english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

Анкета на 1000 жени од општина Свети Николе

Во рамките на проектот „Свети Николе – транспарентна општина“ во реализација на Организација на жените на општина Свети Николе, поддржан од програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC, беше спроведено анкетно истражување на 1000 жени од општина Свети Николе. Цел на анкетното испитување е да се согледа информираноста на жените од општина Свети Николе за надлежностите на Локалната самоуправа со процесот на децентрализација, да се испитаат нивните потреби и проблеми во насока на подобрување на условите за живот и задоволството од постоечките услови за живот. Со анкетата беа опфатени селата: Ерџелија, Мустафино, Горобинци, Сопот, Пеширово, Амзабегово, Црнилиште, Кнежје и градот Свети Николе. Сумирањето на резултатите е во тек.

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2010 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов