македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
  Почитувани пријатели - наши читатели,

Многумина од вас со нетрпение го очекуваат секое ново издание на нашиот и ваш е-весник Вавилон, затоа еве не повторно заедно. На сите оние читатели кои во меѓувреме ни пишаа на нашите електронски адреси им благодариме на убавите зборови, ние може само да ви ветиме дека ќе се трудиме и ќе работиме и понатаму да ја оправдаме вашата доверба која ни ја искажувате.
Уште еднаш им се заблагодарувам на сите оние што одвојуваа и ќе одвојуваат време за нашиот весник , на сите оние кои ни помагаат со фотографии и текстови.
Едно големо БЛАГОДАРАМ до сите надворешни соработници кои со своите текстови го направија уште поинтересен нашиот е-весник и повторно ја упатувам поканата до сите оние кои имаат текстови кои би биле интересни за нашите читатели да ни ги испратат на vavilons_nikole@yahoo.com и на  svetinikole@mladi.gov.mk  .


Ве поздравувам сите и Ви посакувам, каде и да сте, со кого и да сте имајте убав помин и нека среќата и добрите мисли бидат со Вас во пролетта 2005.

09 Мај 2005 година,
Свети Николе
Искрено Ваш,
Александар Богатинов

Во овој број на нашиот електронски весник "ВАВИЛОН" може да прочитате за:

Од Свети Николе и Светиниколско :

- Пошумување на браната Мавровица;

Македонски преродбеници :

- Јордан Хаџи Константинов Џинот;

Претставници на Виенската класика ;

- Лудвиг Ван Бетовен;

Автомобили;

- Народен автомобил за 100000 евра;

- Загдување на околината од емисијата на издувните гасови на моторот со внатрешно спгорување;

Филм;

- Интервју со Дарко Митревски режисерот на Балкан Кан;

- Чад Мајкл Мареј;

- Државно првенство во модерни танци;

Надворешни соработници :

- 6-те Најголеми грешки при интервју;

- Моето незаборавно искуство како волонтер во Билбао, Северна Шпанија;

- Борете се за својот живот;

- Генетски модифицирани организми (ГМО);

- Историјат и цена на ружата кај нас и во светот;

- Препорака за хоби – аквариумски рипки;

Популарни личности;

- Родена под среќна ѕвезда-Бијонси Ноулс;

- Бритни Спирс;

- Неколку лични работи за Викторија и Дејвид Бекам;

- Техника на сликање - ТУШ;

-СМС ИЗБОР;

- Пофалба на љубовта;

- Лични творби на наши Вавилонци;

- Вавилон кујна;

- Вицотека;

- Песнарка;

ПРЕТХОДНИ БРОЕВИ НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ ВЕСНИК  "ВАВИЛОН" (кликни)

 

 

ОД СВЕТИ НИКОЛЕ И СВЕТИНИКОЛСКО

ПОШУМУВАЊЕ НА БРАНАТА МАВРОВИЦА

Браната Мавровица која се наоѓа во близина на Свети Николе претставува рекреативно катче за сите вљубеници на риболовот. Голем број на Светиниколчани своето слободно време го минуваат токму на ова место. Но од многу одамна постои една иницијатива на неколку ентузијасти од градот, поборници за заштита на животната средина, за уредување на крајбрежјето на браната, т.е пошумување со разни видови на дрвја, кои би придонеле ова место да прерасне во т.н Парк Шума.
Токму ова е и
целта на проектот, кој е финансиран од страна на Владата на Република Германија, преку програмата СИП, потпомогнат и во координација со Локалната Самоуправа на општина Свети Николе.
Идејата е Свети Николе и неговите граѓани да добијат место, со кое ќе се
гордеат, и во кое тие ќе минуваат значаен дел од своето слободно време.
Проекти од ваков вид планирано е да се реализираат на територијата на целата држава, а само во Свети Николе предвидено е да се пошумат околу 25 хектари на потегот на брана Мавровица
, која претставува една деградирана порано пошумена површина, пред се деградирана од неконтролираната испаша на добитокот.
Со самиот проект предвидено е да се насадат околу четири различни видови на дрвја и тоа: црн бор, багрем, софора, јасен
т.е видови кој што се адаптираат на нашите климатски и почвени услови, бидејки ние сме подрачје на до семе аривно поднебје.
Според Симо Георгиев
- надзорен орган во реализацијата на проектот, оваа акција е подржана и од поширокото граѓанство.
Според него, оваа шума не
е наменета за експлотација, за дрво производство, туку таа своевремено покрај другите улоги што треба да ги има треба да биде шума со ерозивен и рекративен карактер.
Тој истакна дека припремните работи 80% во главно се обавени со механизација, додека 2
0% рачно.
"
Сметам дека ова треба да ни биде една добра поука користена од минатото кога оваа површина беше пошумена, меѓутоа благодарение на неконтролираната испаша истата беше деградирана. Испаша ќе биде дозволена меѓутоа после петтата година откако ќе поминат опасностите младите фиданки да бидат уништени"- истакна Георгиев.
Се планирани и одредени заштитни елементи, преку поставување на табли за предупредување на луѓето за забрането палење на оган на отворен простор, за забранета испаша на добиткот, т.е предупредување кое што ќе им обрне внимание на посетителите.
Она што е за поздравување покрај другото е и вработувањето на околу седумдесет и пет пред се млади луѓе од општината
.
Останува отворено прашањето дали нашите сограѓани овој пат ќе знаат да го ценат гестот на добра воља од нашите пријатели- Германци, дали ќе умееме да покажеме дека поседуваме лична култура, и докажеме дека можеме да ги цениме благодетите кои што ни ги пружа мајката природа?
Затоа што сите ние сме гости на овој свет, и треба да го
направиме овој свет пристојно место за живеење.

Мики ТРАЈКОВСКИ

  на почеток=
 

МАКЕДОНСКИ ПРЕРОДБЕНИЦИ

ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ - ЏИНОТ

Јордан Хаџи Константинов-Џинот (1820-1882) е една од најинтересните личности на македонската преродба. Во неговото творештво за кое не можеме да речеме дека е оригинално, се согледува еманципацијата, ослободување од средновековните теми. Џинот имал различни интереси. Учителствувал во Велес воведувајки го народниот јазик во училиштето. Со тоа го предизвикал гневот на грчкиот владика и на однародените чорбаџии и морал да го затвори училиштето. По патувањето (Солун, Св.Гора, Влашко) се вратил и станал учител во скопското училиште. Во Скопје развил голема театарска активност за која и самиот пишувал текстови. Повторно го предизвикал гневот на грчкото свештенство поради своето славјанство, па бил осуден на 101 година затвор во Мала Азија. Со помош на пријателите таа казна се смалила до три години. Прво дело на Џинот е "Таблица перваја" текст што е направен по углед на "Ижица" на Доситеј Обрадовиќ и кој требал да послужи како учебно помагало при основното описменување. Во 1851 год. во "Цариградски весник" Џинот ќе ја објави својата прва песна "Плач на скопското училиште многотрудное" во која ќе ги опише своите напори за одржување на тоа училиште против кое биле насочени фанариотите. Песната "Аурора" ја истакнува патриотската функција на просветата, песната "Труд ми е името" е вистинска апотеза на трудот, а "Горка чаша кнеза Лазара-последна тајна вечера" е една од најдолгите песни од овој книжевен период во Македонија. Книжевно-историското значење на Џинот го согледуваме во неговата првичност во драмскиот жанр во македонската литература. Пишувал покуси драмски текстови за потребите на театарскиот живот којшто самиот сметајќи дека драмскиот жанр најдиректно со својата демократичност може да повлијае врз образованието на народните маси. Драмските текстови на Џинот - "Минерва и девет музи" и "Сербија шетаетсја в земев своих" ја изразуваат неговата идеја дека спасот од долговековната власт на Турците и од духовното туторство на грчката црква лежи во слободната соработка на словенските земји. Драмските текстови: "Разговор или прави человек", "Училиште и учение" и "Басни" имаат дидактично-морализаторска финкција. Џинот како учител не може да ја избегне дидактичноста на своето дело, но очигледно е дека во неговото творештво македонската литература има основоположник на драмата како жанр без особени естетски реализации. Неговите драмски текстови и драмата во европското просветителство ја потенцираат дидактичноста. А Џинот, со оглед на состојбата на Македонија и на нејзиното население, драмата со нејзината демократска форма-гледањето на претставата бара помалку напор и помалку "ученост" од гледачот, ја искористил како образовно средство со кое сакал да го поткрене културното рамниште на својот народ. Неговиот ентузијам, енергијата, неуморната работа го прават неодминлив во историјата на македонската литература, особено од аспект на драмскиот жанр.

Гордана МИТРОВА

  на почеток=

   

ПРЕТСТАВНИЦИ НА ВИЕНСКАТА КЛАСИКА

ЛУДВИГ ВАН БЕТОВЕН

Роден е 1770 год. во фамилија, на музичари во Бон. Татко му бил познат пејач во градската капела. Уште од мал почнал да свири клавир, а понатамошното школување го продолжил кај познатиот педагог Готлот Нефе. Како студент на филозофскиот факултет бил воодушевен од Француската револуција што ќе остави големи траги кај него.
По смртта на мајка си тој се преселил во Виена и ги проширува своите знаења, а извесно време работи и со Хајден. Таму на 27 годишна возраст ги почуствувал првите знаци
на оглувувањето. Ова сознание психички го оптеретило и во тие моменти помислувал на самоубиство. Но силата на својот гениј му овозможува да ја преброди кризата. Како резултат на тоа настанала петата симфонија чиј мотив го симболизира чукањето на судбината.
Покрај болеста исто така не бил среќен ни во љубовта, иако имал љубовни врски , не можел да воспостави брачна врска поради социјални бариери. Иако имал периоди кога неговите дела наидувале на недоразбирање од страна на публиката сепак наговата слава постепено растела, особено за време на Виенскиот конгрес кога му биле укажани посебни почести како на никој друг композитор до тогаш.
Повлечен и материјално обезбеден, почитуван од сите последните години ги поминал во мир и работа. Неговото творештво во многу се разликува од неговите следбеници, бидејки тој живеел на почетокот на романтизмот. Големо влијание врз неговиот живот имала француската револуција, и нејзините идеи. Сите негови намери биле насочени кон создавањето на поубав и подобар свет. Тој е најголемиот борец за слобода, еднаквост рамноправност и братство мегу лугето.
Оваа идеја ја упатил преку деветата симфонија .
Во развојот на неговото творештво можат да се издвојат три периоди.
I-от период тој се уште бил под влијание на Хајден и Моцарт. II-от период изградува сопствен стил. III-от период низ слободна форма го најавува романтизмот. Основните новини Бетовен ги вовел во однос на Хајден и Моцарт, се по нешто поизменета сонатна форма и подруг однос спрема инструментите. Во сонатниот став тој поголемо влијание му посветил на мостот и во развојниот дел каде се зголемува драматичноста во судирот на двете теми особено на хармонска основа. Во оркестарот значајно место и дава на дувачките инструменти но се поголема самостојност добиваат, контрабасот, виолончело, тимпани и др. инструменти.
На прво место во неговото творештво се симфониите, а напишал фкупно
9 симфонии. Првите две се под влијание на Хајден и Моцарт, а од третата почнува да ги напушта класичните правила и создава по свој стил. Третата во Es- dur му била посветена на Наполеон, но кога се прогласил за император ја прогласил за Херојска (Ероика). Првиот став одговара на насловот , додека вториот став е во форма на посмртен марш. Четвртата симфонија во B-dur е со радосни расположенија и во неа ја опеал големата љубов према Тереза Брунсли. Петата симфонија во C-mol е ненадминато негово дело, херојот повторно се фаќа во борба со судбината, не само тој туку и целото човештво се бори кршејки ги сите пречки за потполна среќа, и ја нарекол Судбинска.
Својата голема лубов спрема природата ја изнел во шестата
симфониа која ја нарекол пасторална , таа е химна на природата и има 5 става. Седмата и осмата симфонија се исполнети со радосни моменти. Неговото животно дело е деветата симфонија во d-moll. Во неа повторно е опседнат со вечната борба помегу темнината и светлината, ропството и слободата и борбата на човекот се претвара во борба на човештвото. Победата која на крајот доаѓа им припаѓа на сите луѓе, тоа е особено изразено оттаму што освен оркестарот вовел и хор и солисти.
Од останатите дела следното место им припага на гудачките квартети. Позначајно место заземаат и сонатите кој се на број
32 и во нив е изразен преминот од класиката во романтизмот. Меѓу популарните спагаат: Патетична, Виолинска , Пасторална , Вијштајна, Месечева соната и др. Понатаму петте клавирски концерти од петте најдобар е концертот за Виолина. Тој исто така пишувал и Увертири-11, меѓу по значајните се Егман, Кириолан , Елеонора и др.
Единствена опера која ја напишал е операта Фиделијо
,потоа соло песни за неговите сакани, а од духовните дела нај значајна е Свечената миса. А исто така пишувал и кантати, ораториуми, хорски дела, клавирски триа, теми со варијации и др. Неговиот живот завршува на 57 год. возраст зад себе оставајки големи и грандиозни музички дела кои и денеска влеваат почит кај сите љубители на музиката.

Ивица ПОСТОЛОВСКИ

  на почеток=

 
 

АВТОМОБИЛИ

НАРОДЕН АВТОМОБИЛ ЗА 100 000 ЕВРА
(25 000 евра)

Изобилувајки со комфор сместен во димензии од средната класа новиот Пасат ја променува класата на семејни лимузини. VW-овиот дијамант доаѓа во пакет со 4 бензински и 3 дизелски мотори. 4-те бензински мотори се со зафатина од 1,6; 2,0; 2,2; 2,9 кубни центиметри. 1,6 литарскиот мотор е придвижуван од 102кс при 5600врт./мин. а неговиот максимален вртежен момент 148нм при само 1900врт./мин. Од стоечка позиција до стотка стасува за 12,4сек, троши во просек 7,7 литри на 100км. Неговата маса изнесува 1345кг. и може да јури со 190km/h. Вториот или 2,0 литарскиот може да се пофали со следниве податоци: 115кс. при 6000 врт./мин. 190нм при 4100врт/мин мах. 200km/h тежи 1348кг. 2,2 литарскиот има 150кс за од 0 до 100 достигнува за 9,4 сек. тежи 1389кг има вртежен момент од 217нм при 3900 врт./мин. и троши 8,2литри на 100км. 2,9 литарскиот може да јури со 237km/h има 200кс при 6000 врт./мин. 290нм при 3750 врт./мин. тежи 1395кг и троши 8,6 литри на 100км. Дизелските мотори се со зафатнина од 1,9; и два со 2,0литри. Најслабиот 1,9 литарскиот се нуди со 105кс при 4000врт./мин. од 0 до 100 качува за 12,3 сек. и постигнува максимална брзина од 188km/h тежи 1422кг ,а троши 5.6 литри на 100 км. Вториот веќе познат со зафатина од 2,0 литри максимална моќ од 140 кс при 4000врт./мин со 320нм при 1800 врт/мин. максимална брзина од 209km/h. Најмоќниот дволитраш кој претставува новина во VW него го придвижуваат 170кс кога моторот ќе постигне 4200 вртежи во минута и еластичност од 350 њутн метри при само 1900 вртежи во минута . Новитетот тежи 1460 кг. Тој може да постигне брзина од 223 km/h а троши само 6.1 литри на 100 километри .
Тоа беа перформансите. Внатрешноста е пространа , изработена од квалитетни материјали изобилува со голем комфор кој го прави овој автомобил многу близу до поскапите автомобили
и е така добро склопен што на сите патници им дава голем комфор. Чекор понапред го прават дури и 600 W-от музички систем кој до вчера се вградуваше во автомобилите поскапи од 50 000 евра. Друго што го прави овој автомобил подобар се и : key less entry (влез во автомобилот без клучеви), предните би-ксенонски светла, 230 V-от приклучок за струја и многу друга сериска и додатна опрема. Предната конзола направена од цврста и квалитетна пластика но со елегантен стил и добро поставени команди кои му се при рака на возачот. Седиштата изобилуваат со голем комфор така што патниците на задната клупа веќе нема да се "гужваат". Исто така тие можат да се поместат во 6 точки. Овој автомобил е толку многу добар што можеби ќе го загрози успехот на Ауди. Тоа се должи на говорот на Фердинанд Пиеч: "Народен автомобил за 100 000 евра" (25 000 евра).

Саше СПАСОВ
Ѓорѓи МИТРОВ

  на почеток=

 

ЗАГАДУВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА ОД ЕМИСИЈАТА НА ИЗДУВНИ ГАСОВИ НА МОТОРОТ СО ВНАТРЕШНО СОГОРУВАЊЕ

Кај моторот со внатрешно согорување во процесот на согорување се создаваат разни соединенија кои се штетни за човековата околина . Анализите покажале дека од вкупното загадување на моторот со внатрешно согорување потпаѓаат околу 60%, а кај некои големи урбани средини и до 90%. Моторот е поголем загадувач до колку му е поголем работниот век од степенот на амортизираноста и степенот на неисправност . За да се намали штетноста во светот се формираат разни здруженија и предлагаат строги норми и прописи со цел да се намали процентот на соединенија кои ја загадуваат околината.
Кај моторот со внатрешно согорување се издвојуваат неколку поважни групи на соединенија кои се штетни за околината.

- СО - јаглерод моноксид на кој потпагаат дури 77% и е на прво место
- SnHm- јаглеводороди на кој потпагаат 14% и се на второ место
- NOx- азотни оксиди на кој потпагаат 7% и се на трето место
- SOх- сулфурни оксиди кои го заземаат последното место и на нив потпагаат околу 1%

СО јаглерод моноксид :
Во емисијата на издувните гасови го има 77% и во мали количини не е отровен, а во поголеми концетрации е голем отров. Концентрацијата на токсичност му се зголемува во затворени и полу затворени простории (гаражи, работилници, тунели и др.) Исто така концентрацијата на отровност може да се зголеми и во големи урбани средини каде има голема фрекфенција на моторни возила , а посебно ако моторот работи во лер.

Sn Hm јаглеводороди :
Јаглеводородите во мали концентрации не се штетни за околината но исклучок прави кога е полицикличен со повеке слободни валенсии. Најпознат полицикличен јаглеводород е
"БЕНС-СПИРАНОТ" С14Н34
Бенс-спиранот е многу јак отров и учествува со околу 5% во групата на јаглеводороди. Овој јак отров може да предизвикува повеке болести.

NOx-SOx оксиди :
Овие оксиди сами по себе не се третираат како загадувачи , мегутоа со помош на сончевата радијација хемиски реагираат меѓу себе и создаваат така наречени фотохемиски смог- магла. Најпознати магли се Лондонската -Европска магла и Калифорниската - Американска магла .

Европската магла или позната уште како Лондонска магла по содржината што ги содржи своите штетни соединенија делува на сетилните органи за дишење како загушливец.

Американската магла или позната уште како Калифорниска магла исто така во себе содржи штетни соединенија кои делуваат на сетилните органи за вид како солзавец.

Марјан НАУМОВ

  на почеток=

 

ФИЛМ

Интервју со режисерот на БАЛКАНКАН

Мартин - Јас како посетител на Вавилон центарот посетувам и часови по новинарство и дебата и затоа денес би сакал да ве прашам некои основни прашања за вашиот најнов филм :
Колку сте задоволни од приемот на филмот на кој
наидовте денеска во нашиот град?

Дарко Митревски: Па полната сала зборува повеќе од било што а ова е глетка што на Балканкан што во Македонија му се случува веќе 2 месеца . Ние на почетокот поточно на 2-ри Февруари започнавме со дистрибуција во Битола, и во Скопје и од тогаш сме поминале 10 града и до денес остваривме некоја гледаност од 85 000 , а како одат работите и како допрва не очекуваат разни градови во кои не сме биле оптимистично не премногу оптимистички да се претпоставува дека лесно ќе ја достигне и цифрата над 100 000 гледачи што ќе биде нов македонски рекорд во домашната кинематографија. А она што е уште побитно тоа што секаде луѓето го примаат со насмевка што го сакаат филмот и го чуствуваат како свој и што една млада генерација која што речиси ја загуби навиката . . . , или со Балканкан таа млада генерација ја вративме во киносалите. И прв пат доживеаа некои деца кои имаа 14 или 15 години да се смеат на македонските реплики од кино платното, што е едно искуство за нив.

Мартин - Која беше инспирацијата , кој беше мотивот за да го направите овој убав филм?

Дарко Митревски: Па тоа е една приказна што мене десетина години веќе ми се моташе низ глава. И некако приказната најде место кога за тоа ќе се појави момент. Кога се запознавме со Лорис Курчи извршниот продуцент на овој филм и Алесандро Вердеки копродуцентот од италијанска страна на овој филм и кога тие прашаа која би била таа можна приказна која би била универзална и би ги надминала локалните рамки значи би можеле да ја прикажуваме во Италија , Шведска , Јапонија ... било каде мене некако ми текна на оваа приказна за бабата завиткана во тепих и во меѓувреме се случија разни други работи кои беа актуелни па јас ги вметнав во таа приказна ја проширив малку измислив некои италијански ликови и така се случи сценариото на Балкан-Кан. Сценариото беше напишано за рекордно време за 24 дена што инаку не се случува за било која друга приказна, би било потребно многу повеќе време.

Мартин - А дали наидовте на потешкотии кога го снимавте филмот ?

Дарко Митревски: Па во однос на некои други филмови кои знаат да заглават и со две три години да не ги видиме од разни финансиски или организациони проблеми Балкан Кан со оглед на тоа колку е комплициран за снимање колку беше комплициран за изведба релативно лесно помина. Бидејки финансиите се собраа во некој период што мислам дека е релативно краток период од шест месеци за наши услови. Беше снимен за 56 работни денови што вака звучи многу чудно бидејки се во прашање девет недели снимање ама кога ќе се види колку сцени тоа колу глумци играа на колку локации сето тоа се одигрува и не е така многу и беше пост продукцијата работена за еден период од шест седум месеци во Рим што исто така е едно солидно време и тие некои рокови и буџети што ги започнавме за нетрауматичниот филм да се направи страшно комплициран да се види тука има главно околу шеесетина актери па имаше една екипа од околу двеста луѓе,па имаше и над петстотини статисти кои се појавуваа во различни сцени и сето тоа се организираше над пеесетина локации и се смета во еден таков временски период што биевме битка и со невремето и со парите и со роковите и.т.н. не е лесно но немаше некои непланирани потешкотии.

Мартин - Кои се вашите идни планови дали имате некои идни проекти што ги предвидувате?

Дарко Митревски: Планови со овој филм е да се продаде што е можно повеќе надвор и да игра во повеќе европски земји. Досега имаме интереси од Турција, Грција и Јапонија веќе е извесно дека ќе биде дистрибуиран во кино салите во Италија, Србија и Црна Гора, Словенија и Хрватска а кога сето тоа ќе заврши ќе почнам со пишување на сценарио за некој нареден филм и се надевам дека наредната година ќе влезам во некои идни подготовки за мојот нов филм.

Мартин КОЛЕВ

  на почеток=

 

Чад Мајкл Мареј

Чад Мајкл Мареј е актер и фото модел. Тој е роден на 24 Август 1981 година, во Бафало, Њујорк. Во детството се занимава со атлетика и разни изведби, а е одгледан од неговиот татко.
Како мал имал повреда од фудбал и престојувал во болница. Медицинската сестра му рекла дека треба да започне кариера како фото модел. Мареј освојува стипендија од локална модна агенција и испратен е да се натпреварува во Орландо. Таму е забележан од страна на еден менаџер од Лос Анџелес. Во Лос Анџелес тој позира за Гучи, Скечерс и Томи Хилфигер.

Мареј таму започнува и актерска кариера со добивање на улога во филмот Убиство по Дијагноза
. Потоа е забележан на малите екрани во серијата Девојките од Гилмор. Неговата наредна улога беше во филмот Заливот Довснон каде глуми момче во кое се заљубуваат двата главни женски карактери.
По појавувањето на телевизија, тој се појавува и на филмското платно и најпознат е по филмот од 2003 Откачениот Петок
во кој глуми покрај Линдзи Лохан. По овој филм работи во тинејџерското шоу Рид со Едно Дрво. Во меѓувреме се појавува во хит филмот Приказна за Пепелашка, глумејќи го принцот на Хилари Даф.
Во Јуни 2004 тој ја побара за жена неговата соработничка од шоуто Рид со Едно Дрво
, Софија Буш, со која беше две години. И на крај можеме да констатираме дека по долга борба, тој започна да ја гради својата филмска кариера, а во меѓувреме ужива и во неговиот фамозен животен стил. Споредено со некои други актери може да се рече дека неговата биографија е кратка, но треба да земе во обзир дека тој само што влезе во холивудскоит бизнис.

Катерина ПЕТКОВА
Американска Гимназија
"НОВА"

  на почеток=

 

Државно првенство во модерни танци

На 23.04.2005 година во спортската сала во Куманово се одржа државното првенство во Модерни танци во двојки.
На државното првенство во модерни танци продефилираа повеќе танцови клубови од целата држава. Организацијата беше на високо ниво, организаторот се беше погрижил така да после секој настап на натпреварувачите од својата категорија за време на сумирањето на резултатите да настапуваат најмладите надежи во модерните танци.
За регуларноста на ова државно првенство да биде како што треба организаторот се погрижи да жирито биде составено од домашни и интернационални судии од Република Бугарија и Србија и Црна Гора.

Но да одиме по ред.
На државното првенство во модерни танци како почесни гости бевме присутни ние младинците
од Вавилон Свети Николе заедно со своите едукатори. На ова државно првенство во модерни танци зедоа учество натпреварувачи во повеќе категории и тоа: пионери, млади младинци, младинци, постари младинци и возрасни.
Најуспешен клуб на ова првенство беше танцовиот клуб
"Степ" од Битола кои освоија златни медали во следниве категории : пионери, млади младинци и постари младинци. Во категоријата младинци со златниот медал се закити танцовиот клуб "Трокадеро" од Куманово. Златниот медал во категоријата возрасни го освои танцовиот клуб " Ритам Плус" од Скопје.
Гледачите што беа присутни на овој за нас несекојдневен настан во спортската сала во Куманово беа пријатно изненадени како натпреварувачите ги одиграа танците : Самба, Ча-Ча-Ча, Румба, Пасодобле и Џајв.
Едноставно овој несекојдневен настан ќе го паметиме уште долго време а најмалку до наредното државно првенство на кое се надеваме дека ние младинците од Вавилон Свети Николе повторно ќе бидеме присутни - можеби и како натпреварувачи.

Марјан НАУМОВ

  на почеток=

 

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ

6 -те Најголеми грешки при интервју

1.Процес на интерогација наместо процес на конверзација.

Повеќе од кандидатите го очекуваат процесот на интерогација. Овој поим се објаснува во случајот кога една личност ги поставува сите прашања а другата ги дава одговорите. Интервју е бизнис конверзација кога се поставуваат и се одговаараат прашања и од двете страни. Поголем дел од луѓето што бараат работа сметаат дека при интервјуто само интервјуирачот поставува прашања, но со овој став кандидатите кои не поставуваат прашања не оставаат добар впечаток. Мора да бидете активни во текот на разговорот и да оставите впечаток дека сте навистина заинтересирани.

2. Претворање на негативноста во позитивност

За оваа грешка веќе беше објаснето во претходниот текст. Необучените интервјуирачи обично го поставуваат прашањето: Кои се твоите недостатоци?

Конвенционален совет на ова прашање е да се претвори недостатокот во позитивна особина меѓутоа тоа е погрешен одговор. Мора да се одговори на ова прашање со став дека постои свесност за недостатокот и дека се работи на тоа за да се подобри вештината.

3.Немам прашања

Постојат одлични прашања и глупави прашања меѓутоа најлошо од се е да се нема прашања. Доколку сте на квиз и треба да одберете едно од 5-те понудени одговори за прашањето: Кое однесување според ваше мислење е најнедопуштено?

1. Непрествителен изглед;
2.Давање преголемо значење на парите;
3.Избегнување на погледот на интервјуирачот;
4. Не се поставуваат прашања;
5. Доцнење на интервју

Одговорот е број 4. Секое интервју вклучува можност за кандидатот да поставува прашања за работата. Најлошото што може да се направи е кандидатот да каже дека нема прашања да стане и да си отиде . Да се нема прашања индицира дека не си подготвен и дека не си заинтересиран. Прашањата кои што ги поставувате индицираат всушност на длабочината на вашето знаење како и на вашето ниво на интелигенција. Интервјуирачите се повеќе заинтересирани за прашањата што ги поставувате одколку за поентите кои што треба да ве продадат. Пред секое интервју подгответе барем 5 прашања кои што сакате да ги поставите.

4. Истражување на компанијата меѓутоа и себе-истражување

Кандидатите интелектуално се подготвуваат со тоа што ја истражуваат компанијата. Повеќето од кандидатите не се истражуваат себе си преку поставување прашања за своето искуство, знаење и и вештини. Преку ова подготвување вие можете да одговорите на секое прашање што е поврзано со вашето искуство. Ставете со во улога на интервјуирачот и запрашајте се кои карактеристики треба да ги понуди кандидатот за работното место за кое што аплицирате. Доколку не сте сигурни или не знаете консултирајте се со личност која што работи на исто или слично работно место со она на кое што аплицирате. Мора да бидете подготвени за одговор на секое прашање што е поврзано со вашето минато.Креирајќи го прашалникот вие си ја обновувате меморијата и можеби ќе се сетите на искуство кое што сте го заборавиле а може да биде корисно за работата за која што аплицирате.

5. Вклучен мобилен телефон

Вие можеби живеете во современа и модерна средина во која што секој може да биде достапен меѓутоа ѕвонење на телефонот во текот на интервјуто е неприфатливо. Исклучете го пред да влезете во компанијата.

6. Чекање да бидете повикани

Времето е ваш непријател после интервјуто. После неколку денови испратете е-маил или јавете се при што ќе поставете прашање, ќе им дадете информација итн. Контактирајте ја личноста која што може да ве вработи, не личност од Човечки Ресурси. Оваа служба е позната по тоа што не враќа повици. Информација може да биде во врска со вашите способности, информација за конкуренцијата на компанијата, трендот на индустријата што сте ја прочитале во дневен печат. Всушност вашата интеција е да ја освежувате нивната меморија за вас.

Мери АРИЗАНОВА

  на почеток=

 

Моето незаборавно искуство како волонтер во Билбао,
Северна Шпанија

Да се одбере да се биде волонтер, секако е една од поубавите работи во денешново опстештво. Но не и така лесно и едноставно. Особено во странска држава.
Токму поради тоа, би сакала да ви го раскажам и пренесам моето искуство како ЕВС волонтер.
Најпрво се започна од обичен оглас во дневен, локален весник. Го привлече моето внимание, бидејки нудеше нешто ново и несекојдневно.
Се пријавив доброволно, нели, што се вели, волонтерски. Ги испратив потребните документи, со надеж дека ке добијам одговор, кој навистина стигна многу брзо од Младински Форум ОКО од Струга, со образложение дека сум го поминала првиот круг и наредната фаза, морам да напоменам дека беше малку потешка. Требаше да одберам една од четирите држави: Германија, Австрија, Италија и Шпанија. Првите две отпаднаа веднаш, поради тоа што не ми се допаѓаа проектите, Италија отпадна бидејки веќе го знаев италијанскиот јазик. Предизвик ми беше Шпанија, поточно Баскија
и Билбао, како и самиот проект.
Кога им ја соопштив веста на моите најблиски и пријателите, никој не можеше да верува, бидејки сите очекуваа нешто друго од мене, но не и волонтер во странска држава (тука ќе кажам дека во тој период само што се вработив, а претходно работев како волонтер во ОН
, програмата на УНДП).
Подготовките речиси беа во два дена. Иако без познавање на ниту еден збор шпански (добро, признавам видов две епизоди од познатата
"Касандра", за која овде никој нема чуено), но со еден Македонско-Шпански разговорник и доволно ентузијазам, се упатив во саканата дестинација.
Првичните подготовки, беа во Берлин, кадешто заедно со останатите 14 волонтери од скоро сите некогашни југословенски републики, како и европски држави (Австрија, Германија, Шпанија, Франција, Литванија), ги проучувавме можните очекувани и неочекувани ситуации, во земјите домакини. По четиридневниот прекрасен престој и дружба во Германија, секој се упати во својата дестинација.
Летот беше удобен и пријатен, но сепак во Билбао стигнав многу доцна. Се прашував кој ќе
ме чека на аеродром. Не, не бев воопшто уплашена, само многу возбудена. Конечно, ги пронајдов (или тие мене по многубројните куфери), луѓето одговорни за мене и мојот престој. Сара, беше одговорниот ментор за се што ми беше потребно, а подоцна ги запознав и моите домакини од станот, каде што требаше да поминам 9 месеци.
Прекрасно уреден стан, со целосна потребна опрема, и секако моја соба.
Веќе наредниот ден (нема време за одмор, нели), Сара, ме претстави на одговорните и колегите од мојот проект. Самиот проект е наречен
"Социјална Банка", како еден важен сегмент од банкарскиот сектор (кој кај нас сеуште не е развиен) и е дел од Фондацијата ББК (Bilbao Bizkaia Kutxa), една од поголемите и поважни банки во Bizkaia (една од териториите на EUSKADI).
Името
"Социјална Банка" доаѓа оттаму, што во овој дел се работи за микро-кредити и микро-проекти, за луге кои немаат доволно финансиски средства и на некој начин им се помага; или пак луѓе, кои имаат одредени идеи за оформување сопствена фирма, но не знаат како да го сторат тоа или поради недостиг на финансиски средства. Кога еднаш проектот ке се стави во движење, се следи околу 3 години, секако со помош на луѓето кои се задолжени за таа проблематика. Исто така, за да може да се оствари еден проект, потребни се одредени документи и познавања: на пр. Профил на промоторот-основачот, старосна граница, и тоа 45 год. за жени и 36 год. за мажи, основни познавања на дејноста, пред-проект со потребната анализа на тросоците и добивката, итн.
Случајот на микро-кредитите е малку
поразличен. Се работи за кредити од мал износ, но разликата е во тоа што не се плаќа камата и може да им се помогне на луѓето, за основни, егзистенцијални потреби.
Мојата задача, беше, заедно со другите одговорни колеги
, да им се објасни детално, постапката и потребните документи, на луѓето на кои навистина им е потребна оваа помош.
Кога ќе се одобрат, вракањето на кредитите се врши во месечни квоти, зависно од целокупниот износ. Процесот постојано се одвива преку сметката на клиентот, што секако е едно од задолжителните барања, а тоа е, таа да биде од домицилната банка, т.е. ББК. На тој начин постои одреден вид доверба дека кредитот ќе биде вратен целосно и навремено.
Другиот дел од моето искуство (значи не само работно) се состоеше од мојата интеграција
, учење на јазикот, социјалниот живот, забавата, т.е. секако многубројните познати "Фиести".
Во почетокот, скоро и не разбирав ништо од јазикот, и се чувствував малку изгубено (а треба да се земе предвид дека беше предвидено да учам и баскиски, но поради недостиг на места во официјално признатото училиште, не успеав да се запишам, и покрај желбата и тешкотијата на јазикот).
Со текот на времето, почнував да разбирам и учам, секој ден се повеќе, но зборувањето одеше потешко. Се додека не учествував на две културни размени (секако како волонтер) со деца со проблеми (економски, социјални, здравствени), кои што мораш да ги разбереш на нивниот мајчин јазик. Потоа, секако, следуваше запишување во официјалното училиште (Октомври), каде што најпрво полагав испит за познавање на јазикот и влегов во трети степен (највисокиот е петти).
Таму запознав многу луѓе од скоро сите земји: Франција, Холандија, Норвешка, Англија, Турција, Русија, Украина, Пакистан, Иран, Тунис, Мароко, Филипиници секако еден Србин. Поголемиот дел
од нив ми се веке добри пријатели и преку нив ги запознав и нивните обичаи и култури, што е уште едно незаборавно искуство.


Инаку, Билбао (или на баскиски Билбо
), туристички има доволно работи кои треба да се видат. Истоимената река го дели градот на два дела и секако многубројни стари и футуристички мостови: Euskalduna, Deusto, Padre Arrupe, Zubizuri, Arenal, La Merced, La Ribera, San Antón, итн.
Градот има неколку зони, населби
: Deusto, Indautxu, Moyua, Abando, Casco Viejo, Santutxu, кои ги поврзува првата линија на метрото (исто така многу модерно дизајнирано), додека останатите станици се за поврзување на неколкуте плажи во зоната, а втората линија ги поврзува населбите од левиот брег на реката.
Позначајни знаменитости се: Приватниот универзитет
"Deusto", Гратското Собрание, секако музејот "Guggenheim", паркот "Doña Casilda de Iturrizar", споменикот на Исус Христос "Sagrado Corazón", прекрасната и огромна концертна и конгресна сала "Euskalduna", саемот "Feria de Muestras" , "Plaza de Torros de Vista Alegre", "Plaza Circular", каде што се наоѓа споменикот на основачот на градот Дон Диего Лопез де Харо.
Секако, не смее да се пропушти стадионот
"San Mames", на 100 годишниот "Athletic club" и познатите фудбалски натпревари и победи.


Градот не би бил комплетен без оној дел што се вика
"стар град"- Casco Viejo, со своите знаменитости: театарот "Arriaga", "Plaza Nueva", "Mercado de la Ribiera", гратската библиотека "Bidebarrieta" и катедралите "Santiago", " San Nicolás", "San Antón" и катедралата на заштитничката на градот "Begoña".


Сето ова најубаво, сепак, може да се види и доживее, доколку се искачите со
"funicularot" на "Artxanda", и непрестано гледате како градот лежи, но истовремено постојано се движи.
И секако не заборавајте чадор, зошто, овде дождот наречен
"sisrimiri" може постојано да ви додева, во сите годишни времиња, во секој дел од денот.

Que vengan y disfruten el nuevo Bilbao!!
(да дојдете и да уживате во новото Билбао!!)

Un beso
(бакнеж)

Емилија БУМБАРОСКА

  на почеток=

 

БОРЕТЕ СЕ ЗА СВОЈОТ ЖИВОТ

Имав четринаесеттина години, кога како недоволно зрел адолесцент, морав да одлучам за мојата судбина. Се сеќавам како да се случи вчера. Тринаесет години подоцна се уште во мојата меморија, некаде длабоко во несвесното, се изрежани сеќавањата за првото утринско подготување на долгиот пат во животот. Мислите ме навраќаат на првата торба во која со парче облека, чадор и документи, тргнав кон иднината. (Не)свесно воден од некоја виша сила го направив првиот чекор. Знаев само дека сакам и дека морам. Ја почнав патеката од многу милји. Не тргнав по таа која го опкружува мојот роден град, туку по една друга. Патека која се движи само во еден правец. Се движи кон нешто ново, нешто малку или речиси непознато, кон нешто што во нашите мали глави се нарекуваше метропола. Таму некаде каде што автомобилите се движеа на широки коловозни ленти, се разминуваа со огромна брзина, а асфалтот шкрипеше од новите тркала. Град каде сообраќајот се регулираше со семафори, а некогаш, во шпицот, тоа го правеа и полицајци. Луѓе кои во нашите глави се дефинираа како “чичковци” задолжени да го одржуваат редот и мирот во маалото. Бевме збунети зошто во големиот град тие го регулираат сообраќајот? Дилема на која немавме одговор. Таму во тој град луѓето живееја во облакодери. На петнаесетиот кат, некаде блиску до небото, а авионите ги удираа широко пространите алишта.
Детската наивност ја пробуди желбата да се дознае зошто таму се наоѓаат сите институции, факултети, главната државна болница, во тој град е сместена резиденцијата на претседателот, на првиот човек на Владата, Собранието. Зошто сите банки имаа седишта во тој град. Како луѓето таму го минуваат времето и за што размислуваат? Дали времето е побрзо од нашето? Во главата имав многу “зошто”, а недостасуваше одговор кој логично ќе ми објаснеше “затоа што....”. Искуството не се пренесува со зборови. Барем не автентично. Тоа го знаев. Знаев дека може само да се доживее и да се живее. Она што го зборуваа некои од големиот град се впиваше во моите мозочни виуги како лекција која е научена, но која мора да се доживее.
Мислев дека таму не постои детска фрустрација поради “неправедните” оценки од наставниците. Размислував дали таму постоеја татковци и мајки кои беа непознати во градот и кои не можеа да “фатат” врски за
полесно добивање на позитивна оценка. Верувајте и ден денес, пред мене, како на филмско платно се вртат сликите кога поради многу причини не успеав да влезам во “избраните” ученици кои учеа англиски јазик. Тогаш, некој несовесен ја скрши мојата детска желба да го научам тој јазик. Но, во исто време, за што сум премногу благодарен на тој некој кој остана непознат за мене, затоа што ја разбуди желбата да се борам и да се докажувам. Тие, што тогаш го научија јазикот, денес навистина немаат проблем со комуникацијата. Но, немам ни јас, бидејќи знам еден светски јазик повеќе од нив. Рускиот.
Тие мали нешта, кои може да доведат до животни фрустрации, влијаеја на мојот живот. Влијаат и кај многу други невини детски животи кои се во оформување и затоа, ги замолувам
сите оние кои можеби ќе се препознаат во неговите редови, да престанат своите домашни фрустрации да ги исполуваат врз децата, односно ги замолувам децата да се борат против самоглавието и неправедноста на своите учители. Тоа нека им биде мотив да им докажат на наставниците, на школските другари, на родителите, на сограѓаните дека “има некој што може”. И дека има некој што сака. Ако по многу поминати години се навратите на времето кога сте биле дете ќе дојдете во ситуација, низ умот да ви поминат многу ненадејни ситуации за кои најмалку сте очекувале дека ќе се сетите. И затоа Ве молам, не ми забележувајте за мојата неконцизност и желбата со малку зборови да Ви кажам многу нешта.
На прашањето зошто пред 13 години го напуштив родното место најголем дел од одговорот го знаете сите. Сиромаштијата и потрагата по парче леб беа главните фактори. Не дека како дете немав леб и нешто со леб, за што им благодарам на моите родители. Не дека секојдневно не јадев грав, зелка или нешто што го јадеа и сите околу мене. Но, сепак, знаев дека нешто недостасува. Дека има нешто што не ме исполнува, нешто што како секое дете не можев да го имам.
Мојата приказна и денес ја живеат многу деца. Не само во нашиот град. Многу деца и не успеваат да ја изживеат приказната во позитивна смисла на зборот. Се препуштаат на нешто со кое мислат дека веднаш џебовите ќе им се скинат од премногу пари. Невино влетуваат во криминал, свесно бегаат од суровата реалност, дрогирајќи се и надевајќи се дека за миг ќе се почуствуваат како мали богови. Но, за жал, сето тоа е кратко и апсурдно. Кратко е колку и папочната врвца која го поврзува секое неродено бебе со мајката, а апсурдно е тоа што секогаш оној што го напуштил својот роден град останува поврзан со него. Не е лесно да бидеш далеку од домот свој.
Можеби не многу физички далеку, во смисла на километража, туку далеку во психологијата. Што и да правам мислите многупати ми се навраќаат кон Свети Николе. Поминаа локалните избори а јас освен за Скопје, живо бев заинтересиран и за тоа кој ќе го води нашиот град. Иако лично не ме засегаше многу. Многупати ќе се фатам како низ весниците барам нешто поврзано со моето родно место или како од мене бликнува радоста кога ќе видам наградени Светиниколчани. Уште повеќе во облаци ме “дигаат” фактите ако дознаам дека некој “наш” успеал во животот, направил нешто убаво за себе си и за светот. Затоа што целиот живот останувате врзани за својата родна грутка. Психички. Секогаш ќе се навраќам на градот во кој почна мојот живот и ќе го набљудувам неговиот развој како на бебе. Ќе се радувам на секоја новост, на секој негов напредок, на луѓето кои успеваат, на децата кои се раѓаат.....

Тодор СТОЈЧЕВСКИ
Новинар
Постдипломец на студии за мир и развој
на Филозофскиот факултет во Скопје

  на почеток=

 

ГМО-ШТО МИСЛИ ЈАВНОСТА

Во последниве години развојот и употребата на нови техники на генетски инженеринг предизвикаа темелни промени во традиционалните методи и ширината на биотехнологијата. Овие софистицирани техники овозможуваат идентификација на многу гени кои ги даваат бараните карактеристики итрансфер на овие гени во организмите кои претходно не ги поседувале. Организмите кои се дизајнирани-добиени на овој начин се нарекуваат генетски модифицирани организми (ГМО) и можат да бидат дефинирани како организми во кои генетскиот материјал е изменет на неприроден начин или природно рекомбиниран. Најчесто организми кои генетски се модифицираат се храната, животните и растенијата. При употреба на ваквата храна таа може да биде многу штетна за човековото здравје. При тоа манипулирајќи со генетската структура, новите протеини предизвикуваат голем број алергиски реакции многу често третирани како алергии со нејасна етиологија.
Исто така, со редовно внесување на гени од други видови организми преку исхраната, претставува основа за токсичниот ефект на ГМ производите. На пример, растение отпорно на инсектицид го има токсичниот ефект од генот на бактерија кој е вметнат во генетскиот код на растението кое се консумира
. ГМО не само што се штетни за човековото здравје,туку таа е штетна и за општеството. Таа го загрозува економскиот опстанок на индивидуалните земјоделци, ја намалува можноста на сиромашните луѓе да се прехранат и го зголемува притисокот и на таа оштетена и вулнерабилна животна средина. Огромна потреба од ГМО имаат единствено големите био-технолошки компании, кои произведуваат ГМ семиња од кои имаат огромна финансиска корист, уништувајќи ги за долар повеќе природните богатства на целата Планета. Подржувачите и производителите на ГМО се со ставот дека тие се погодни зашто се намалува нивото на пестициди и хербицди кои ќе се употребуваат за произвотство на земјоделските производи.
Во Македонија нема производство на ГМ храна, но таа секојдневно се увезува за чиј квалитет, дистрибуција и потрошувачка не постои прецизна евиденција. Законската процедура подразбира добивање одобрение од Агенцијата на храна, која понатаму ќе го следи патот на движењето на таквата храна, а произвотството и прометот со ваквиот вид храна, само делумно се опфатени со новиот Закон за безбедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната. Со цел да се легализира присуството на ГМО во Македонија се имплементира проектот
"Иницијативи за донесување легислатива и подигање на јавната свест за ГМО во Р.Македонија", што Движењето на екологистите на Македонија го работи во соработка со МЖСПП и ЕРИНА, како и До"Молика"- Битола, ЕД Изгрев- Свети Николе, ЕД Кладенец-Пехчево и ЕД Грашница-Охрид. Главни активности во проектот се организирање работни средби, подготовка и дистрибуција на анти-ГМО налeпници и летоци во дневниот печат, спроведување на анкета, ГМО банкет (современ начин на презентирање на не-ГМО храната во Европа), изготовка и реализација на јавни требини, превод и печартење на АНПЕД извештај и др. Во моментов се спроведува анкета и се дистрибуираат информативни материјали за ГМО.

Ленче ДАВИТКОВА
ЕД Изгрев

  на почеток=

 

Историјат и цена на РУЖАТА кај нас и во светот

Ружата припаѓа на многу богатата фамилија Rosaceae, а во рамките на таа фамилија во родот Rosa.
Англиско лице, Нова година, Мир, Кралица Елизабета, Мирисен облак, Златна прослава, Санта мраз, Вивалди
, и ... ова се само неколку од 3100 видови на рози, колку што вкупно виреат на земјината топка.
Розата е најприсутниот цвет во во нашето секојдневие: ја има во градините, во домовите, во срцето при помислата на саканата личност, во мислите поради секвенцата за еден цвет расцутен во некој животен миг само за нас.
Но секако Розата е најпродаваниот, најпосакуваниот и најподаруваниот цвет.
Фосилните остатоци говорат дека розите егзистираат милиони години. Се смета дека историјата на ружата е стара колку и светот и дека таа е првата билка која човекот почнал да ја одгледува.
Поетите меѓу другото ја опеале како кралица на цвеќето
, а се споменува и во светите книги на старословенската книжевност и митологија.
Одгледувањето на модерната ружа за прв пат се споменува во Кина, а во Европа ја донеле Римјаните
. По распаѓањето на Римското царство, розите најчесто биле користени за медицински цели. Во времето на Наполеон, црвената ружа имала висока цена, така што лекарите на царевата војска лично оделе во Прованса, за да ја донесат.
Ружата за медицински потреби први почнале да ја користат Арапите
како лек против белодробните заболувања и туберкулозата.
Како прва Европска ружа се споменува "Есенскиот Дамаск", донесена околу 50 години пр.н.е. од северна Африка
.Во пролет цвета обилно, а во текот на годината неколку пати дава помали цветови. Во тоа време се сметала за една од најскапите и најубавите рози, бидејќи била единствен вид во Европа.
Подоцна од другите делови на светот биле донесени и други видови, со што и цената на ружата постепено опаѓа.
Меѓу видовите се споменува и розата "Центифолија
" која се врзува за собата каде што прв пат се сретнале Клеопатра и Марк Антонио. Поради раскошноста на цветот се именува денес како роза-зелка.
Една од најпознатите Европски ружи која била одгледувана во најубавата Бурбонска градина во Франција е ружата "Сувенир од Малмезон
" со најнежна розова боја, на коцкестиот цвет.
За тлото на Франција
се врзува и појавувањето на првата хибридна роза во 19 век што претставува граница помеѓу старата и модерната роза. Имала убав цвет, неверојатен мирис, а била именувана "Франција". Во тоа време овој вид бил најскап во Франција и од него се добиени најскапите парфеми.
Пред 5000 години сите ружи биле бели
, за по некое време да се селектираат во розе и црвена боја. Денес прескапото ружино дрво се употребува за дршки на специјалните примероци пиштоли и ладно оружје.
Ружите се атрактивни заради имуноста од болести, прекрасниот мирис, грациозноста во растењето и отпорноста на ниски температури, а биле распространети на
европско тло многу пред Кинеските рози кои признавале само топло време.
Постојат два основни вида на ружи и тоа: дива и градинарска ружа.
Дивата ружа
цвета во Јуни, Јули и Август, цветовите се бледо розеви, со пријатен мирис, а плодовите зреат во Септември. Плодовите се берат по суво и сончево време, веднаш се сушат и преработуваат за различни чаеви.
Градинарската ружа
за разлика од дивата, со само еден вид боцки, има два вида и тоа: едната е голема, а другата мала и игличеста. Цветовите на градинарската ружа се со различни бои, а цветаат од Јуни до крајот на Август. Се берат круничестите цветови пред наполно да се развијат, а честопати само и првите пупки. Се берат на суво и топло време и внимателно се сушат за што помалку да го загубат мирисот и бојата.
Благодарение на големата содржина на танинот, градинарската ружа има својство да собира и стега. Покрај ова , таа е и антисептик, што значи дека има бактерицидно дејство.
И од дивата и од градинарската ружа може да се приготвуваат различни чаеви
. Во народната медицина, чајот се препорачува како средство за прочистување на крвта, несвестици, главоболки, но и како средство за зајакнување на срцето и нервите.
Поради тоа цената на ружата во сите времиња и во сите предели и краишта низ светот е на високо и завидно ниво.
Во прво време цената била висока поради далечината и транспортот, а подоцна поради конкуренцијата. Но во секој случај кога станува збор за здравје, цената не се земала во предвид.
Розите ги има во најразлични бои, но најнеобична е црвената роза со цветови во темно кафена боја.
Секоја боја на цветот си има различно, но универзално значање, а симболиката се почитува со години.
Така црвената роза означува љубов и почитување, белата роза- невиност и чистота, жолтата роза-радост, пупките од розата-убавина, младост и невиност.
Најпродаваниот цвет кај нас е посакуван подарок за секоја девојка бидејќи пораката за црвената боја е љубов, страст и среќна иднина.
Кај нас, па и во светот за денот на жената 8ми
Март, цената на ружата го достигнува својот максимум.
За една ружа се дава по 150 денари, а истата таа во летните месеци се продава по половина од таа цена. Дури на пазарите кај нас, може да се најде и букетче со ружи за само 50 денари. Ова не е во ред бидејќи во цената се вклучени повеќе трошоци а посебно во летниот период. Во овие вкупни трошоци спаѓаат трошоците за: посадочен материјал, калемење, ожилување, наводнување.
Посадочниот материјал кај нас се набавува по 1,5
€, но доколку се набави од странство чини околу 3 €.
Доколку се користи наводнување "Капка по капка" трошоците се уште повисоки. На пр: За површина од 3000 м
2, за да се опреми со овој систем потребни се околу 3000 €. Исто така има трошоци и при фитопатолошката заштита, бидејќи ружата најмногу страда од пепелница и хлороза.
Оптимална температура за одгледување на ружата е 20-24 степени, но ако е повисока мора да се заштити од сонце, а тоа се дополнителни трошоци.
Во Мај и Јуни се добива најубавиот цвет од ружата со највисока цена, а додека во летните месеци повторно цвета, но цветот е со послаб квалитет, така да кај нас букет од 16 ружи се продава по 50 денари.
При увозно-извозните дејности и цената на ружата е различна во зависност од тоа дали станува збор за продажна или набавна цена, односно продажба на големо или мало.
Еве неколку примери на некои видови ружи кои се продаваат на светските пазари и берзи по набавна цена

 

Видови на ружи

Набавна цена

  LOLITA

4.99 €

 

BLUE RIVER

4.99 €

FLORA DANICA

4.99 €

  ESMERALDA

3.52 €

  OSIRIJA

6.46 €

 

KALMAR

5.87 €
 

GOLD REEF

5.50 €
  KRONBORG 4.70 €
  MARINA 3.52 €
 

JAZZ

7.85 €
 

SALITA

6.75 €
 

RAMIRA

7.34 €

  VEL VET KOVER

4.70 €

  SUN KOVER

4.80 €

 

APOLLO PARADE

2.94 €

 

Денес се селектирани стотици различни видови и илјадници нијанси бои на ружи. Ги има џуџести и џиновски, растат како грмушки, дрвја или ползавци, цветовите се без и со мирис .
Тоа е резултат на огромната популарност што Кралицата на цветовите РУЖАТА ја ужива со милениуми. Титулата ја носи 5 милениуми, без опасност од конкуренција, иако таа постои во цената.
Цветот со раскошен облик и единствен мирис е најчест подарок за жените во сите можни прилики. Колку и да одрекуваат дека не го посакуваат вниманието на мажите изразено преку цвеќе, верувајте дека секоја жена ќе ви се налути ако заборавите да и го честитате празникот или се појавите без цвет. Парадоксално и ексцентрично, но таква е женската природа!!!
Значи ако ги сакате жените угодувајте им или некогаш играјте по нивните правила. Дури и ако е љубовта во прашање, цената на ружата нема никакво значање.

Дејан ГИЧЕВ
дипл. земј. агроном
-градинаро - цвеќар

  на почеток=

 

Препорака за хоби – аквариумски рипки

Во последно време бројот на љубителите кои се бават со акваристика постојано расте. Целта на овој текст е да се поттикнат што поголем број на млади па и постари читатели да почнат да се бават со ова хоби.
При избор на аквариум
почетниците имаат дилема помеѓу топка или правоаголен аквариум.
Разликата помегу овие два е: како прво правоаголниот обезбедува правилна размена на гасовите односно поголема површина подобра размена, како второ правоаголниот можеме да го вклопиме било каде и со било кој намештај во домот.
Додека самиот облик на топката ја прекршува светлината неправилно и создава ехо од звуците, со тоа рибите ослепуваат и се нервозни, не се хранат и по кратко време угинуваат.
Најчесто одгледувани видови на нашиве простори се:

Икраши
-Златна рибка (carassius auratus),
-Трихогастер (leeri, microlepis, sumatranus, tricopterus)
-Бета борец (betta splendens)
-Чистачи или сомчиња (korzdoras arkautus, korydoras aeneus...)
-Неонки (parakeirodon)
-Скалар (pterophullum skalare)


Живородки
-Црни-блек моли (poekilia)
-Ксифофоруси (helleri, makulatus, variatus)
-Гупи (poekilia lebistes)

Уредување на аквариумот
-Најпрво го сместуваме аквариумот каде што нема директна сончева светлина бидејки се појавуваат алги на стаклото а водата станува матна;
-Потоа ги прицврстуваме грејачот, термометарот.цевчињата за распрашувачите за воздух, филтерот (доколку сме одбрале внатрешен сунгер филтер);
-Го ставаме песокот и камењата кои претходно се добро испрани и дезинфицирани;
-Сипуваме вода но внимателно најдобро е да ставиме некој капак или чинија да го ублажиме млазот да не го преврти песокот, откако ке сипеме вода до пола ги засадуваме билките (ekhinodorus rangeri, tenellus, elodea densa, sunema triflorum...) и досипуваме вода до крај;
-На крај ги вклучуваме грејачот, филтерот и светилката и ставаме малку храна, оставаме така неколку дена за да се воспостави природна рамнотежа пред да ги донесеме рибките.

Зошто аквариумски рибки , а не некое друго милениче ?
-Без разлика како е уреден вашиот дом аквариумот не само што ќе се вклопи со ентериерот, туку и ќе ја оживее атмосферата;
-Покрај тоа аквариумските рибки бараат многу помалку внимание од другите миленичиња, не е неопходно да внимавате на нив цело време, не им треба бања, не предизвикуваат алергии, ниту пак бараат шетање кое ви одзема дел од испланираното време.

Потребно е :
-
еднаш до двапати да ги нахраниме, но само толку храна колку што ќе изедат за три минути;
-да ја вклучиме светилката од 8-12 часа дневно;
-да ја провериме температурата;
-да ги отстраниме сите непотребни работи како неизедена храна лисја од билки или мртва рибка...
-еднаш во две недели да смениме една третина од водата (вода без хлор и со иста температура како онаа во аквариумот);
-го чистиме предното стакло од алги (може со сунгер за садови, но откај потемната страна);
-еднаш до двапати годишно го чистиме аквариумот детално (рибките ги ставаме во кофа во која ставаме распрскувач за воздух, песокот и камењата ги переме од алги и аквариумот го дезинфицираме со хиперманган).

П.С. цената на било кој аквариум е занемарлива во однос на задоволството

Александар АРСОВ
Ведран МИЛАНОВ

  на почеток=

 

ПОПУЛАРНИ ЛИЧНОСТИ

Родена под среќна ѕвезда - Бијонси Ноулс

Доволно е да се каже името Бијонси и веќе сите знаат за кого станува збор , нејзината убавина, шарм и грациозност како и позната по своите вокални и актерски способнисти ја освои публиката ширум светот. Родена е на 04.09.1981година, во Хјустон Тексас,а почнала да настапува на седумгодишна возраст. Одела на часови по танцување и пеела во црковен хор . Во 1990г. заедно со нејзината братучетка Кели Роуланд и Мишел Вилијам ја формираа најпопуларната RNB група Дестинис Чајлд или деца на судбината. Се до 2002год. успеаа да продадат 33 милиони албуми и да соберат еден куп награди. Во 2001 год. трите членки на групата решија да се посветат на своите соло кариери од кои Бијонси доживеа најголем успех. Беше прогласена за прва афроамериканска и втора жена што ја добила наградата за поптекстописец, Нејзиниот прв сингл како соло изведувач е Work it out. Соработката со Џеј-Зи продолжи со нејзиниот сингл Crazu in love,деби албумот кој се појави во јуни 2003год. кој беше реализиран во соработка со Шон Пол , Мис Елиот и Биг Бој од Ауткаст кој со метеорска брзина ги освои поп-листите и покажа дека Бијонсе е родена по среќна ѕвезда и има верна публика. Покрај неколкуте филмски улоги се прослави и со музиката за филмовите како Чарлиевите Анѓели , Лоши момци 2 и Ромео мора да умре. За себе вели:"Кога сум на сцена јас сум дива , но кога не настапувам го оставам сето тоа зад себе. Јас ви гарантирам дека мајка ми би ме заклучила се додека не се вратам назад на земјата ако се однесував како дива во реалноста". Бијонси која сега е во врска со раперот Џеј-Зи повеќе е сигурна дека не сака да живее во иднината бидејки не можела да ја почуствува вистинската убавина на животот. По цели пет години од последниот заеднички настап на девојките од групата Дестинис Чајлд повторно се заедно Бијонси , Кели и Мишел го изведоа и својот прв сингл Lose my breath и Soldier кои се наоѓат на врвот на топ-листите а веќе е излезен на продажба нивниот нов албум.

Бојана АЛЕКСОВА

  на почеток=

 

Бритни Спирс

Бритни Спирс е родена на 02.12.1982 година, во малиот град Кентвуд, Лос Анџелес. Кариерата на Бритни започна во 1998 година, таа имаше само 15 години. Бритни на светот му беше претставена како мирно и примерно девојче. Кон крајот на 1998 година таа го објави дебитантскиот сингл "Baby One More Time" и со него ги освои сите оние кои песната ја слушнале само еднаш. Во 1999 година Бритни го објави својот прв албум "Baby One More Time", според песната, со која го постигна врвот на топ-листите.
Таа беше на првото место на сите топ-листи во светот. На овој албум се наоѓаа и други хитови. Бритни ја распродаде оваа плоча во над 10 милиони примероци. Оттогаш Бритни стана супер-свезда. Кога албумот
"Baby One More Time" почна да ги напушта топ-листите, таа го објави синглот и истоимениот албум "Ooops! I Did it Again" во 2000 година. Оваа песна направи бум по светските топ-листи. А вниманието се сврте кон Бритни кога таа ја објави врската со фронтменот на групата N’ SYNG Џастин Тимберлајк, а уште повеќе се зголеми по нивната разделба.
2001 година беше позната како година кога Бритни од мало девојче се претвори во млада, убава жена по оваа промена таа го издаде третиот албум "I’m A Slave 4 U". Овој албум претставуваше мало разочарување за Бритни. По ова таа се обиде и во актерските води, но неуспехот се ширеше. Со песната "Toxic" таа малку се наврати на старата слава, но сепак тоа не беше тоа. Популарноста на Бритни се повеќе и повеќе опаѓаше. А зошто? Никој не го знае одговорот, можеби таа го знае одговорот.

Ангела АРСОВА
Викторија ТАШКОВА

V4
одд

  на почеток=

 

Неколку лични работи за Викторија и Дејвид Бекам

Со оглед дека Викторија (17.04.1975) од Дејвид (02.05.1975) е постара само петнаесетина дена, нивните хороскопи имаат сличности.Таа е колерична брз овен, а тој е посмирен постојан бик. На неа и него Венера им е во палавите Близнаци, а Марс во занесените Риби. А бидејќи тие две планети се во напнат меѓу однос таа може да биде агресивна а тој непромислен и несопирлив. Тој аспект е особено важен во љубовниот живот затоа што ја поттикнува страста но воедно, е и значајна пречка на складниот и толерантен соживот. И кај двајцата постои доза на љубомора, склоност кон деструкција и лични промоции. Односот меѓу планетите наведува на заклучок дека Дејвид е потолерантен од Викторија, а кога е во прашање семејството е подготвен на отстапки. Исто така тој распоред влијае врз нивната желба да ја кријат својата интимност од јавноста бидејќи нивниот вистински имиџ е далеку од она што постојано се прикажува во јавноста.
И Викторија и Дејвид се сестрани , тврдоглави, верни на
семејството и трајните вредности, но желни и за забава , соодржан општествен жживот и слобода.
Добро знаеме кој ја има водечката улога во нивното излегување во јавноста. Тоа дефинитивно не е Дејвид, премногу е јасно дека Викторија е таа која секогаш чекори пред него а Дејвид ја следи-но тоа не значи дека таа е овчарот а тој овцата. Дејвид едноставно е џентлмен и ја остава својата сопруга да излезе на преден план односно таа прва да го привлече вниманието на публиката. Тој е свесен дека неговиот успех е многу поголем од нејзиниот. Нејзиниот заштитен начин на чекорење- рамениците зафрлени назад и градите истакнати напред- зборува дека таа е горда на успехот на својот маж и е свесна за нејзината, денес не толку солидна, поп кариера. Викторија и Дејвид докажуваат дека сеуште постојат љубовта и верноста и веруваме дека многу девојки би посакале да бидат на нејзино место.

Еве ги нивните астродосиеа:
Име и презиме: Viktorija Adams - Beckham
Дата на раѓање:17.04. 1975
Место на раѓање: Хертфордсајер Англија
Висина и тежина:168 см 53кг
Професија: пејачка
Омилена боја: црна
ТВ програм: музика и спорт
Омилени музичари:Anita Baker, Toni Brekston, Saund of blecknes
Омилено јадење: овошје
Хоби: шопинг
Не сака: јапонска кујна
Сака: дизајнирана облека

Име и презуме: David Robert Josef Beckham
Дата на раѓање:02.05 .1975
Место на раѓање:Лејтон стоун Англија
Висина и тежина:183 см 74кг
Професија: фудбалер
ТВ програм: спорт
Омилена музика : Поп, Павароти
Омилено јадење: риба и компирчиња
Хоби: спортски автомобили
Идоли: Ерик Кантона, Брајан Робсон, Рајан Гигс
Сака : дизајнирана облека

Миме ГЕОРГИЕВА

  на почеток=

 

Техника на сликање - Туш

Почитувани читатели , во овој број на весникот ќе ви ја презентирам техниката на цртање со туш. Тушот е течен материјал за ликовно изразување во црна или во повеќе различни бои. Како сретство за нанесување се користи метално перце со остар врв или четка.
При работење со перце се добиваат чисти , прецизни , јасни линии , а кога се користи четка тушот може да се разреди со вода и да се добијат голем број тонски вредности .
Лавираниот туш, пак овозможува добивање на тузија на тридимензионалност во однос на формата или просторот .
Линијата повлечена со перце е јака и интезивна, а со четка е мека, сочна и длабока.
Овие изречни можности на техниката туш ја прави една од најчесто користените техники .

Петар ЛАЗАРОВ

  на почеток=

 

СМС ИЗБОР

2Јас...со погледот ќе те следам, со допирот ќе те охрабрувам, со прегратката ќе те бранам, со бакнежи ќе те хранам засекогаш ќе те сакам.

2Пушти ме да влезам во твоето срце и да заспијам на усните твои, дозволи ми усте еднаш да ги бакнам тие усни и тивко да ти шепнам дека ТЕ САКАМ.

2Еден совет... чувај се...
Една молба... не менувај се...
Една желба...не заборавај ме...
Една лага...една лага не те сакам...
Една вистина...ми недостигаш!

2Здраво мое медено! Знај тм сакам, ти си моја чоколада заради која настана оваа прекрасна балада!

2На секој му треба среќа да живее,
на некој надеж да постои,
некој љубов за да верува
но мене ми требаш ти за да ги имам сите три.

2Господ на сите ангели им дал крила ама на тебе не, бидејќи се плашел дека ќе одлеташ и никогаш да не се вратиш.

2Погледни се во огледалото и ќе видеш како изгледаат моите сни!

 

 

2Од тебе ме дели огромна далечина ... а толку ми е потребна твојата близина! Кога ќе го осетам твојот поглед на себе, засекогаш ќе те сакам тебе.

2ОГЛАС: Ми побегна срцето! Само ми остави порака дека оди кај тебе. Па ако го видиш земи го за себе и не му давај да лута тука покрај тебе вечно нека лупа.

2Има 7 светски чуда,
6 континенти,
5 краци на ѕвездата,
4 листа на детелината,
3 светски океани,
2 очи ...
АМА ТИ СРЦЕ МОЕ СИ ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА.

2Да те сакам ми говори срцето, да те паметам ме тера минатото, да ме сакаш не те задолжувам стори го тоа ако заслужувам

2Синока добив порака од небото. Бог ми се пожали дека му избегал најубавиот ангел. Не плаши се не те предадов!

Сања ПЕТРОВСКА
Никола СТАМЕНКОВСКИ

  на почеток=

 

ПОФАЛБА НА ЉУБОВТА

(Прво послание на светиот апостол Павле и Коринтјаните (гл.13) )

Да зборувам на сите човечки јазици,
Па дури и на ангелски,
штом љубов немам,
ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимбал, што звечи.

Да имам пророчки дар
И да ги знам сите тајни,
Да ги имам сите знаења за сите работи,
А и така силна вера, што и планини да поместувам,
- ако љубов немам, ништо не сум.

И да го раздадам целиот свој имот,
Да позволам телото да ми изгори,
-штом љубов немам, ништо не ми користи.

Љубовта е долготрпелива, полна со добрина,
Љубовта не завидува,
Љубовта не се превознесува,
Не се гордее,
Не прави што е непристојно,
Не бара свое, не се срди,
Не мисли зло,
На неправда не се радува, а на вистина се радува,
С
é извинува, во сé верува,
На с
é се надева, сé претрпува.

Кога бев дете, зборував како дете,
Како дете мислев, како дете размислував;
А кога станав маж, го оставив детинското.

Сега гледам нејасно како во огледало,
А тогаш-лице во лице:
Сега знам нешто,
А тогаш ќе знам како што сум познат.

А сега остануваат овие три работи:
Верата,надежта и љубовта;
Најголема меѓу нив е љубовта.

  на почеток=

 

ЛИЧНИ ТВОРБИ НА НАШИ ВАВИЛОНЦИ

Славејче

Во дворот наш
славеј се крие
Во гранки тенки
Тоа си спие.

Мило и сонува
И за негови песни
си спомнува.
Негови тајни си крие
Дури и кога спие.

Нестрпливо чекам
Да почне да пее,
И песни нежни да вее.
Да се втурнам
Во длабочини
тесни со неговите
песни лесни.

Да летнам со него
низ убавото небо
во убавото чудно село.

Емануел ПЕТРОВСКИ III одд

 

Априли-ли-ли

Дали знае некој од вас,
дека на Земјата и нема спас?
И дека сите пингвини
научиле да кажат
"извини".

Дали знаете дека Јупитер го турнал Марс,
и дека на другите планети им нема спас?
И дека Македонија во Европска унија спаѓа,
а во сиромаштија
уште паѓа.

Дека американски школи се отвараат сега,
мора да се учи-нема каде да се бега.
И дека во Свети Николе загадена вода има,
луѓе со туби шетаат во
пролет, лето, есен и зима.

Денес ништо не се прави,
бар нови цевки да се стави,
да не се мачат луѓе мили,
бар за Априли-ли-ли.

 

Марија ПЕТКОВА 64

 

Живееме за да Љубиме - Љубиме за да Живееме

Секоја роза што ти ја подарив беше со љубов, сите подароци што ти ги дадов ти ги дадов од се срце, барем ти тоа можеш најубаво да го почувствуваш. Секој миг поминат со тебе беше полн со љубов. Се сеќаваш ли на полјанката кога ти ми побегнуваше и само јас знам кога трчав по тебе со колку љубов трчав за да те фатам и да се издигнеме на аморовите љубовни крила. Кога сум со тебе сум радосен, ти ме исполнуваш. Па зарем не беше прекрасна онаа прошетка во паркот кога јас те пресретнав. Таму, кај клупата каде што се сретнавме ги изрежав и нашите имиња да сведочи тоа изрежаното за нешто кое е многу важно за нас. Ти си ми моја инспирација за Живот, таа љубов што ја чувствувам кон тебе ме понесе во една друга страна на Животот. Јас ја загубив самата контрола која ја имав врз себе. Зарем не е прекрасно да си вљубен? Секоја твоја насмевка и твој бакнеж будат жедност во моево срце повторно да ми се насмевнеш и да ме бакнеш. Сепак стравот кој го имам за да не те изгубам е тоа што ме прави се повеќе да те посакувам. Како две пеперутки кои не го знаат правецот на лет сме, ама ние сме посилни од сите препреки, двајцата успеавме да го срушиме ѕидот кој беше на нашиот пат. Крвта ми врие како на некое исплашено животно од светлината на Месецот. Сонцето и Месечината се огледуваат во твоите очи. Сјајот нивни беше заслепувачки за самите нив, но ти го можеше она што никој не го успеа, да ги пресликаш сонцето и месечината во очите твои. Ти си ми идеја за сон кој го сонувам веќе 5 години. Јас и ти заедно можеме да направиме магија. Ти си онаа единствена надеж која ме воздигнува. Штом ти ме имаш целосно ти ќе можеш да ја разбереш смислата на Животот. Знај дека твојата идеја за романса ги запали моите мисли. Зарем не си прекрасна утринска роса која ја гаси жедта на ноќниот скитник. Ти си онаа вода за која јас жедувам. Копнеам да те имам само за мене. Твојата смисла на зборот го исполнува сî она што е празно. Живее во мене она време во кое ние бевме многу среќни. Сакам таа среќа што ја имаме сега да остане засекогаш. Ти беше онаа која го отвори моето срце влезе длабоко, но никако да излезеш. Сакам овде да останеш затоа што тука најдобро можам да ти кажам само колку те сакам. Љубовта наша ќе остане како белег кој ќе го имам додека сум жив.
Ако се караме за минатото и сегашноста нема да има иднина за нас. Ништо не барам од тебе само сакам ова сега што го имаме да го зачуваме. С
î уште сме деца, но само децата ја кажуваат вистината, а вистината ќе ни помогне да пораснеме и да се зацврситме на детските убави спомени. Бевме толку мали на почетокот, но сега сме големи и ти ми помогнуваш да пораснеме во неповрат. Тоа растење ме плаши. Ноќната тишина која владее во мене кога те нема, ме носи во некои нови страни на Животот кои само заедно можеме да ги пребродиме. Нашето кајче веќе ни најсилниот ветер, ни најсилните бранови на водите на Животот не би можеле да го потопат. Веќе тие корени кои ги има из'ртени љубовта во нас цветаат и будат нови сништа. Во чашата на Животот налеваме од нашето црвено вино во кое и ние самите ја бараме да се најдеме каде е нашата вистинска слика. Се огледуваме во нашата сегашност, но никако не дозволуваме нашите погледи да се свртат назад. Сакам да си ги подариме нашите срца, но не еден на друг и да се изгубиме тотално. Само раката на Животот ќе ги спои нив. Сакам да си ги налееме чашите еден на друг, но не и да пиеме од истата чаша. Како што од лирата струните се одвоени, но градат една музика така сакам и ние да бидеме заедно самата далечина да не зближува. Сакам да стоиме, но не еден до друг. Сакам да бидеме како столбови на храм кои стојат на растојание, но држат ист покрив. Сакам од тебе да ме сакаш и кога ќе ми биде најтешко и не сакам еден на друг да бидеме како едно, бидејќи ни дабот и брезата не си растат во сенката.

Втора награда на конкурсот "Пролет, љубов, смеа"
Мартин Колев VIII
2

 

Слатка вистина

Тивко го шепотам твоето име. Немирно се трудам да те зачувам во мојот сон, мојата илузија. Тајно копнеам за тебе , твојот глас, твојата прегратка. Пак посакувам сонот да стане јаве, па макар за само миг. Сонувам ...сонувам како сме срекни...срекни јас и ти. Но тука е вистината... суровата вистина.
Вистина... болка, солзи, копнеж... тоа е вистината.
И по незнам кој пат солзи го облеваат моето лице. Тоа се горки солзи кои ја молат судбината да не не раздели. Ноќта продолжува... јас продолжувам да сонувам...да те барам во мојот сон и таму да те зачувам.

Продолжувам да сонувам и да се надевам дека сонот еден ден ке стане вистина... слатка вистина.

Сања ПЕТРОВСКА

Ти си мој сон

Месечината нежно ми се смешка, а ѕвездите пак ми го шепотат твоето име. Јас и оваа вечер се дружам со моите верни другарки солзи, копнеж, осаменост. Те барам во се околу мене, но залудно те нема. Ти си далеку, далеку од мене, од моите прегратки. Ми треба твојата љубов , твоите погледи, твоите бакнежи ми требаш ти. Се трудам да го дофатам мојот сон, бидејки само таму сум среќна, само така можам да бидам близу до тебе оваа ноќ. Се трудам да те зачувам во мојот сон, мојата илузија. Овие ноќи без тебе се толку долги и мрачни. Оваа ноќ можеби ниту ѕвездите не и се потребни толку на ноќта како ти на мене. Ги молам ѕвездите нежно да ти го шепнат моето име, тивко да ти кажат дека копнеам за твоите бакнежи. Го молам ветерот да те погали како мојата рака за да не заборавиш дека постои некој кој те сака. Го молам времето брзо да помине за да бидам пак среќна со тебе.

Сања ПЕТРОВСКА

 

Чиста природа-здрав живот

Природа е се она што не опкружува, таа ни нуди многу убави работи. Пролетта ни ги нуди убавите миризби од цвеќињата, летото ни ѓи нуди песните на славејот и зујот на бумбарчињата, есента со разнобојните лисја ни ткае шарен килим, а зимата со нежните бели снегулки прави детска радост. Сите овие нешта го исполнуваат срцето со радост, и ја исполнуваат душата со среќа. Колку е неубава сликата на загадената природа пред нас. Природата се потрудила да живееме во чиста средина, а каде сме ние во тоа?
Секогаш кога одам да уживам во убавините на природата, не дозволувам ниту една тревка, ниту едно гранче да ми замери за моето однесување, затоа што јас сакам чиста средина, а верувам и вие. Сакам да бидеме здрави луѓе.
"Сонце, вода, воздух, лекари се три, ако знаеш да ги цениш здрав ќе бидеш ти". Можеби оваа поговорка, ќе ни помогне да започнеме свесно да се грижиме за нашата мајка природа. Не треба излетничките места и околината да бидат депонија, затоа што ние живееме во нив, и не би требало да дозволиме да се случи такво нешто. "Ајде луѓе во акција, да ја ослободиме околината од загаденоста, и да им покажеме на нехуманите како треба да се работи за да ја спасиме природата и самите нас". Загаденоста на природата не ни помага во ништо, само ни го загорчува животот и ја загадува нашата околина, но чистата природа ни дава многу повеќе: чист воздух, чиста околина, здрав и незагаден живот... Па затоа, да се бориме за сето тоа.

Марија ПЕТКОВА

Пролет, љубов, смеа

Пролет е. Птиците се вратија од југ. Насекаде се чувствува шокантниот мирис од штотуку расцветаните цвекиња на дрвјата. Природата се разбуди. Го соблече старото, изветвено и бледо руво и облече ново, шарено руво исткаено со најубави бои. Небото одеднаш стана простор за сончевата игра. На него едреа мали бели облачиња кои се движеа кротко и бавно трудејки се да не го нарушат убавиот пролетен мир. Ветренцето, како со рака ги галеше нежно цветовите кои се беа распослале по зелената росна трева. Тоа ненаситно ги собираше убавите миризби и правеше пријатна арома од која што сите се насладуваа.
Дрвјата прилегаа на извишени стражари кој го чуваа овој рајски пролетен мир. Тие гордо се извишија, покажувајки ги своите расцветани круни на кои се беа насобрале пчели.
Птиците со својот глас го исполнуваат денот со прекрасни мелозвучни мелодии. Тие конечно го дочекаа денот кога ќе можат да го изведуваат својот премиерен концерт. Нивните гласови трепереа кога пееа па така се добиваше впечаток дека слушаш убава слатка симфонија на радоста и мирот. Моите очи како да беа гладни за ваква убавина па незаситено го црпеа и најубавиот детал исткајан од пролетта. Срцето забрзано ми чукаше. Се ширеше собирајки ја сета убавинана едно место. Навечер пред да заспијам ги наслушнувам шепотењата на дрвјата и нивните приказни. Се загледувам во ѕвездениот мир и легнувам во мојот кревет како во ѕвездена лулка. Чувствувам како месечината ми пее приспивна песна од која заморот полека паѓа на моите очи, јас полека заспивам. Наутро ја чекам муграта и раѓањето на новиот ден. Но, тука, со раѓањето на новата пролет се раѓа и нова љубов. Се раѓаат нови љубовни воздишки полни со немир и страст. Се раѓа љубов спрема новите денови кои непрекинато врват. Се раѓа повторно мојата љубов кон убавиот пишан збор. Збор кој ке ме втурне во длабочините на науката и во светот на книгата. Се раѓа новата љубов спрема птиците на мирот и се повеќе се сака и се љуби слободата. Се раѓа мојата љубов кон неисцрпливото нешто кое му треба на целиот свет, а тоа е смеата и радоста. Со задоволство би сакала на секое лице да видам насмевка која ќе се разлета и ќе ги победи сите негативности во светот. Сакам засекогаш да се вплетат низ сончевите зраци и да се исткајат весели насмевки во сите детски очи. Сакам секој да го почуствува вкусот на радоста и смеата бидејки тоа е неисцрпно богатство на секој човек и на секое човечко битие. Нека убавиот збор ги победи сите грди и навредливи зборови. И нека секој се радува на она што денес нé опкружува. Да живее секој во сегашноста не тагувајки по минатото и не копнеејки по иднината. Секогаш да ги ставаат убавите работи пред лошите и така ќе добиеме посветла точка во животот. Да живеат со она што нé опкружува, а тоа се пролетта, љубовта и смеата.

Надица ЈОВАНОВА
 

МОДЕЛИ ЗА МАТУРАНТКИ И ПОЛУМАТУРАНТКИ

   
   

Гордана ГЕОРГИЕВА

  на почеток=

 

ВАВИЛОН КУЈНА

КРОФНИ

250гр. Млеко, 4 јајца, 2 лажици зејтин, 2 лажици шеќер, 1/2квасец, брашно од прилика. Сето тоа се меша и се стасува,кога ќе стаса се расукува кора се сече со чаша и се пржат и се увалуваат во прах шеќер.

ОБИЧЕН СЛАДОЛЕД

1/2л; млеко и 3 ванили се варат. Посебно се матат 3 жолчќи со 3 лажици шеќер и се додава 3 лажици брашно. Сето таа смеса се става во млекото кое врие и се додава 3 лажици маргарин, откако ќе се згусне се трга да олади. Посебно се матат 3 белќи со 3 лажици шеќер откако е готов се меша со оладениот фил. Смесата се дели на 2 дела. Едниот дел се става во плитка чинија и се става во фриждер 20 мин; да замрзне малку, а во друѓиот дел се ренда чоколадото и се меша. првиотдел се става врз вториот дел и се враќа во фриждер потполно да олади

АЛВА

250гр. Зејтин, 500гр. Гриз, 500гр. шеќер, 1кг. Водата да зоврие. Се става зејтин да зоврие и се става гризот да се запржи убаво да добие црвеникава боја, а потоа се додава зовриениот шеќер со вода и се меша се додека не се згусне.

 

БОСАНСКА БАКЛАВА

1кг. Готови кори.
Фил: 2 филџани ориз предходно сварен и исцеден, 2 лажици шеќер
, 200гр. Суво грозје, 250гр. Мелени ореви, 1 лажица какао. Се редат по 5 кори кои се прскат предходно измешани 3 филџани зејтин, 1 филџан кисела вода. Башка се попарува баклавата со 200гр врел зејтин т.е откако е замотана.

ФИЛУВАНА БАКЛАВА

1/2л. млеко, 3 јајца, 100гр. Зејтин, 1/2 беби гриз,1/2 стопен маргарин, 750гр. Кори. Сето тоа се меша, а јајцата предходно се матат, а потоа друѓите смеси се стават во изматените јајца.

МРСНА ТОРТА

4 јајца и 2 шоли за млеко шеќер се матат, а потоа се додава 1 шоља зејтин, 1 шоља млеко, 5 лажици мармалад, 3 шољи брашно, 1 пециво, 1 ванила и од прилика ораси сецкани, малку сода сето тоа се меша и се става да се пече.

 

 

Никола НАУНОВ

  на почеток=

 

ВИЦОТЕКА

 ☺☺☺

Учителката: Џокица, зошто доцниш на училиште?
Џокица: Морав да ја носам кравата кај бикот. Учителката: А не можеше ли татко ти да ја заврши таа работа?
Џокица: Јас мислев дека сепак, бикот подобро ќе ја заврши таа работа!

☺☺☺

Мујо и Хасо седат во својата кафеана и разговараат:
Мујо: Замисли, некој ми напишал писмо... ми се заканува дека ќе ме убие ако не престанам да се гледам со жена му.
Хасо: Па престани човеку, може да настрадаш!
Мујо: Не можам. Идиотот не се потпишал!

☺☺☺

Учитеката: Сите што мислат дека се глупави, нека станат?
Станал само Џокица .
Учитеката: Значи Џокица, ти мислиш дека си глупав?
Џокица: Не... само мразам кога во целото одделение стоите само Вие!

☺☺☺

Мујо: Оној, финансовиот, пак нешто мати. Го видов платниот список со свои очи.
Хасо: И што виде?
Мујо: Мати нешто ти велам. Видов дека сите 100 вработени замаме загарантирана плата од по 5.000 денари, а само некој Салдо 500.000!

☺☺☺

После првото венчавање на кое присуствувал, Џокица ја прашал мајка си:
-Мамо, зошто невестата е облечена во бело?
-Затоа што белата боја е боја на среќата. Венчалниот ден е најсреќниот ден во животот на жената - одговорила мајка му.
-А зошто младоженецот е облечен во црно?

☺☺☺

Мујо: Е навистина си купил добри чорапи. Само не сфаќам, зошто на бели чорапи ставиле црна точка?
Хасо: Како зошто, па кога веќе не се познава црната точка, време е за перење на чорапите!

 

☺☺☺

-Учителе, зошто моето дете има едница по математика? - прашува родителот.
-Сега ќе Ви се разјасни - вели учителот. Го вика ученикот и го прашува:
-Колку се 1+1?
-Три.
-Колку се 2+2?
-Пет.
-Колку се 3+4?
-Шест.
Потоа учителот го прашува родителот:
-Дали сега Ви е јасно зошто има единица? -Учителе, и сами видовте колку блиску беше, па не барам јас петка...

☺☺☺

Прашање: Што постојано се зголемува а не се намалува?
Одговор: Годините и килограмите.

☺☺☺

Прашање: Зошто директорот на училиштето не сака да оди на училиште?
Одговор: Затоа што го мразат и професорите и учениците.

☺☺☺

Прашање: Зошто полицаецот носи капа?
Одговор: Да не му падне нешто на памет.

☺☺☺

Прашање: Што е тоа - петмина в канцеларија а само еден работи?
Одговор: Четири службеници и вентилатор.

☺☺☺

Прашање: Зошто полицаец со мокра крпа го кваси зидот?
Одговор: Лекарот му рекол да става облоги таму кај што се удрил.

☺☺☺

Прашање: Зошто кај дивите гуски летајки во формација на латинската буква “В”, едната страна е поголема?
Одговор: Затоа што на таа страна има повеќе гуски.

 

 

  на почеток=

 
 
  ПЕСНАРКА  
 

Destiny's Child
Soldier

1st Rap: T.I. (DC)
Hey  (I want a soldier!)
The way you got it, I,m the hottest around
They'll know it when they see you rollin' impala's around
(I got a soldier!)
Wit the top down feeling the sounds
Qaukin' and vibratin' your thighs ridin' harder than guyys
Wit the chrome wheels at the bottom, white leather inside
When them lames be spittin' at you tell 'em don't even try it
To shot it wit Chelle and kick it wit Kelly or holla at B
Ya, gotta be g's you way outta your league
Please!

First Verse: Kelly (DC)

We like dem boys that be in the lac's leanin'{Leanin'}
Open their mouth their grill gleamin'{Gleamin'
Candy paint, keep that whip clean and {Clean and}
(They always be talkin' that country slang, we like)
They keep that beat that be in the back beatin'{Beatin'}
Eyesbe so low fomw the chief {chief and}
I love how he keep my body screamin' {Screamin'}
A rude boy that's good to me, wit street credibillity

Hook: DC
IF his status ain't hood
I ain't checkin' for him
Betta be street if he lookin' at me
I need a soldier
That ain't scared to stand up for me
Known to carry big things
If you know what I mean
If his status ain't hood
I ain't checkin' for him
Betta be street if he looking at me
I need a soldier
Thay ain't scared to stand up for me
Gotta know to get dough
And he betta be street

Second Verse: Beyonce (DC)
We like dem boys up top from the BK{BK}
Know ho to flip that money three ways {Three ways}
Always ridin' big on the freeway {Freeway}
(Wit that east coast slang that us country girls we like)
Low cut ceasars wit the deep waves {deep waves}
So quick to snatch up your Beyonce {Beyonce}
Always comin down poppin our way {Our way}
(Tellin us that country girls the kinda girl they like)

Hook: DC
If his status ain't hood
I ain't checkin for him ... (from up)
....
Hook: Beyonce (DC):
I know some soldiers in here (Where they at, where they at)
THey wanna take care of me (Where they at)
I know some soldiers in here (Where they at, where they at)
Don't mind takin one for me (Where they at)
I know some soldiers in here (Where they at, where they at)
They wanna spend that on me (Where they at)
I know some soldiers in here (Where they at, where they at)
Wouldn't mind puttin' that on me (Where they at)

2nd Rap: Lil Wayne
Hey, see cash money is a army ,I'm walkin' wit purple hearts on me
You talkin' to the sargeant,
Body marked up like the subway in harlem
Call him, weezy f baby, please say the baby
If you don't see me on the block I ain't tryna hide
I blend in wit the hood, I'm camouflage
Bandana tied, so mommy join my troop
Now every time she hear my name she solute

3rd Verse: Michelle (DC)
I like dem boys over there they lookin' strong tonight {strong tonight}
Just might give one the phone tonight {Phone tonight}
Homey in the dickies in my zone tonight {Zone tonight}
He don't know it might be on tonight
Ooh he lookin' good and he talkin' right {Talkin' right}
He the type that might change my life {Change my life}
Everytime he look at me my girls be like {Girls be like}
(Thats one may be the one tonight)

Hook: DC
If his status ain't hood
I ain't checkin foor him (from up)
Bridge: Beyonce (DC)

 Frecuencia 04-Florencia_Otero
Amor Mio


Es inutil, ya lo se,
no soy solo lo que ves,
no me atrevo a desir nada,
me confunde tu mirada.

Soy asi y asi muero,
si no grito lo que quiero,
cuantos cielos te daria,
se que es una fantasia.

Amor mio si pudieras,
si pudiras descubrir,
que te llevo aqui en mis sueсos,
que mimundo es para ti..,
amor mio si pudieras, si pudieras comprender,
para mi eres diferente,
yo una mas entre la gente.

Quiere ser que algun dнa,
si estas cerca todabia,
me desnude el sufrimiento.
puedas ver lo que yo siento.

Soy asi y asi muero,
si no grito que te quiero,
cuantos cielos te daria,
se que es una fantasia.

Amor mio si pudieras,
si pudieras descubrir,
que te llevo aqui en mi sueсo,
que mi mundo es para ti,
amor mio si pudieras,
si pudieras comprender,
para mi eres diferente,
yo una mas entre la gente.

Amor miooo..


Amor mio si pudieras,
si pudieras comprender,
para mi eres diferente,
yo una mas entre la gente,
para tiii.....

Te abri mi corazуn,
tal ves esta canciуnnnnnnnnn..
 

 

 

 
       
 

  на почеток=

 

 
 

прва страна | профил| активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2004-2005 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Ал.Бог.