македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Трибина за испитување на потребите и проблемите на жените од село Кадрифаково

На 15 септември со почеток во 18 часот во просториите на подрачното основно училиште „Даме Груев“ во село Кадрифаково се одржа трибина на тема ”Надлежностите на Локалната самоуправа – Свети Николе и потребите и проблемите на жените од село Кадрифаково”.Трибината е дел од проектот „Свети Николе – Транспарентна општина”, проект на Организација на жените на општина Свети Николе, дел од програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.

На трибината присуствуваа 11 жени од ова село. Трибината ја отвори Вера Златева и на почетокот ја престави целта на проектот, проектните активности и колку реализацијата на овие проектни активности се важни за жените од општина Свети Николе. Во продолжение жените беа информирани за надлежностите кои Локалната самоуправа ги има согласно законската регулатива со процесот на децентрализација. Посебно беше посветено внимание на надлежностите на Локалната самоуправа во делот на комуналните дејности и тоа за снабдување со вода за пиење, одведување и прочистување на отпадните води, собирање на цврст отпад и неговото транспортирање, јавно осветлување, уредување и организирање на јавен локален превоз, одржување на локалните патишта и улици. Исто така жените беа информирани за надлежностите на ЛС во делот на урбанизмот (рурално планирање, уредување на простор и уредување на градежно земјиште), култура, социјална заштита и заштита на деца, образованието и здравствена заштита. Во продолжение се зборуваше и за облиците за учество на граѓаните во процесот на одлучување за прашања од локално значење, односно покренување граѓански иницијативи, собир на граѓани, референдум, преставки и предлози, јавни трибини и анкети.

 

По излагањето на модераторката беше отворена дискусија при што жените ги искажаа своите проблеми и потреби со кои се среќаваат во секојдневното живеење, а за кои чувствуваат потреба да се надминат заради подобар и поквалитетен живот.

Од дискусијата како приоритетни проблеми жените од село Кадрифаково ги истакнаа:

  • Решавање на проблемот со изградба на надвозник за премин на луѓе и добиток преку регионалниот пат Штип – Велес, бидејќи се случуваат многу сообраќајни незгоди. Досега имале поднесено повеќе иницијативи и на локално и на национално ниво но нема решавање на овој проблем.

  • Неплаќањето на потрошената вода за пиење (во селото имаат водовод но поголем број од жителите на селото не ја плаќаат водата која ја трошат со што се доведува во прашање функционирањето на самиот водовод. Се случуваат чести дефекти на пумпите за вода, а проблем е и неплатената електрична енергија која се троши за работата на пумпите бидејќи не се собираат доволно финансиски средства по основ на потрошена вода.

  • Немањето на локален превоз до Свети Николе е исто така голем проблем бидејќи и за најмала потреба мораат да плаќаат такси превоз кој е доста скап и не може секој да си го дозволи.

  • Немање депонија за комуналниот цврст отпад и организирано исфрлање на истиот, кој претставува исто така огромен проблем особено во летниот период кога се шири и лоша миризба.

  • Во селото нема ниту амбуланта, лекар или медицинска сестра редовно, секој ден па за здравствени услуги житеите мораат да одат во Свети Николе бидејќи матичните лекари им се таму.

  • Во Кадрифаково поголемиот дел од улиците се асфалтирани, но улучното осветлување не ги задоволува потребите на селото.

  • Организација на жените на општина Свети Николе

     
     

    прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
    © 2003-2010 Организација на жените - Свети Николе.
    Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов