english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

НА МЛАДИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА
ЗА ВОЛОНТЕРИ ВО ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ / ОРГАНИЗАЦИИ!!!

Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) започна со имплементација на проектот „Локален Волонтерски Сервис“ во соработка со 5 невладини организации односно Волонтерски Инфо Точки (ВИТ) и тоа СППМД - Кавадарци, Младински совет - Охрид, Агтис - Прилеп, Институт за развој на заедницата - Тетово и Организација на жените на општина Свети Николе.

Со цел развој на квалитетен систем за волонтерски менаџмент и придонес во решавањето на проблеми во локалните заедници проектот предвидува мобилизација на волонтери и развој на волонтерски позиции во општински администрации, правосудни органи, државни органи и агенции, како и во невладини организации кои работат на заштита на човекови права и со маргинализирани групи. Потенцијални волонтери во овој проект се граѓаните со посебен акцент на младите невработени лица.

Рокот за пријавување е од 1 до 10 декември 2010 година, во канцеларијата на Организација на жените на општина Свети Николе или на e-mail:      wom_org@yahoo.com

Од реализацијата на проектот во 2010/2011 се очекува да бидат обучени 50 волонтери и 50 претставници на институции во областа на волонтерски менаџмент, да се креираат и реализираат 50 волонтерски места при што ќе се опфатат над 3000 корисници на волонтерските услуги (граѓани) во 6 општини.

За сите волонтери е обезбеден надоместок за покривање на трошоците за пат и исхрана.

Проектните активности ќе придонесат за имплементација на Законот за волонтерство во РМ донесен на 2 јули 2007, со што се овозможуваат нови пристапи за организирано волонтирање. Целта е да се надминат поранешните состојби на непланско и неорганизирано волонтирање кога волонтерскиот труд не беше ценет и најчесто беше поистоветуван со неплатен труд или губење на време.

Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy ( www.ned.org ).

За дополнителни информации Ви стоиме на располагање – 032 444 620 или 071 505 814 и jasmin.traj@gmail.com 

превземи ја пријавата овде (136 КB)

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2010 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов