english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
   

Воспоставување на систем за стандардизација на услугите за бесплатна правна помош

На 30.09.2013 година официјално заврши проектот Воспоставување на систем за стандардизација на услугите за бесплатна правна помош” финансиски подржан од UN WOMEN кој траеше една година почнувајки од 01.10.2012 година . Носител на проектот беше ЕХО-Едукативно хуманитарна организација од Штип , а партнер организации освен Организација на жените на општина Свети Николе беа и Организација на жените на општина Струмица и Кризен центар Надеж од Скопје.

Со завршната активност - Конференција –беше промовиран Водич за граѓанските организации кои обезбедуваат бесплатна правна помош и се доделија сертификати на граѓанските организации кои беа дел од активностите на тренинг центарот и учесници во Програмата за јакнење на капацитетите на граѓанските организации во процесот на воспоставување на стандарди за организации кои обезбедуваат бесплатна правна помош на жртви на семејно наилство .

 

Со реализацијата на овој проект се овозможи и воспоставување на единствен on-line систем на дата база на пријавени случаи на семејно насилство од страна на четирите НВО вклучени во проектот со можност за вклучување и на други здруженија кои даваат бесплатна правна помош .

И по звршување на проектот , канцеларијата за бесплатна правна помош за жртви на семејно насилство при Организација на жените на општина Свети Николе продолжи да работи со давање на услуги на бесплатна правна помош за жртви на семејно насилство.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2013 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster