english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

„Бесплатна правна помош и судско застапување од страна на адвокат за жени - жртви на семејно насилство“

Во рамки на заедничката програма на UN агенциите “Зајакнување на Националните Капацитети за спречување на семејното насилство”, Организација на жените на општина Свети Николе е носител на проект финансиски поддржан од UNIFEM преку кој обезбедува бесплатна правна помош и судско застапување од страна на адвокат за жени - жртви на семејно насилство.

Во рамките на проектот како проектна активност е одржан еден дводневен семинар со претставници од релевантни институции на локално ниво (Полиција, Центар за социјална работа, Судство, Обвинителство, Здравство, Образование и Локална самоуправа) како и претставници од НВО секторот. На семинарот покрај зајкнувањето на механизмите за соработка помеѓу граѓанските организации и институциите кои нудат заштита на жртви на семејно насилство, се изработи и Кодекс за постапување и однесување при случај на пријавено семејно насилство. Кодексот претставува инструмент преку кој на поефикасен, поефективен и побрз начин ќе се решаваат случаите на семејно насилство на локално ниво.

Изработен е флаер кој има за цел зголемување на свеста кај жените за достапноста на бесплатните правни услуги и запознавање со законската регулатива преку која се обезбедува соодветна заштита на жртви на семејно насилство.

Преку едукативни работилници, жените од селата Горобинци, Ерџелија, Црнилиште, Мустафино, Кадрифаково и Амзибегово се запознаат со законската регулатива преку која се обезбедува соодветна заштита на жртвите од семејно насилство и санкција за сторителите, како и за можноста за добивање на бесплатна правна помош која ја пружа канцеларијата во рамки на Организација на жените на општина Свети Николе.

Преку ТВ емисии граѓаните од општина Свети Николе се информирани за работата на канцеларијата и услугите кои ги обезбедува, како и податоци за оваа проблематика од релевантните институции.

 
     
 
     
 
     
 
     
 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2010 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов