"Ние сме Европејци "
Во рамките на
проектот "Ние сме Европејци" од 15 Април до 8 Мај 2011 година
Македонија ќе биде претставена пред Европските граѓани во 20 Европски
градови во 7 Европски држави (Австрија, Чешка, Франција, Германија,
Италија, Холандија и Полска).
Проектот го реализира Полската Роберт Шуман Фондација во соработка со
фондацијата Конрад Аденауер (со седиште во Варшава) и Фондацијата Роберт
Шуман (со седиште во Париз) и е кофинансиран од Европската Унија.
Станува збор за голем Европски проект во кој се вклучени 17 организации
од земји од Европската Унија и 6 организации од земјите од Југоисточна
Европа. Партнер на овој проект од Македонија е Организација на жените
на Општина Свети Николе. Наши "амбасадори" ќе бидат Александар
Богатинов од Свети Николе и Анета Спасеска од Скопје.
Целта на проектните активности е да ги запознае
граѓаните на Европската унија со современата реалност на
(потенцијалните) земји-кандидатки од Југоисточна Европа и нивните
потенцијали како идни членки на Европската Унија вклучувајки ја тука и
Република Македонија.
Проектот "Ние сме Европејци" има намера преку директни контакти и
меѓукултурен дијалог да стимулира Европска дебата за придобивките и
предизвиците на идното проширување на Европската Унија и да им понуди на
Европските граѓани избaлансирани информации од прва рака за современата
состојба и долгорочни промени во земјите од Југоисточна Европа. За таа
цел ќе се реализираат две 17-дневни Евротури во 2 мини-автобуси со по
еден претставник од 6 земји од Југоисточна Европа (Македонија, Албанија,
Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Србија) кои ќе имаат
промотивни активности пред граѓаните од Австрија, Чешка, Франција,
Германија, Италија, Холандија и Полска. Промотивните активности ќе се
спроведат како во мали градчиња со неколку илјади жители, така и во
големи метрополи со преку милион жители: северната евротура почнува од
Варшава преку Берлин до Париз и назад до Варшава, а јужната почнува од
Варшава преку Салзбург до Рим и назад до Варшава.
Промоцијата ќе се одвива преку различни активности како од формален така
и од неформален карактер (дебати, конференци, средби со локалната
заедница, локални авторитети, политичари, претставници на невладини
организации, новинари)
Промотивната турнеја завршува во Варшава со меѓународна конференција за
проширувањето на ЕУ на која ќе присуствуваат 100 претставници на
невладини организации, политичари, експерти и новинари. Оваа серија на
меѓународни настани ќе заврши со претставување на проектот и земјите
учеснички на традиционалната Европска Шуман Парада по повод денот на
Европа која ќе се одржи во Варшава - престолнината на идната земја
Претседавач на Европската Унија, Полска.
Повеќе информации за проектот може да најдете на:
http://www.schuman.pl/we-are-europeans-project-description
Организација на жените на општина Свети Николе