english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
   

ПОВИК ЗА ОБУКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, САМОВРАБОТУВАЊЕ И ПОЛЕСЕН ПРИСТАП ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

Организација на жените на општина Свети Николе, во рамките на проектот „Зголеми ги своите вредности – едуцирај се“ финансиски поддржан од Генерален Секретаријат при Влада на Р.Македонија ќе реализира обуки за вработување, самовработување и полесен пристап при вработување.

За таа цел го објавува овој повик за пријавување на заинтересираните невработени лица за учество на работилници за пишување кратка биографија (CV), мотивационо писмо, интервју за работа, компјутерска обука за интернет пребарување за можности за вработување и аплицирање и обука за изработка на бизнис план.

Се покануваат сите млади невработени лица на возраст од 18 до 35 години од градот и од руралните средини (Горобинци, Ерџелија, Мустафино, Амзабегово и Црнилиште) да се пријават за учество на работилниците најдоцна до 15 февруари 2013 година директно во канцеларијата на Организација на жените на општина Свети Николе ул.Ленинова бр.1 (во центарот на градот во жолтата зграда над Алго-мак) или на е-маил: womsvetinikole@yahoo.com

Воедно Ве информираме дека на заинтересираните лице од руралните средини кои ќе учествуваат на работилниците ќе им се покријат патните трошоци.

За учесниците на работилниците е обезбедено едукативни материјали и освежување.

Апликацијата за пријавување за учество на работилниците се достапни на web страната на Организација на жените на општина Свети Николе www.womsvetinikole.org.mk и директно во канцеларија на Организација на жените на општина Свети Николе.

За подетални информации може да не контактирате и на телефон 032/444-620 и 032/440-032 секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот.

!!! ПРИЈАВАТА може да ја превземете овде !!!

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2013 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster