english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Меѓународен младински тренинг „Европското граѓанство - можности и решенија за вработување на младите“

Во периодот од 10 до 20 Август 2013 година група на млади волонтери од Организација на жените на Општина Свети Николе учествуваа на тренингот „Европското граѓанство - можности и решенија за вработување на младите“. Домакини на тренингот беа „Евроалтернативи 21“ од Јакоруда, Бугарија, а истиот се одржа во Годлево, Република Бугарија и беше финансиран од програмата „Млади во Акција“. На овој тренинг учествуваа младинци од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и од Македонија. Групата млади кои ја претставуваа Република Македонија и Организацијата на жените на општина Свети Николе ја сочинуваа: Александра Тодевска, Благој Јаначков, Катерина Ивановска, Александар Андонов, Александра Николова, Марјан Наумов и Дарко Јованчевски, а водач на групата беше Александар Богатинов.

 
     
 
     
 
     
 

 

За време на тренингот младите дискутираа на повеќе теми: причини и мерки за надминување на проблемот со невработеноста на младите, личен и професионален развој на младите, креирање на кратка биографија и бизнис планови, развој на волонтерството, Европско граѓанство, формално и неформално образование, програмата „Млади во Акција“, пристап до Европските развојни фондови, алатка–сертификат за признавање на неформалното образование „Youthpass“.

 
     
 
     
 
     

Во попладневните работилници младите имаа можност да учествуваат во спортски натпревари, игри без граници и школа за танцување.

 
     
 
     

Вечерните часови беа резервирани за претставување на државите учеснички на овој тренинг курс. Македонија ја претставивме најдобро што можевме и верувајте ми таа вечер прекрасно беше чуството да се биде МАКЕДОНЕЦ !!!

 
     
 
     

На крајот на тренинг кампот Македонската национална вечер беше прогласена за најдобра национална вечер. Националните вечери помогнаа многу да се научи повеќе за другите и да се надминат многу предрасуди и стереотипи.

 
     
 
     

Нашата одлична домакинка Претседателката на „Евроалтернативи 21“-Госпоѓа Фети Шаранска на младите им пружи уникатна можност да го посетат Банско и да уживаат на Интернационалниот Џез Фестивал Банско 2013, да го посетат Разлог каде што посетија еден од музеите во градот и да бидат дел од големата прослава на празникот Успение на Пресвета Богородица во Годлево.

 
     
 
     
 

Младите беа охрабрени стекнатите знаења и искуства од овој тренинг да ги презентираат пред своите врсници во своите средини и да ги охрабрат и нив во блиска иднина да се вклучат во слични Европски активности во кои Организацијата на жените на Општина Свети Николе е вклучена повеке од 7 години.

Најважно од се е тоа што младите од различни културни средини и држави стекна нови пријатели кое пријателство се надевам ќе биде долго и ќе прерасне во идни соработки.

 

 

Ја користиме оваа статија да ја искажеме нашата голема благодарност до организаторите и реализаторите на овој тренинг, до домакините од хотелот Припеците, жителите на Годлево, водачите на останатите младинските групи: Енес Хаџихалиловиќ , Маја Стојменовиќ и Ајсен Сапунџи, како и до фасцилитаторите Људмила Дерменџиева, Јордан Христов и Енида Џаиќ и до нашата драга тетка Фетка - Фети Шаранска. И голема благодарност до нашата Организација на Жените на Општина Свети Николе за одличната селекција на волонтери кои беа составен дел на Македонската група учесници на овој меѓународен младински тренинг.

Уште еднаш младите од Балканските земји на дело покажаа дека различностите се наше богатство и она што треба да не обединува, а не да не разделува или како што управникот на хотелот Припеците (каде што се одржа овој 10 дневен тренинг) господинот Красимир Васев напиша на нивната фан страна „Обединети од нашата заедничка балканска култура, можеби овие 30-тина млади одржаа лекција на политичарите и на нас самите како да ги надминеме разликите и да го прифатиме нашиот сопствен идентитет како дел од една поголема заедница. И да одиме напред!

Александар Богатинов
Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2013 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster