english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

“Да излеземе заедно од мракот на семејното насилство”

Во рамки на 16 дена кампања за борба против семејното насилство, на 02 Декември 2011 година со почеток во 12.30 часот во просториите на Славјанскиот Универзитет, во Свети Николе се одржа панел дискусија на тема “Да излеземе заедно од мракот на семејното насилство”.
Оваа активност беше организирана од страна на Организацијата на жените на општина Свети Николе со финансиска подршка од УНФПА. На панел дискусијата присуствуваа 38 лица, членови на локалните координативни тела за борба против семејно насилство-пре
тставници од релевантните институции (центар за социјална работа, полиција, здравство, образование, локална самоуправа) и НВО секторот од пет општини од Македонија: Свети Николе, Штип, Пробиштип, Кочани и Виница. Исто така на панел дискусијата присутни беа и две преставнички од Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство-чија членка е и Организација на жените на општина Свети Николе.

 

По поздравниот говор од страна на организаторите, беше презентирана скратената верзија на Кодексот за прием на жртви на семејно насилство по што следеше дискусија во однос на постапувањето по Кодексот од страна на релевантните субјекти во петте општини. На панелот беше разговарано за соработката меѓу институциите и невладиниот сектор како и за методите за подобрување на заштитата на жртвите на семејно насилство, континуирано работење на превентивата, а исто така беа и изложени статистички податоци за пријавени случаи на насилство и семејно насилство во тековната година и разменување на искуства од страна на инволвираните страни од оваа област.

 

Како заклучок кој произлезе од оваа панел-дискусија е потребата од:

-почесто организирање на заеднички активности/средби од областа на заштита од семејно насилство;

-активно делување на невладиниот сектор во другите општини;

-поголем број на прифатилишта за жртви на семејно насилство;

-поголем број на канцеларии за бесплатна правна и психосоцијална помош за жртви на семејно насилство;

-континуирана соработка меѓу невладиниот сектор и другите институции кои го третираат проблемот семејно насилство;

- поголема меѓуинституционална соработка меѓу релевантните фактори како на локално така и на национално ниво;

-формализирање и активно делување на локални координативни тела за борба против семејното насилство;

-мониторинг врз имплементацијата на постојните Законските одредби, програми и стратегии од областа на превенцијата и заштитата од семејно насилство и

-континуирано лобирање кај локалните власти за добивање на финансиска и логистичка подршка за делување и одржливост на невладиниот сектор во областа на заштитата од семејно насилство.

Даниела Панева
Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2011 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster