|
Волонтери од Организација на жените на општина Свети Николе на
Меѓународен детски карневал во Херцег Нови, Црна Гора
Во периодот од 24 Мај до 5 Јуни 2013 година
6 волонтери од Организација на жените на општина Свети Николе, на покана
од Младински центар, Херцег Нови кој е носител на проектот, учествуваа
на волонтерски камп во Херцег Нови, Црна Гора. Покрај волонтерите од
Свети Николе на волонтерскиот камп учествуваа и по 6 волонтери од Херцег
Нови од Црна Гора, Горица од Италија и Ново Место од Словенија.
Волонтерите заеднички учествуваа во логистички и организациски
активности за подготовка на одржувањето на седмиот меѓународен детски
карневал во Херцег Нови. Самиот Меѓународен детски карневал траеше од
Петок, 31 Мај па се до Недела, 2 јуни 2013 година. Како завршен дел од
карневалот, беше организиран традиционален излет со траект по Которскиот
залив.
|
|
|
Оваа година на карневалот земаа учество
околу 1000 учесници односно повеќе од 40 карневалски групи од 6 земји
учеснички. Најголем дел од учесниците беа од Црна Гора но имаше
претставници и од Словенија, Босна и Херцеговина, Русија, Хрватска,
Србија и Македонија.
На Седмиот детски меѓународен карневал, од
Македонија учествуваа ученици од IV и V одд. од ООУ “Кирил и Методиј" и
ООУ ”Гоце Делчев" од Свети Николе.
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|