Организација на жените на Општина Свети Николе
започна со компјутерските обуки во рамките на проектот „Бесплатна
компјутерска едукација на млади невработени лица од Општина Свети
Николе“ кој е финансиски поддржан од Генералниот Секретаријат при
Владата на Република Македонија.
Цел на проектот е компјутерска едукација на 120 млади
невработени лица на возраст од 18 до 35 години од
населените места Ерџелија, Црнилиште, Амзибегово,
Горобинци и градот Свети Николе од општина Свети
Николе да се стекнат со знаење за работа со Windows, Microsoft Word,
Microsoft Excel, Microsoft Power Point и Internet.
По завршувањето на подготвителните активности
(подготовка на компјутерскиот кабинет и изработка на прирачник за
почетници) и пријавувањето на заинтересираните кандидати за посета на
обуката беа формирани:
-Четири групи за Windows и Microsoft Word;
-Четири групи за Microsoft Excel и Microsoft
PowerPoint;
-Седум групи за Основи на Интернет