english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

Организација на жените на општина Свети Николе е носител на проектот “Заедно - за живот без насилство” финансиски поддржан од UNDP и е дел од заедничката програмата на UN агенциите “Зајакнување на Националните Капацитети за спречување на семејното насилство”.

Во рамки на проектот беа реализирани 6 тренинг обуки на тема “Јакнење на капацитетите на припадниците на МВР и локалните власти за борба против семејното насилство” во општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Куманово, Кавадарци, Тетово и Битола. На тренинг обуките учествуваа претставници од МВР и релевантните институции на локално ниво (центар за социјална работа, локална самоуправа, здравство, судство, образование, обвинителство, НВО).

 

Теми кои беа разработувани на овие тродневни тренонг обуки се:

  • Дефиниција, динамика и последици од семјното насилство

  • Законската рамка во Р.М. што го третира семејното насилство

  • Фактори и причини кои влијаат на семејното насилство

  • CEDAW конвенцијата

  • Презентација на британскиот МАРАК модел

  • Целта на овие тренинг обуки е зајакнување на капацитетите на претставниците од релевантните институции во превенција од семејно насилство, запознавање на учесниците со британскиот МАРАК модел и пилот воведување на овој модел во овие 6 општини за работа при третирање на случаите на семејно насилство со висок ризик.

     

    Во рамки на проектот изработени се 1200 брошури, 1400 лифлети и 120 постери, кои содржат едукативни пораки за подигање на свеста кај населението за пријавување на семејното насилство и за можноста за добивање на соодветна заштита. Креиран е и информативен џингал кој ќе биде емитуван на националните радио станици во Македонија.

     
         
     

    Организација на жените на општина Свети Николе

     
     

    прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
    © 2003-2010 Организација на жените - Свети Николе.
    Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов