english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

Практики за потранспарентно, поефикасно и поотчетно владеење

На 24 и 25 јуни во конференциската сала на ресторан Лотос во Свети Николе се одржа работилница на тема: „Практики за потранспарентно, поефикасно и поотчетно владеење“. Оваа работилница е во рамките на „Проектот на УСАИД за транспарентно владеење“ во реализација на НВО Инфоцентарот, Центар за граѓански комуникации и ЕХО, кои во текот на Mај и Jуни 2010 година, организираат работилници за подобрување на практиките за отчетно, ефикасно и транспарентно владеење во партнерските општини: Штип, Струмица, Свети Николе и Виница. Целта на овие работилници е претставниците на локалната власт и локалната адиминистрација да се запознаат со принципите и практиките за одговорно, отчетно и транспарентно владеење, со можностите за вклучување на граѓаните во креирањето и спроведувањето на локалните политики, како и со процесот и алатките за комуникација со јавноста. На оваа работилница присуствуваа претставници од сите сектори и одделенија во рамките на Локална самоуправа Свети Николе.

 

Првиот ден од работилницата на присутните им беа презентирани добиените резултати од спроведената анкета за „Истражување на актуелните практики во општините од Источна Македонија, Свети Николе“ и беа презентирани начини на вградување на антикорупциски механизми во работата на општината и можности за вклучување на граѓаните во креирањето и спроведувањето на локалните политики. Вториот ден од работилницата беше во насока на комуникација со јавноста (процес, алатки, начини, можности), препораки за позитивни промени во Локалната самоуправа и изнаоѓање начини за спроведување на препораките и промените.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2010 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster АлексанДАР Богатинов