Организацијата на жените на Општина Свети Николе и
Локалната Самоуправа Свети Николе во рамките на 16те меѓународни денови
за борба против семејно насилство реализираа заеднички активности за
подигање на свеста за семејното и родово базирано насилство .
На ден 30.11.2013 година во Сабота, на Градскиот
плоштад во Свети Николе беше поставен панел за потпишување на
иницијативата НЕ за СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО
каде стотина жителите на општина Свети
Николе ја дадоа својата подршка за борбата против семејното насилство и
сите видови насилство врз жената .
Освен потпишување на иницијативата НЕ за СЕМЕЈНОТО
НАСИЛСТВО, се делеа и виолетови панделки како симбол за борбата против
семејното насилство и информативни флаери и брошури од страна на
волонтери од СОУ Кочо Рацин. Промотивен материјал беше делен за цело
време на 16те меѓународни денови за борба
против семејно насилство.
|
|
|
|
|
|
Организацијата на жените на Општина Свети Николе
освен што работи на превенција за семејно насилство уште од самите
почетоци на постоење на здружението , преку организирање на многубројни
едукативни работилници за жените во руралните и урбаните средини , за
младите невработени лица и за ученици од основните и средните училишта ,
од 2005 па наваму работи со жртвите на семејно насилтво. Во состав на
Организацијата 8 години во континуитет постои канцеларија за бесплатна
правна и психосоцијална помош и подршка на жени жртви на семејно
насилство каде жените жртви на семејно насилство бесплатно можат да
добијат подготовка на : тужба за развод на
брак поради извршено семејно насилство, барање привремена мерка поради
извршено семејно насилство , молба, жалба и други писмени поднесоци .