменски, релативно токсични, незапаливи и тешко растворливи. Поради ваквата стабилност се одржуваат и по 150 години. CFC гасовите полека се креваат до висина од околу 40 км и под силното влијание на ултравиолетовите сончеви зраци се распаѓаат и ослободуваат хлор. Кога вака е ослободен, еден единствен атом на хлор може да уништи околу 100 000 молекули на озон, пред за околу многу години подоцна да се спушти на Земјата. CFC гасовите имаат уништено 3 до 5% од вкупната озонска обвивка.

    Со осиромашување на озонот во горните слоеви на атмосферата се зголемува ултравиолетовото зрачење кое допира до Земјата и предизвикува рак на кожата и кај мрените и го ослабнува имунолошкиот систем кај луѓето.

    Катерина Зафирова

    ЕД ,,Изгрев”-Свети Николе

     

      на почеток=

     

    ПРИКАЗНИ ОД ПЛАНИНАТА

     

    ОСВОЈУВАЊЕ НА МОНТ ЕВЕРЕСТ

     

    Борче Јовчевски планинар член на експедицијата која го освои Монт Еверест одговара на прашања на членовите на Вавилон центарот од Свети Николе во планинарскиот дом Чеплес на Солунска глава

     

    Колку време се занимавате со овој спорт?

    Од средношколски денови. Најпрвин започнав со истражување на пештерите.

     

    Кога постанавте алпинист,која беше вашата цел?

    Да го освојам Монт Еверест. Но да се искачиш на Монт Еверест треба да имаш низа подготовки, освојувањето оди етапно. Подготовките почнуваат со искачување на нашите врвови кои се на височина 3000-4000 метри. Секоја година одите кон освојување на нов врв кој е повисок за 1000 метри од претходниот освоен во претходната година.

     

    Можете ли да ни кажете нешто повеке за Вашето освојување на Монт Еверест?

    На Хималаите се оди екипно. Најнапред ги средувате административните работи, односно треба да обезбедите дозвола. За добивање на дозвола чекате на ред и по неколку години 2-5 години. Потоа одите кон купување на врвот. Цената изнесува 50 000$ за дозвола. За прилагодување и средување на административните работи потребно е да престојувате 3-5 месеци. Со себе од дома си носите храна, облека, опрема лична и техничка се тоа се складира во пластични буриња. Само за пример техничката опрема тежи околу три тона. Патувате со авионче за 20-30 патника и карактеристично за овие авиончиња е дека немаат сателитска навигација туку само визуелна. Се растоварате во Лукво , изнајмувате висински носачи и со нив за 10-15 дена сте во базичниот логор на 5000 метри. Морате постепено да се движите затоа што воздушниот притисок е помал капиларите се шират и мора постепено да се движите за адаптација. Чуствувате главоболка и гадење. Се случува на 1000 туристи по еден да умре од висинска болест. Се движите по пристапен пат по козји патеки. Ѕидате магацини.

    Првиот висински логор е со пешачење од околу осум часа кои не мора да ги поминете во еден ден. Но поставувате скалила и јаже. Екипата преспива на првиот висински логор и останува до пет дена.

    Последниот висински логор се наога на височина од 8000 метри. Екипата која оди горе е одморена и во добра психо-физичка состојба. Започнувате со техничко качување, па следува слободно качување но задолжителен е периодот на подготвување. Многу брзу се заморуваш, дишиш забрзано, правиш еден чекор па пауза........

     

    Колку време останувате на врвот?

    На врвот си 15-20 минути неможе повеке бидејки температурата на 8000 метри на јужното седло додека се мереше изнесува - 37 степени. Најниската измерена температура е - 80 степени.

     

    Што користите за навигација во просторот?

    Единствено што користиш е литературата, потоа комуникацијата со базните станици. До 6000 метри имате хелихоптер повисоко не.

     

    Колку члена броеше вашата група ?

    Групата броеше 13 члена од кои само еден го освои врвот..

     

    Кога беше освоен Врвот Монт Еверест?

    На 10 мај 1989 година. Експедицијата траеше од февруари до средината на јуни 1989 година. Имавме 2-3 месеци искачување, 40 дена бевме на висина од 5000 метри.

     

    Што со опремата по вракање во базата?

    Опремата се продава затоа што е поевтино повторно да купите нова отколку да платите да ја вратите старата назад. За информација за 30 кг опрема на пренесувачите се плака по 1 $.

     

    Каква храна користите?

    Кога си во базниот логор се храниш нормално, но горе користиш специјална храна. Користиме храна набавена од Бугарија која ја користат космонаутите. Кога си на 6000 метри користиш повеке течна храна или 3-4 л течност поради висинската болест. Мора да си добро подготвен психички и физички, пиеш чај со сол. Оган користиш само од плин специјален, лимонада, супа. Пиеш дестилирана вода без минерали-го топиш снегот.

     

    За вашите припреми можете ли да ни кажете нешто повеке?

    Припремите започнаа со искачување на Мон Блан. Од базата се качувате на врвот и тоа најмалку 10 пати. Спиењето е во шатори, бидејки немаме услови да плакаме спиење по тогашна валута од 100 ДМ.Техничките припреми ги започнуваме на Солунска Глава со качување со клинови.

     

    Кога за прв пат видовте лавина?

    Лавина видов на Шар Планина кои не се големи но можат да бидат многу опасни.

     

    Кој прв го осдвоил Монт Еверес?

    1953 година екипа од Нов Зеланд од која двајца не се вратија живи. Меснер беше првиот кој се качи горе без кислород.

     

    Вашите чуства кога бевте највисоко на Монт Еверест?

    Чувства?

    Имате чувство дека сте на друга планета, небото горе е темно плаво, има многу звезди Кога зајде сонцето седнуваш на мразот и се исклучуваш од се и ништо не слушаш. Кога дува ветер во карпите го имаш чувството дека карпата ке се сруши , или звукот можеш да го споредиш со бучава на една голема железничка станица кога многу возови ке се судрат одеднаш. Човек може да живее до 6000 метри надморска висина. Кислород користиш само за спиење ( нашата екипа).

     

    Кога може да се добие дозвола?

    Кога сте на возраст од 16-18 години, да имате искачено неколку врвови над 2000 метри и посетувано неколку обуки и семинари. Имате положено теоретски и практичен испит, имате кондициони подготовки со ранец од 30 кг, имате пренесено искуство од искусен алпинист или: вам ви е потребно околу две години за дозвола.

    Ни беше чест и задоволство што г-н Борче Јовчевски ја прифати нашата покана да ни бидете гост на нашата работилница. Во името на Вавилон центар Свети Николе и од присутните членови на работилницата му благподариме и му посакуваме многу освоени високи врвови и многу успех.

    Август 2005 година Чеплес

    Подготвила: Р.Ѓоргиева

     

      на почеток=

     

    ПЛАНИНА-ВОЗВИШЕНОСТ ШТО ПРИВЛЕКУВА

     

    Вообичаено утро кога не сум на работа. Станувам го подготвувам ранецот со опрема и малку храна и брзам да го фатам автобусот за Матка. Во автобусот љубопитни погледи и прашање каде сум тргнал, на мојот одговор следи коментар: "Што фајде од таа работа?". Им возвраќам со блага насмевка. Стигнувам на Матка и ги замолувам рибарите да ме префрлат од другата страна на езерото каде што се алпинистичките насоки. Повторно коментар: "Ај ние рибарите будали, ама вие што се качувате по карпиве!". И на нив насмевка и ќе си речам: "Уште едни што не можат да ме разберат". Како да им објаснам на овие луѓе која е убавината на качувањето, на планинарењето? Целиот живот да го потрошам на пишување, малку ќе бидат зборови за да го опишам тоа чувство. Чувство на ентузијазам, на ново искуство, на истражување непознати предели, на проверка на сопствените можности и постојано настојување да се зголемат тие можности. Кога ќе се качите горе, кога планината ќе Ве опфати со својата позитивна вибрација, ќе Ви ја покаже својата големина, кога ќе го вдишете планинскиот воздух, кога ќе Ве обвитка пространо зеленило ишарано со разнобојни цвеќиња, ќе влезете во еден посебен маѓичен свет од кој никогаш нема да посакате да си заминете. Кога на слегување ќе ги здогледате куќарките во подножјето, ќе си речете: "Нивниот ден е секогаш ист, која е вредноста на тоа?". На планина секој ден е различен, дури и ако во ист ден поминете повеќе пати на едно исто место тоа секогаш ќе Ви се претставува во ново оригинално издание.

    Оние кои никогаш не биле на планина мислат дека таму горе нема ништо освен пејзаж. Тоа е заради немањето храброст да се прифати предизвикот. Планинарите ги прифаќаат предизвиците, ја поседуваат готовноста да одат напред, до крај. Другар ми Васко, кој исто е планинар, на ѕидот од својата соба има залепено изрека на еден научник, која јас понекогаш ја користам како одговор на прашањето "зошто планинарење?", таа гласи: "Разликата помеѓу мене и тебе е што кога ти за првпат ќе видиш нешто што веќе постои, се прашуваш - како е ова можно, а јас кога сонувам нешто ново и непознато велам - зошто да не!". Тоа е разликата помеѓу планинарите и "обичните" луѓе. Планинарите обидувајки се да ги поместат сопствените граници, направиле големи поместувања на човештвото. Reinhold Mesner во 1979 година за прв пат се искачил на Mount Everest (8848 метри, највисокиот врв на Земјата) без употреба на дополнителен кислород. Претходно владеело мислење дека ако човек остане за миг на таа височина без дополнителен кислород, доколку преживее ќе остане со трајни оштетувања на мозокот. Меснер не само што се вратил без оштетувања туку и продолжил со своите алпинистички походи и напишал многу книги за планините со кои стана еден од најпознатите автори. Во своето дело "Седмата оцена" тој дава одговор на веќе познатото прашање: “...Кога некој денес ќе ме праша зошто се качувам, би сакал да ја сретне Урсула. Таа има 63 години и можела многу лесно да стане осамена стара жена, огорчена од својата судбина и осаменост. Сепак, сега никој не може да и ги погоди годините. Нејзиниот капацитет за ентузијазам, нејзината еластичност и голем интерес за животот, ја одржуваше нејзината виталност и привлекуваше пријатели. Начинот на кој таа го водеше животот покажува огромна самоконтрола и капацитет да се адаптира во која било ситуација, што таа го научила во тешкото училиште, училиштето на планините. ...”. Урсула е старица која Меснер, додека работел како водач во планина, ја водел на едно алпинистичко искачување. Тука може да го споменеме и коментарот на George Malory. Во 1924 година Malory, заедно со Ervin загинале обидувајки се да се искачат на Everest. Тоа бил негов четврт обид, а на прашањето зошто толку упорно сака да се искачи на Everest, тој одговорил: “Затоа што е таму!”.

    Всушност нема потреба од посебни убедувања. Ние Македонците по природа сме планинари. Македонија е планинска земја и луѓето низ вековите научиле да живеат со и на планините. Иако некои не нарекуваат млада држава, Македонија има богата планинарска и алпинистичка историја. Планинарството и алпинизмот ниту почнуваат ниту пак ќе завршат со нас. Организираните посети на планините и излетничките места се забележани во периодот пред првата светска војна, додека во 1924 година во Прилеп е организирано и првото планинарско друштво “Златоврв” од напредни граѓани и студенти што се школувале во Виена, Париз, Берлин, Одеса, Москва и други места. Набргу потоа се формирани и други планинарски друштва, Козјак”-Прилеп, Пелагонија”-Битола, “Бистра”-Кичево, во 1925 Љуботен”-Тетово и други. Во декември 1944 година од група скопски планинари и ентузијасти е формирано Скопското планинарско друштво-СПА, кое веднаш започнало со обука на скијачи-војници за пооспособено и поорганизирано дејство против балистичките банди стационирани на шарпланинскиот масив. Курсот се одржал во с.Лисец - Шар Планина. После војната планинарството зема се поголем замав и планинарските друштва добиваат се побројно членство. Македонските планинари почнуваат да ги искачуваат и планините надвор од Македонија. Направени се многу експедиции на Алпите, Аконкагва, Памир, Хималаи. Врвот се достигнува со искачувањето на покривот на светот Mount Everest во 1989 година од Битолчанецот Диме Илиевски - Мурато. На оваа експедиција нашите алпинисти се сретнале со Edmound Hilary, човекот кој прв се искачи на Еверест во 1954 година заедно со шерпасот Tenzing Norgey. За крај сакам да Ви ја пренесам неговата порака: “Стремете високо, нема задоволство во малите победи” и се надевам дека Ви пренесов барем малку од мојата желба за планинарење и Ве охрабрив да го прифатите предизвикот. Спортски поздрав до следното читање!

    Борче Манев

      на почеток=

     

    ОБИЧНОТО КАМПУВАЊЕ-ЕКСТРА ДОЖИВУВАЊЕ

     

    Да се избегне од секојдневието, да се замени одмор крај нашето Охридско, или крај било која друга езерска или морска вода, да се остави песочната плажа, да се остави летното сонце и темниот тен на другите и во најпеколната летна горештина да се замини на планина е богами навидум налудничава работа!

    Токму ова го направи една група млади луѓе од неколку Babylon центри ширум републикава кои трагаа по нови искуства, луѓе на кои здодевното оговарање, дремење по кафиќи, излежување во кревет, напнататаи загадена градска атмосфера им е дојде преку глава! Е сега јас како дел од таа група, а припадник на оние со големи фалбаџиски усти (посебно кага станува збор за нешто за кое вреди да се фалам) си зедов за право да ви ја пренесам како планинската слика така и целата атмосфера за време на кампувањето.

    Станува збор за 6 дневно кампување во планинарскиот дом Чеплес, кој е сместен длабоко во прегратките на планината Јакупица. Заслугата за тоа кампување им припаѓа на Babylon центарот СВ. Николе како на организатори!

    Какви ни беа првите впечатоци???

    Кога пристигнавме се прашувавме кој ѓавол не натера да дојдеме тука, за потоа организаторите да го бараат ѓаволот за да успее да не истера од таму !!! Ова го зборувам зошто таа убавина ретко кој ја видел, а тој што ја видел, бидете сигурни, дека кога мора да се оддвои од неа тоа го прави со солзи во очите!!!

     
         
     

    Што понатаму???

    Прво си дадовме едно слободно попладне со цел да се запознаеме... па верувале вие или не многу бевме успешни во тоа... На почетокот потребни ни беа само неколку минути за да ја отфрлиме онаа позитивна трема која постои во секој од нас пред големи моменти , а запознавањето со едни такви луѓе навистина барем за мене беше огромен момент, за потоа да не дозволиме да испуштиме ни секунда едни без други бидејќи да се биде една секунда без тие луѓе е исто како да сме ја испуштиле од раце целата вечност!

    Вториот ден со цел да се подготвиме физички за понатамошните активности им го посветивме на лапачките усти! Чекоревме по пат послан со највкусните шумски јагоди, со најсочните малини и боровинки и какви уште не богатства кои природата ги крие во нејзините пазуви и стигнавме до бачилото, каде љубезните чичковци не само што ни објаснија се што посакавме да дознаеме за бачилото туку и ни овозможија да го пробаме највкусното и најчистото сирење на планетава.

     

     

     

    Следниот ден беше ден на трагачите по атракции и возбуди! Со не многу мака успеавме да стигнеме до местото кое секој жив човек би посакал да го посети - врвот Солунска глава! Зошто вреди да го видите тоа место? Зошто ке ја имате шансата да чекорите низ облачиња, ќе ја имате привилегијата да го погледнете Солун без да ви е потребна виза за тоа, ќе осетите што навистина значи да дишите чист планински воздух, ќе можете да видите снег и за време на највисоките летни температури во Бабините дупки, ќе ја имате на дланка повеќе од половината Република и конечно ќе сфатите дека всушност треба да сте горд што сте Македонец!

    Е веќе следниот ден беше ден на романтичарите, ден на оние чувствителните, ден на вистинските љубители на убавините на природата! Почнавме со нешто кое навистина вреди да се види,а тоа е изворот на реката Бабуна, потоа го откривме вистинското значење на зборот пештера заедно со дел од нејзините мистерии, за на крај да стигнеме до она од кое застанува здивот, за онаа убавина за која никој од нас не ни помислуваше дека може да постои токму кај нас, за местото од кое кожата се ежи кога ќе го погледнеш местото за кое не можам да ги најдам вистинските зборови за да го опишам-водопадите на реката Бабуна!

     
         
     

    Е сега веќе мислам дека ви е јасно зошто на крај ни самиот ѓавол не можеше да не избрка од тоа место, тоа е зошто тоа е нешто боженствено, нешто величенствено, тоа е место каде сонот станува јаве, каде желбите стануваат реалност, место кое секој би посакал да го види, а кога ќе го види сигурно нема да си дозволи тоа да е последниот пат во неговиот живот, туку едноставно ќе стане зависник од него!

     

    Александра МитРевска - Битола

      на почеток=

     

    Опасности на Планина

     

    Вовед

    Најголемата опасност којашто го демне човекот на планина е неговото незнаење. Секој човек пред да замине на планина треба да биде подготвен за планината.Треба добро да го подготви своето тело и својот ум. Само мал дел од планинските несреќи настануваат поради причини кои се надвор од можноста за контрола или можноста за предвидување од страна на човекот.

    На планина среќаваме голем број на опасности. Факторот ризик и компонентата опасност се присутни во планинарските спортови, а особено во алпинизмот и спелеологијата. Планината треба добро да се познава во сета нејзина феноменологија за да може правилно да ги разбереме сите нејзини појави и процеси, а со тоа и да можеме да си обезбедиме себеси безбедно движење во нејзиниот свет.

    Поголемиот дел од опсностите во планина се посилни од човекот и тој не може да ги совлада. Човекот треба само да ги познава и да знае да ги избегне. Никој не може да го совлада громот или снежната лавина. Токму тоа, ибегнувањето на опасностите,е најдобрата заштита од нив. Подобра нема. Единствено добриот разум може да ги совлада опасностите со нивно навремено предвидување и преземање на соодветни мерки за да се избегнат.

    Објективни опасности

    Објективните опасности, тоа се опасности кои се јавуваат независно од човековото делување на планината. Тие ретко можат да се спречат, но затоа можат да се избегнат. Пример за тоа се невремето, силниот ветер, камените и снежните лавини, громовите и сл.

    Според временскиот период во кој се појавуваат се далат на:

    -зимски

    -летни.

    Летните опасности се атмосферските непогоди како што се невремето, грмотевиците, снегот, маглата, камените одрони, лизгањето на земјиштето, сончаницата, грижнувањето од инсекти и змии итн.

    Зимските опасности се оние кои се јавуваат во зима, а тоа се снежната виулица, студот, маглата, снежните ланини и сл.

    Но треба да имаме во предвид дека на планина во било кој период од годината, за само неколку часа може да се сменат сите годишни времиња, па затоа треба да имаме предвид дека и овие опасности можат да се јават, исто, така во било кој период од годината или денот.

     

    Луња

    Луњата се јавува нагло и обично е проследена со со грмотевици. Главната опасност кај луњата се грмовите. Громовите најчесто удираат во по гребените и врвовите и затоа за време на луња треба да се избегнуваат ваквите места. Во услови на опасност од громови треба да се оддалечиме од било какви предмети кои можат да предизвикаат врз себе електрично празнење,а такви предмети се железните клинови и сајли и др. Потребно е и да се заштитиме од громовите. Најдобра заштита се пештерите , длабоките пукнатини во карпите или деловите од карпата кои се под стреи и тавани.

    Нагли и силни врнежи

    Наглите врнежи носат опасности поради неколку причини:

    Прво, при наглите врнежи се зголемува количеството на вода во потоците и се претвораат во поголеми реки и се тешки за преминување.

    Второ, врнежите можат да бидат проследени со нагло снижување на температурата, па постои опасност од нагло ладење на телото.

    Трето, наглите врнежи предизвикуваат одрони на земјиштето.

    Четврто,при врнежи, планинските патеки стануваат лизгави и несигурни.

     

    Магла

    Маглата се јавува и во зимскиот и во летниот период. Маглата ја намалува видливоста и ја оттежнува ориентацијата и многу тешко можеме на го пронајдеме вистинскиот правец на движење. Затоа во услови на магла треба да се движиме само со помош на компас.

     

    Камени одрони

    И камените одрони се јавуваат и во лето и во зима. Причината може да биде некоја птицам животно , ерозија ветерот и сл.

    Најдобрата заштита од камените одрони е доброто внимание особено во оние делови од патот кадешто очекуваме дека ќе има одрони.

     

    Снежна виулица

    Снежната виулица е слична на летната луња,со тоа што е многу пострашна бидејки температурите се пиниски, наместо дожд врне снег кој може да го затрупа патот и да предизвика лавинска опасност.

    За време на снежна виулица не треба да се движиме по гребените кои се изложени на ветер. Ветрот во голема мерка го забрзува ладењето на телото, кога е многу силен може да до оддува планинарот од гребенот, што може да биде многу опасно.

     

    Снежни стреи

    Снежните стреи се формираат на планинските гребени во содејство на ветрот н снегот. Ветрот, кој дува со голема брзина, ги нанесува снегулките на работ од гребенот и ги натрупува. така шти се фирмира стреа. Стреата е надвисната на едната страна од гребенот. Во што се состои опасноста од снежните стреи?

    Прво, снежните стреи се кршливи, што е разбирливо. бидејќи се изградени од снег.

    Второ, кога планинарот се движи над нив не може да ја предвиди точната граница каде што гребенот преминува во стреа. Доколку гази на гребенот планинарот е безбеден. Но, доколку згазне на стреата, таа може да се скрши и тој со неа да падне низ гребенот.

    За избегнување на опасноста од снежните стреи постојат правила. При движење по гребени каде што има снежни стреи секогаш се движиме малку под гребенот, се разбира на онаа страна каде што нема снежни стреи.

     

    Снежни лавини

    Снежните лавини преставуваат најголема планинска опасност. Тие некогаш можат да бидат неочекувани, со голема разорна мок,и да имаат смртоносно дејство не само врз поединци и групи, туку и врз цели населени места. Постојат огромни снежни лавини кои можат да предизвикаат многу големи оштстувања и човечки жртви.

    Најефикасно средство за справување со лавините е превентивата. Кога велиме превентива, мислиме на три вида превентива.

    Првиот вид се однесува на подготовката на луѓето, во смисла на подобра обученост за препознавање на лавинскиот терен и негово избегнување.

    Вториот вид, е тренираност на лугето за брзо и ефикасно спасување на своите колеги кои биле зафатени во некоја лавина. Ваквата превентива ја применуваме во планинарството. Со правилни спроведување на обуката за избегнување на лавинските опасности може многу да се стори во правец на избегнување ка лавинските несреќи.

    Третиот вид превентива се состои во подготовка на теренот за да се спречи појавата на лавини. Таа се состои во следново: на оние места каде што најчесто паѓаат лавините се поставуваат т.н. заштитни браници или снежни потпирачи, кои го потпираат снегот го оневозможуваат неговото лизгање низ подлогата. Доколку се спречи лизгањето на снегот низ подлогата или лизгање на слоевите снег пимеѓу себе, ќе се спречи и создавањето на лавината. Ваква теренска подготовка на планинските падини кај нас не се применува. Тоа се практикува во оние земјп во светот каде што лавините се со огромни размери и можат да направат големи штети врз населените места.

    А.Б.

      на почеток=

     

    ПРИКАЗНИ ОД СВЕТОТ

     

    СВЕТИТЕ КАРПИ МЕТЕОРИ - 2 ДЕЛ

     

    Манастирот Свети Никола Анапавсис

    Првиот манастир на кој ке наидете движекји се по змијастиот пат кон Метеорите е манастирот Свети Никола Анапавсис сместен на огромна карпа чиј врв има мала квадратура. Неможете а да не се запрашате потајно како е граден овој манастирски комплекс. На ваква мала површина на врвот од карпата. На влезот на манастирот ке стигнете качувајки се по скали вдлабнати во самите карпи. Овој комплекс преставува мал лавиринт на неколку нивоа. Црквата Свети Никола се наога на првиот кат украсена со богати фрески со ниска купола свртена кон север. Светлина во црквата доага исклучиво од светлината на запалените свеки. На втотиот кат се наога стара трпезарија која денес се користи како рецепција. Само во овој манастир фреските се потпишани од Теофан - Стрелицас или Батас роден околу 1500 година на Крит каде што учел религиско сликарство. Сите Теофилови зидни ремек дела се пронајдени на Грчкото копно и се со зачудувачка убавина . Неговата високо ценета работа го сврстува во најдобрите сликари на Критската школа која означувала висок степен на Византиско сликање. На влезот од црквата ке го сретнете натписот ,, Целата достојна почит на црквата на нашиот свет татко Никола чии темели ги подигнаа митрополитот на Лариса Кир Дионис и најблагословениот помегу Кир Никанор. Украсена е со помош на Евангелот Кипријанос од рацете на Теофан Стрелицки од Крит познат како Батас,, .

    Во црковната купола се насликани Исус со хор ангели. Во нартексот е насликано Второто Христово доагање додека на јужната страна се насликани основачите на манастирот Дионис и Никанор како се молат на Мајката божја и на свети Атанасиј. Овде ке наидете на чудесна фреска каде малиот Исус го држи средниот прст на Богородица а покрај неа се Свети Никола и Свети Анастасиј. Целата внатрешност која е скоро недопрена од времето остава неизбришливо чувство на секој посетител кој барем и накратко го посети овој манастирски комплекс.

     

    Светиот манастир Русана

    Бидејки нема историски докази се претпоставува дека овој манастир потекнува од 1388 година иако некои показатели зборуваат за негово постоење уште многу порано. Се претпоставува дека првиот човек кој дошол овде бил од селото Росана. Неверификувани историски докази зборуваат дека овој манастир го основале јеромонахот Никодим и Бенедикт во 1288 година. Она што е сигурно е дека 1545 година со одобрување на митрополитот на Лариса браката Епирот како и јеромонасите Иосаф и Максим ја изградиле соборната црква во Византиски стил на рушевините на црквата Христово Преображање и го реновирале манастирот кој тогаш функционирал.

    Многу често овој и дргите манастери биле напаѓани и пљачкани .Она што е сочувано од овие пљачки денес се чува во Големиот Метереон. Црквата Преображање се наоѓа на средниот кат додека просторијата за прием се наога на горниот кат.

    Нејзиното светилиште е свртено кон север изградена е во форма на крст со купола и нартекс. Фреските во црквата потекнуваат од 1561 година за време на игуменот Арсениј од уметници од Критската школа но се без потпис и се во одлична состојба како и резбарениот позлатен дрвен иконостас кој има фрески со голем квалитет. Над влезот има сочувано еден натпис кој гласи:

    ,,Оваа чесна и света црква украсена е со помош и на трошок на најблагословениот помеѓу јеромонасите Кир Арсениј игумен во 1561 година месец ноември.

    Светиот манастир Варлам

    Во средината на XIV век Варлам се качил на карпите и изградил неколку келии и мала капела каде останал да живее до крајот на својот живот. Многу години по неговата смрт зградите останале пусти. Два брата Нектар и Теофан со аристократско потекло во почетокот на XVI век без ничија помош започнале да градат црква. Со тек на времето бројот на калуѓерите кои им се приклучиле се зголемил на триесет кога двајцата брака започнале со изградба на втората црква ,,Соборна,, во 1542 година и ја посветиле на сите Светци. И после нивната смрт манастирот продолжил да функционира прифакајки уште калуѓери кои ги следеле инструкциите оставени од основачите. ,, оние кои ке прифатат да бидат калуѓери сите работи да ги извршуваат во заедница , да ја делат храната на масата, облеката и обувките, заедниочки да донесуваат одлуки ..

    1779 година Бјорнстал го посетил Варлам и забележал:

    ,, Примен сум многу учтиво од игуменот на манастирот Анатолиј кој е црквеник и библиотекар. Овде има две цркви. Има окоу 10 калуѓери не повеке, кои живеат на карпата и заедно со послугата ги има 24 на број. Од оснивањето на манастирот овде се нема качено жена ниту пак на Метеорите . Овде има една црква не така голема како Метереон но е многу поубава од неа. Има две преубави куполи и има многу светлина во неа. Има многу фрески и може да прочитате на каменот кој е во близина дека оваа црква потекнува од 1535 година односно 7044 години после создавањето на светот.

    Овде посебен впечаток кај посетителот оставаат две слики кои ја украсуваат внатрешноста на црквата.

    Првата е Собирот на Ефрим Сиријски еден од најплодните црковни писатели и втората Воскреснувањето на Свети Јован. Ке сретнете дека оваа црква е изградена 1542 година и дека изградбата траела само 20 дена. Оваа црква е во облик на крст со купола над главната црква која ја потпираат четири столба и уште еден кој се наоѓа над нартиксот. Над куполата има фреска на Исус Христос во златна одора. Лево и десно од главната црква се наогаат полиси украсени со уметоци од слонова кост и седеф. Резбарениот дрвен иконостас е покриен со златна боја а на врвот ја има сцената на распетието со Мајката Божја и еден од неговите омилени ученици. Нартексот на црквата го држат четири цврсти столба. Во југоисточниот агол се наоѓаат гробовите на двојцата основачи Нектар и Теофан, а на зидот во непосредна близина се нивните портрети со бела брада одсликани се со манастирот кој го држат во нивните раце. На нивните гробови насликани се фигури на ангели. Скапоцените предмети како што се резбарените дрвени крстови, облека, епископскиот престол украсен со седеф и неколку икони од поствизантискиот период, потоа книгата Евангелие која припагала на императорот Константин Порфироген ке ги видите изложени во трпезаријата. Во подрумот на манастирот ке можете да видите буре за вино од XVI-тиот век со капацитет од 13000 литра.

    Можеби доволно не беше доловена сликата на се она што може да се види во оваа наречено натприродно достигнување на дел од човештвото. Но реалноста ви дава еден нов видик дека и невозможното понекогаш може да стане возможно, а тоа се Метеорите со сета своја возвишеност убавина и богатство што го имаат во себе.

     

    Р.Ѓоргиева

      на почеток=

     

    Стоунхенџ (сведок на мегалитската култура)

     

    Таинствено и силно се издига,на рамната полјанка на јужно-англиската грофовина Вилтсајр, 30 моќни исправени блокови, високи преку 4 метри и до 2,50 метри широки. Каква е намената на овие камени блокови во далечното минато? Дали се тоа храмови и жртвеници? Дали се тоа неми сведоци за погребните ритуали на човекот во бронзеното време, или не биле ништо друго освен смело поставен опсерваториум? Праисториска ѕвездарница?

    Никој не го знае вистинскиот одговор. Само во една работа се сложуваат научниците: Стоунхенџ е најубав и најпознат сведок на мегалитската култура во Европа, праисториската култура која го негувала култот на смртта и задгробниот живот и која 3000 година пред н.е. си поставила неуништливи споменици во Франција, Шпанија, Северна Европа-џиновските градби од мегалит (камени блокови - долмени). Радиокарбон методот на нас ни открива кога е изграден Стоунхенџ: околу 1600 година пред н.е.

    Модерните методски испитувања открија дека сите 30 блокови на полната страна од кругот и 49-те мали блокови со внатрешните страни од кругот се изработени исклучиво од камено орудие и тоа многу прецизно. Зошто архитектите на Стоунхенџ се труделе да ги донесат камените блокови од каменоломот во брдото на Перолије на оддалеченост од 180 км?

    Тоа до сега никој не го открил.

    Матилда Петрова

     

      на почеток=

     

    Авантура наречена Кели Тарлтон

     

    Кој е Кели Тарлтон?

    Кели Тарлтон нуркач, фантазер, истражувач, пронаоѓач, работник, раскажувач, татко.

    Израснат на јужниот остров од Нов Зеланд, уште како младо момче беше фасциниран од морскиот подводен свет , за да подоцна постане еден од најпознатите фотографери.

    Беше сон на Кели Тарлтон да го изложи морскиот живот на Јужниот океан од перспектива на нуркачот.

    После две година од конструкција и градба и потрошено три милиони Нов Зеландски долари, конечно на 25 јануари 1985 визијата постана стварност со отврањето на Подводниот Свет на Кели Тарлтон - прекрасно дело на вештина, уметност и дизајн.

    За само 2 месеци Кели посака добредојде на околу сто илјади посетители.

    На истиот ден Кели почина од срцев удар на возраст од само 47 години.

     

    Средба со Антарктик

    Во мај 1994 година екипажот на Кели Тарлтон заврши уште едно прекрасно дело, градбата на првата подземна замрзната средина за Антарктичките пингвини.

    Незаборавното и исполнето со возбуда патување започнува со еден чекор во минатото со фасцинантната реплика во природна големина на колибите користени од познатиот истражувач на Антарктикот Капетан Роберт Фалкон Скот. Потоа седнуваш во затоплените ,,Снежна Мачка,, вагони на патување низ замрзнатиот дом на Кинг и Кенту Пингвините. Овде можат да се видат пингините како живеат во за нив посебно изградената средина со многу вода и снег, како пливаат , како се хранат, едноставно се станува сведок на нивниот секојдневен живот.

     

    Заливот на Стингреј

    Овде можат да се видат Кели Тарлтоновите најголеми Стингреј, Фиби која е 40 години стара и нејзините пријатели во новиот отворен 350,000 литри аквариум. Од спротива може да се провери плимата или осеката од ,,Прозорот со Океански поглед,,.

     

    Подводен Свет

    Подводниот свет е изграден во форма на прозирен тунел долг 110 метри. По целата должина на тунелот има изградено подвижен лифт кој те носи на патување низ аквариумот и ти дава прекрасни погледи на подводниот свет кој се состои од ајкули, стингреј, јастози, јагули и безбројни риби кои пливаат околу тебе. Тунелот е опкружен со два милиони литри океанска вода и илјадници прекрасни морски суштества

    Возбудата оди понатаму со посебните аквариуми со езерски јагули, морски коњчиња, отровни и опасни риби.

    Има посебна просторија наречена Соба на Откритија каде можат да се откријат и дознаат многу работи за морската средина со посебен аквариум на Октоподите и аквариум со опасните пирани.

    Посетата на посебната продавница за сувенири го прави патувањето низ Кели Тарлтон комплетно.

     

    Други активности кои се случуваат во Кели Тарлтон се ;

    • Роденденски прослави;

    • Специјалните подводни простории за прославување на родендени.

    • Кели Тарлтоново ноќевање;

    • Подводно магично ноќевање заедно со рибите.

    Анета Стаменкова

    Нов Зеланд

      на почеток=

     

    СвЕТИ Николе - Мајами - Сиетл

     

    Без некоја поголема причина решив да одам и да работам на брод. Работното место кое ме привлече беше фотограф. Потребните информации ги добив и после успешно поминатите интервјуа во Белград и Загреб се најдов во Мајами. Еднонеделната обука во Мајами беше и шанса да се види Мајами одблиску. Првиот предизвик се викаше ms Zuiderdam, брод со вкупно 1800 патници. Се приклучив на екипата во St. Thomas, Американски Девствени Острови (за познавачите на кошарката тоа е државата на Тим Данкан) и патувањата можеа да почнат. Во наредните 8 месеци бев во Карибите и Бахамите, посетувајќи ги Мексико, Порто Рико, Британските и Холандските девствени острови, Кајманските острови. За забава после напорната работа секогаш имаше време. Посебно доживување е да се доживее начинот на кој американците ги слават своите празници и нормално да се биде дел од нивната треска за трошење пари тие денови. После 8 месеци поминати на Zuiderdam (се чита Зајдердам) беше време за краток одмор. 1 месец брзо помина во средување документи и секако време посветено на најблиските.

     
         
     

    Вториот предизвик се викаше ms Enchantment of The Seas, поголем и повозбудлив од претходниот брод. Крстареше на скоро истите релации како и претходниот брод, па така се осеќав како дома далеку од дома. Овој пат имав шанса да ги видам Јамајка и Белиз. Луѓето кои крстареа на овој брод беа помлади, па нашата работа беше побрза и понапорна, но и бевме платени подобро. После 3 месеци поминати на Enchantment бев префрлен на помал брод кој ја почнуваше сезоната на Аљаска. После 2 дена поминати во хотел во Сиетл се приклучив на бродот ms Amsterdam, Тимот составен од Србин, Хрват и Романец ме прифати многу брзо и првото изненадување беше 15 дневно крстарење до Хаваи и назад. После ова следуваше сезоната во Аљаска. Брод со 1300 патници кој крстари во Аљаска беше сон на секој фотограф во тој момент. Помалку работа, а поголема плата. За разлика од Карибите каде што песочните плажи и неверојатната плава боја на океанот беше нормална глетка, овде преовладуваа глечери, лососи, белоглави орли, кафеави мечки, дрвосечачи и потомците на некогашните барачи на злато во многубројните реки и потоци. Недопрената природа овозможува 60% од вкупната економија да припаѓа на туризмот. Глечерите се главна атракција, како и спуштање со санка влечена од кучиња и посета на глечер со хелихоптер. За жал, немав шанса да го искусам тоа, но имавме неколку посети на глечери, прошетки низ шуми (каде стои натпис дека средбите човек-мечка во последно време биле почести и во тој случај да не трчаме) како и ручек после напорниот ден организирам во стил на тамошните, со многу риба на скара, гравче подготвено на нивен начин, лимонада и пита од боровинки.

    Во секој случај, незаборавно животно искуство.

    Горан Ефремов

     

     

      на почеток=

     

     
     

    прва страна | профил| активности | инфо | галерија | контакт
    © 2003-2008 Организација на жените - Свети Николе.
    Сите права се задржани Webmaster Ал.Бог.