english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

ПРОМОВИРАЊЕ НА АКТИВНО МЛАДИНСКО УЧЕСТВО НА ЛОКАЛНО НИВО ПРЕКУ ВОЛОНТИРАЊЕ – ЛОКАЛЕН ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС

Организација на жените на општина Свети Николе продолжува со имплементација на Законот за волонтерство во јавни институции, организации, државни органи и невладини организации. Оваа активност е дел од проектот „Локален Волонтерски Сервис“ чии носител е Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија). Покрај Организација на жените на општина Свети Николе, партнери во проектот се и Младински образовен форум – Скопје, СППМД - Кавадарци, Младински совет - Охрид, Агтис – Прилеп и Институт за развој на заедницата – Тетово, кои функционираат и како Волонтерски Инфо Точки.

Со цел развој на квалитетен систем за волонтерски менаџмент и придонес во решавањето на проблеми во локалните заедници проектот предвидува мобилизација на волонтери и развој на волонтерски позиции во општински администрации, правосудни органи, државни органи и агенции, како и во невладини организации кои работат на заштита на човекови права и со маргинализирани групи.

Од реализацијата на проектот во 2011/2012 во седумте општини се очекува да бидат обучени 60 волонтери и 60 претставници на институции во областа на волонтерски менаџмент, да се креираат и реализираат 60 волонтерски места при што ќе се опфатат над 4000 корисници на волонтерските услуги (граѓани). За сите волонтери е обезбеден надоместок за покривање на трошоците за превоз и исхрана во период од 3 месеци. Почетокот на волонтирањето ќе биде во текот на јануари 2012 година.

Корисници на волонтерските услуги ќе бидат: локалните самоуправи (општинските администрации) правосудните органи (Основни и Апелациони судови, јавни обвинителства), државни органи, државни агенции на централно и локално ниво и подрачни министерства. Една петтина од волонтерите ќе бидат сместени во граѓански организации кои работат на локално ниво.

Проектните активности ќе придонесат за имплементација на Законот за волонтерство во РМ донесен на 2 јули 2007, со што се овозможуваат нови пристапи за организирано волонтирање. Целта е да се надминат поранешните состојби на непланско и неорганизирано волонтирање кога волонтерскиот труд не беше ценет и најчесто беше поистоветуван со неплатен труд или губење на време.

Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy (www.ned.org).

Потенцијални волонтери во овој проект се граѓаните, со посебен акцент на младите невработени лица. Формуларите за аплицирање се достапни во канцеларијата на Организација на жените на општина Свети Николе и на веб страната на Организацијата на следниот линк:

!!! Пријавата може да ја превземете овде !!!

 Рокот за пријавување е до понеделник 12 декември 2011 година, а заинтересираните волонтери апликациите може да ги достават директно во канцелариите на Организација на жените на општина Свети Николе или на маил адреса wom_org@yahoo.com. За сите дополнителни информации Ви стоиме на располагање. Контакт лице Јасмина Трајчева.

 

Со почит,
Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2011 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster