македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Теренско истражување во село Кадрифаково

Теренско истражување по проект „Свети Николе – транспарентна општина“, одржано на ден 14/09/2010 (вторник) во село Кадрифаково. Проектот е во реализација на Организација на жените на општина Свети Николе, а поддржан од програмата CIVICA Mobilitas - имплементирана од ЦИРА и финансиски поддржана од SDC.

Состанокот започна во 15:30 часот, а се одржа во просториите на основното училиште во село Кадрифаково. На состанокот беа присутни 6 жители на месната заедница како и преседателот на месниот одбор. На почетокот асистентот на проектот Рахела Ѓоргиева ги запозна присутните со целите на проектот и предвидените проектни активности, а потоа пристапи кон поставување на прашања за профилот на месната заедница.

Месниот совет на село Кадрифаково брои 4 члена, од кои тројца мажи и една жена. Овој состав на месниот совет функционира од мај 2010 година. Месната заедница нема посебна просторија каде што месниот совет ги одржува своите состаноци. Состаноците се одржуваат во училиштето или пак во продавницата во селото.

Во село Кадрифаково живеат околу 200 жители, од кои 10 се во работен однос, 30 сезонски работници, како и 5 регистрирани индивидуални земјоделци, останатото население најчесто се занимава со одгледување на сточарство - крупен добиток, како и одгледување на земјодески култури (пченка, луцерка). Во селото има 5 студенти, 6 средношколци, како и 17 ученици во основното училиште во селото.

 

Село Кадрифаково, секојдневно се соочува со еднодневна миграција, како на жителите од селото во околните градови, така и и од околните села во ова село. Најчесто се работи за миграција на населението кое работи во фабриката во село Кадрифаково. Поради поволната местоположба селото нема проблем со превоз до околните градови, но потешко се снаоѓаат со превоз од Свети Николе до Кадрифаково и Кадрифаково – Куманово.

Проблеми со кои се соочуваат жителите на месната заедница се:

  • Проблем со канализацијата во селото;

  • Проблем со наплатата за користење на водата;

  • Излевање на отпадната вода од фабриката Агролон, врз цевките на селскиот водовод;

  • Вклучување на село Кадрифаково во системот на Брегалница за наводнување.

  • Најголем проблем на жителите од оваа месна заедница е непостоење на никакава патна сигнализација за ограничување на брзината на возилата на магистралниот пат. Жителите на ова село имаат потреба од поставување на знак на патот кој кажува дека во близина се наоѓа населено место. Поради овој недостаток многу често се случуваат сообраќајни несреќи, кои најчесто завршуваат со жртви. Исто така селаните не се задоволни од односот со патролната полицијата, бидејќи често пати се казнувани поради преминување на стоката на патот, но селаните велат дека немаат друг пат каде ќе можат да се пренасочат. Како единствено решение на овој проблем жителите гледаат во изградба на надвозник на патот.

    Населението за важни активности и случувања во селото најчесто се информира од меѓусебната комуникација помеѓу жителите, како и со писмено известување пред селската продавница.

    Жените од оваа месна заедница се најчесто домаќинки, кои покрај извршувањето на домашните обврски, помагаат на своите мажи околу работата со стоката, земјоделието и слично. Тие досега немаат покренато некоја заедничка инијацијатива за решавање на локален проблем, но секако ја даваат својата подршка кога се работи за покренување на заеничка инијацијатива на селото за решавање на некој нивен проблем.

    Жителите на Кадрифаково не се многу задоволни од постоечките услови за живот. Тие смеетат дека поради добрата местоположба на селото, опшината треба повеќе да вложува во селото.

    Во селото непостои никакви услови за културно - забавен живот на младите, поради тоа жителите од оваа месна заедница имаат потреба од изградба на едно игралиште, каде младите ќе можат да поминуваат дел од своето слободно време.

    Улогата на Локалната Самоуправа врз месната заедница е голема. Жителите на село Кадрифаково седниците на Советот на Општина Свети Николе ги следат на локалната телевизија.

    Во селото има интернет и можност да се следат локалните медиуми.

    Организација на жените на општина Свети Николе

     
     

    прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
    © 2003-2010 Организација на жените - Свети Николе.
    Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов