english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

„Живот без насилство –право на секоја жена-2“

Во рамките на проектот Живот без насилство – право на секоја жена-2 финансиски поддржан од UNIFEM (агенција на ООН), Организација на жените на општина Свети Николе по втор пат реализира активности од областа на заштита од семејно насилство. Овој проект е продолжение на минатогодишниот и преку него се обезбедува бесплатна правна и психосоцијална помош на жени жртви на семејно насилство (преку пишување на: тужби, жалби и др. писмени поднесоци) и пружање на дирекна помош на жртвите преку плаќање на судските трошоци за поднесување на писмените поднесоци во основните судови.

Во проектот освен пружање на бесплатна правна помош за жени жртви на семејно насилство од општина Свети Николе и општина Лозово се предвидени и други проектни активности кои треба да се реализираат во период 1 Април -30 Ноември 2011година , а тоа се: одржување на 5 едукативни работилници , 4 работилници за жените од 4 рурални средини од општина Свети Николе и општина Лозово ( Пеширово, Ѓуѓанци , Дорфулија и Милино) и 1 едукативни работилница за жените ромки од општина Свети Николе. Н аовие работилници ќе се дистрибуираат флаери со цел зголемување на свеста кај жените за достапноста на бесплатните правни услуги и запознавање со законската регулатива преку која се обезбедува соодветна заштита на жртви на семејно насилство. Во рамки на проектот ќе се организира и еднодневна средба/работилница со 14 преставници од 7 НВО (членки на национална мрежа за борба против семејно насилство) каде ќе се презентира Кодексот за прием на жртви на семејно насилство.Овој Кодекс кој беше изработен минатата година од преставници од релевантни институции кои го третираат проблемот семејно насилство и целта е да се презентира пред другите НВО како добра практика на локално ниво.

     

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2011 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов