„Зголеми ги своите вредности – едуцирај се“
Во периодот од 1 Јануари до 30 Јуни 2013
година Организација на жените на општина Свети Николе го реализираше
проектот „Зголеми ги своите вредности – едуцирај се“ кој
финансиски беше поддржан од Генералниот секретаријат при Влада на
Р.Македонија. Проектот е во согласност со владините програми за
зголемување на економскиот раст и конкурентноста на трајна основа,
повисока стапка на вработеност, пораст на животниот стандард и квалитет
на живеење преку спроведување на активни политики за вработување со кои
се делува врз знаењето и квалификациите на понудата на работна сила.
|
|
|
Еден од главните проблеми кој што се
третираше со проектот беше невработеноста и намалените можности за
вработување во општина Свети Николе пред се поради немањето на слободни
работни места во постоечките капацитети, неповолна структура на понудата
на работната сила (демографски и стручно), недостаток од одредени
профили и подемот на сивата економија. Проблемите со кои се соочуваат
невработените лица, независно од старосната, половата и етничката
структура, бара итно превземање на мерки и активности за поддршка на
оваа ранлива група, зајакнување на нивните капацитети и олеснување на
пристапот до работни места. Заради тоа проектот има за цел да
придонесе кон намалување на стапката на невработеност во Општина Свети
Николе, односно кон зајакнување на капацитетите и стекнување на
дополнителни вештини на младите невработени лица од општина Свети
Николе, заради зголемување на конкурентноста на пазарот на трудот
согласно побарувачката за работна сила.
|
|
|
Во рамките на проектот беа реализирани блоk
на работилници и обуки за изработка на кратка биографија, мотивационо
писмо, интервју за работа, комјутерска обука за интернет пребарување за
можности за вработување и аплицирање и изработка на бизнис план.
Со проектот беа обучени 48 млади
невработени лица од градот Свети Николе, руралните средини и општина
Лозово. Учесниците на обуките добија соодветен едукативен материјал, а
по завршување на сите проектни активности и сертификати за учество.
Сите активности беа медиумски покриени од
страна на локалните медиуми.
Организација на жените на општина Свети Николе
|