english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

Трибина за истражување на потребите и проблемите на жените од село Црнилиште

Организација на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот „Свети Николе – Транспарентна општина“, поддржан од програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC, на 01.06.2010 година со почеток во 20 часот во село Црнилиште оддржа трибина за испитување на потребите и проблемите на жените од ова село.

Трибината ја отвори помошник координаторот на проектот г-ѓа Фросина Мишева, која ги претстави целта и активностите на проектот, како и неговото значење за жените од општина Свети Николе. Од страна на модераторката, првенствено, присутните на трибината беа информаирани за надлежностите на Локалната самоуправа согласно постоечките Закони и акти за децентрализација, а во областа на комуналните дејности, урбанизам, рурално планирање и уредување на простор, култура и институционална и финансиска подршка на културни установи, социјална заштита и заштита на децата, остварување на права од социјална дејност, образование, здраствена заштита и друго.

 

По презентирањето на надлежностите на Локалната самоуправа со процесот на децентрализација, се разви дискусија помеѓу присутните жени за приоритетните проблеми и потреби со кои се соочуваат жените од ова село. При тоа поголемиот дел од нив беа согласни и ги истакнаа истите приоритети и проблеми од секојдневното живеење. Акцент се става првенствено на непостоењето на канализациона мрежа и централна селска депонија. Се уште секоја куќа си има сопствена септичка јама во дворовите и не ретко во близина на сопствените бунари од каде користат вода,а цврстиот отпад жителите го фрлаат кој каде ќе стигне, па сите приоди кон селото изгледаат како мали депонии. Во селото ниту една улица не е асфалтирана, што и создава значителни проблеми на жителите, особено во врнежливи и зимски денови, а дополнителни проблеми и создава и патот Црнилиште – Сарамзалино кој не е асфалтирано само околу 1 км, а е доста фреквентен и од голема значење за жителите од Црнилиште, но и околните села. Особено важен и итен проблем за решавање е училишната зграда во селото, која од како е изградена од 1924 година и со клупи донесени од 1927 година воопшто не е реновирано, па условите за настава во ова училиште се катастрофални и безбедноста на учениците е загрозена. Исто така е евидентна и потребата од адаптирање на една просторија во училиштето за детска градинка за деца на возраст од 3-6 години, бидејќи ова е единствено село во општината со зголемен број на деца и реално постои потреба од дневен престој за деца од предшколска возраст. Досега се аплицирани неколку проекти од страна на месната заедница за изградба на ново училиште со игралиште, но од сето тоа само е израмнет теренот за игралиште, донесено е песок и ништо повеќе. За младите од селото потребно е одржување на едукативни работилници, бесплатни курсеви за компјутери и странски јазици како што во моментот се одржуваат во градот, место за пинг понг и други спортски активности и др. Уште еден проблем со кој се соочуваат жителите на ова село, а евидентирано и во другите посетени месни заедници е нередовната посета на лекар, медицинска сестра и аптекар. Во селото постои амбуланта, но во неа прегледи и интервенции се одвиваат само во петоците, па жителите бараат присуство на здравствената екипа секој ден барем по два часа. Во селото немаат проблеми со водоснабдувањето и имаат чиста вода за пиење која редовно се испитува, а тоа пред се се должи на добрата желба на селаните кои заеднички со финансиски и материјални средства самостојно го поставиле водоводот пред повеќе години и функционира одлично. Жените од ова село цврсто се решени во иднина повторно да превземат и покренат заеднички иницијативи за надминување на нивните проблеми и потреби во селото, а со тоа и да ги подобрат условите за живот во нивната месна заедница.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2010 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов