english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

Трибина за истражување на потребите и проблемите на жените од село Амзабегово

На 24.06.2010 година со почеток во 2030 часот во подрачното основно училиште „Даме Груев„ с.Амзабегово се одржа трибина на тема: „Надлежности на Локалната Самоуправа - Свети Николе и потреби и проблеми на жените од село Амзабегово “. Трибината е дел од проектот „Свети Николе – транспарентна општина“, проект на Организација на жените на општина Свети Николе поддржан од програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.

На трибината присуствуваа 16 жени од ова село. Трибината ја отвори координаторот на проектот г-ца Јасмина Трајчева, која ја претстави целта на проектот, проектните активности и важноста од реализирање на вакви проектни активности за жените од општина Свети Николе.

Од страна на модераторката присутните на трибината беа информаирани за надлежностите на Локалната самоуправа согласно Законската регулатива со процесот на децентрализација. При тоа жените беа информирани главно за надлежностите на Локалната самоуправа во насока на комунални дејности (снабдувањето со вода за пиење, одведување и пречистување на отпадните води, собирање, транспортирање и постапување со комуналниот цврст отпад, јавното осветлување, уредување и организирање на јавен локален превоз, одржување на локалните патишта и улици), урбанизам (рурално планирање, уредување на простор и уредување на градежно земјиште), култура (негување на фолклор, обичаи, старите занаети, институционална и финансиска поддршка на културни установи), социјална заштита и заштита на децата (отварање на градинки, грижа за деца без родители, подигање на свеста на населението во повеќе области, остварување на права од социјална дејност и воспитување на деца од предучилишна возраст), образование (основање, финансирање и администрирање на основните и средните училишта, организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови), здраствена заштита и друго. Исто така присутните на трибината се запозна и со облиците за учество на граѓаните во процесот на одлучување за прашања од локално значење, односно граѓанска иницијатива, собир на граѓани, референдум, претставки и предлози, јавни трибини и анкети.

 

По излагањето од страна на модераторот се разви дискусија на која жените ги искажаа своите проблеми и потреби со кои се среќаваат секојдневно, а кои треба да се надминат за да се подобри животот во нивната месна заедница.

Од дискусијата како приоритетни проблеми со кои се соочуваат жените во с.Амзибегово се истакнуваат:

- Немање амбуланта – Во ова село немаат објект каде би се давале услуги од примарното здраство па жителите мора да одат до градот за преглед или терапија понекогаш и по три пати во денот. Поради лошата социо-економска состојба, не сите жители може да си дозволат ваков лекарски третман. „Нема секој средства по два пати во текот на денот да плаќа такси за да става инјекции ако има потреба за тоа“.

- Недовршена канализација – Поставувањето на канализацијата во селото е започната и по сите главни улици во селото е поставена но ниту една куќа не е приклучена на канализацијата бидејќи работата е стопирана поради тоа што нема направено прочистителна станица за фекални води. Фекалиите сеуште одат во јами кои ги има во секоја куќа, кои не се направени по некакви стандарди, а веднаш до нив се наоѓаат бунарите од кои луѓето пијат вода.

- Неисправна вода за пиење – Во ова село има водовод, но жените истакна како проблем дека водата од водоводот не била исправна, не се испитува редовно и не се прочистува.

- Патишта – Во селото состојбата со асфалтирани улици е катастрофална. До сега има само една асфалтирана улица која минува низ селото, но во моментов и таа не е за употреба поради ископите за поставување на канализација. Кога има поголеми количества врнежи жителите не може да се движат по улиците кои се целите во кал.

- Проблеми на младите - Во селото не постои младинска организација или место каде младите ќе може да се собираат и разговараат за нивните потреби и проблеми, да се едуцираат и забавуваат и да покренуваат заеднички иницијативи за подобрување на нивната состојба во ова село. Младите од Амзабегово имаат потреба од бесплатен интернет клуб, спортска сала, курсеви за компјутери, странски јазици и т.н.

- Вклученост на жените - Жените сметаат дека има потреба од нивно вклучување во месните одбори и други тела каде што се одлучува за важни прашања, се покренува иницијативи или се дискутира за некои проблеми во насока на подобрување на условите за живот во месната заедница. Жените исто така сметаат и дека треба да се превземат активности за подигање на јавната свест кај лугето за меѓусебна комуникација и подобра заедничка соработка за да може заеднички да се реагира и настапува пред локалните власти за подобрување на животот во месната заедница.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2010 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов