english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

„Локален одговор на трговијата со луѓе“

Во рамките на проектот „Локален одговор на трговијата со луѓе“ имплементиран од Отворена Порта – Скопје и финансиски подржан од Европската унија, а по повод Светската недела за борба против трговија со луѓе од 2 до 9 Декември, Организација на жените на општина Свети Николе реализира активности за одбележување на истата. Одележувањето на Светската недела за борба против трговијата со луѓе започна со делење на информативни и едукативни материјали за борба против трговија со луѓе на 3 декември, кога волонтери од ООУ „Гоце Делчев“ делеа флаери од Отворена Порта на случајни минувачи во централното градско подрачје во Свети Николе.

 
     
 

Психологот во училиштето заедно со наставниците по македонски јазик и 6 ученици, подготвија форум драма на тема „Подобро, поскромно дома, отколку роб во туѓина“ која беше прикажана во 13 одделенија во училиштето во периодот од 5 до 9 Декември. Во периодот од 28 Ноември до 7 Декември 2011 година беше објавен наградниот ликовен и литературен конкурс за учениците од ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе. Пристигнатите творби на конкурсот беа евалуирани од наставниците по ликовна уметност и македонски јазик од училиштето и беа одредени наградените трудови. За наградените ученици се обезбедија скромни награди. Одбележувањето на Светската недела за борба против трговија со луѓе заврши со пригодна манифестација која се одржа на 9 Декември со почеток во 12 часот во просториите на ООУ „Гоце Делчев“.

 

Манифестацијата беше отворена со настап на училишниот состав од флејти, потоа имаше воведно запознавање на присутните со неделата против трговија со луѓе, беше изведена форум драмата „Подобро поскромно дома, отколку роб во туѓина“ и на крајот беа прогласени наградените ученици од литературниот и ликовниот конкурс.

 

На наградените ученици им беа поделени дипломи за освоените места, а на останатите учесници на конкурсот, на училиштето, директорката, психологот и наставниците им беа доделени благодарници за учество во активности по повод Светската недела за борба против трговија со луѓе. Наградените литературни творби беа прочитани пред присутните и беше поставена ликовна изложба од сите пристигнати трудови. На крајот за сите присутни беше организиран скромен коктел.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2011 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster