ПРОМОВИРАЊЕ НА АКТИВНО МЛАДИНСКО УЧЕСТВО НА ЛОКАЛНО НИВО ПРЕКУ
ВОЛОНТИРАЊЕ - 70 НОВИ ВОЛОНТЕРСКИ ПОЗИЦИИ ВО ЛОКАЛНИОТ ВОЛОНТЕРСКИ
СЕРВИС
Организација на жени на општина Свети
Николе по четврти пат успешно го реализираше проектот „Локален
Волонтерски Сервис“. Носител на проектот е Младински културен
центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија), а како партнери
во имплементацијата на проектните активности во четвртиот циклус од
проектот, покрај нашата Организација беа вклучени уште 5 невладини
организации односно Волонтерски Инфо Точки (ВИТ) и тоа Младински
образовен форум – Скопје, СППМД - Кавадарци, Младински совет - Охрид,
Агтис – Прилеп и Институт за развој на заедницата – Тетово.
Со реализацијата на
проектот во 2012/2013 беа опфатени 70
волонтери и повеќе од 50 јавни институции/организации и државни органи.
70 волонтери и 70 претставници на институции односно супервизори на
волонтерите, првично добија обука во областа на волонтерски менаџмент, а
потоа се креираа и реализираа 70 волонтерски места при што беа опфатени
над 6000 корисници на волонтерските услуги (граѓани).
|
|
|
Во општина Свети Николе беа реализирани 8
волонтерски места, односно по двајца волонтери во Фондот за здравствено
осигурување-Свети Николе, двајца волонтери во Основен суд-Свети Николе,
еден волонтер во Агенција за катастар на недвижности, еден волонтер во
Дневниот центар за лица со посебни потреби, еден волонтер во Центарот за
жртви од семејно насилство и еден волонтер во ОО Црвен Крст-Свети
Николе. За сите волонтери беше обезбеден надоместок за покривање на
трошоците за пат и исхрана за период од 3 месеци, а волонтерите беа
секојдневно ангажирани во работните денови по 4 часа но по потреба и
повеќе часа. Волонтирањето започна во почетокот на февруари.
|
|
|
Реализираните проектни активности ќе
придонесат за имплементација на Законот за волонтерство во РМ донесен на
2 Јули 2007, со што се овозможуваат нови пристапи за организирано
волонтирање. Целта е да се надминат поранешните состојби на непланско и
неорганизирано волонтирање кога волонтерскиот труд не беше ценет и
најчесто беше поистоветуван со неплатен труд или губење на време.
Организација на жените на општина Свети Николе
|